Војната на патиштата

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
ДОБРО, ФАЛА БРАТ ЗА СЛИКАВА
Сфати го ко кампањата на мвр, вакви слики малце повеќе ја будат свеста и те тераат да се замислиш


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711

:motorce::motorce::motorce:Пуштено на најако со слушалките под кацига, неколку линии бело пред да се качиш на мотор, и сите тука има секој семафор на црвено да го фатите. :motorce::motorce::motorce:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Сфати го ко кампањата на мвр, вакви слики малце повеќе ја будат свеста и те тераат да се замислиш
Брат, мене не треба да ми се разбуди свест и да ме тераш да се замислам... ја возам Сузуки од '96 и сум среќен што воопшто вози, често го возам во пијана состојба и повеќе од 50 km/h не кревам...
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Што е поентава на собиров? Ја одбележуваат херојската смрт на некој безмозочен? Каква пропадната генерација...
Не дебилу, не ја одбележуваат херојската смрт, само оддаваат почит кон брат, пријател, познаник кој на трагичен начин го загубил животот. Иначе вакви настани се организираат и во земјава и во странство со години уназад, така да чим го поврзуваш тоа со денешните генерации веројатно сеа од пештера си излегол...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Почит за некој што за малку ќе убиел уште двајца во неговиот успешен обид за самоубиство?
Чудни ви се моралните вредности на новите генерации, нека почива во мир дечкото, ама ова што го направи не е за почит.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Не дебилу, не ја одбележуваат херојската смрт, само оддаваат почит кон брат, пријател, познаник кој на трагичен начин го загубил животот. Иначе вакви настани се организираат и во земјава и во странство со години уназад, така да чим го поврзуваш тоа со денешните генерации веројатно сеа од пештера си излегол...
Да не виделе дека у странство одбележуваат веројатно не би одбележале ни тие со бакљи на булевар. Мора трендови да се следат и на инста да се стави дури и при вакви трагични ситуации. :tapp: И не, на никој начин не е за вакво одбележување, со бакљи, видеа и спектакли, особено ако им бил брат и пријател. А и особено што можел да утепа уште некој, а можеби и оставил некој со траен инвалидитет. Целосно без осет.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.965
Поени од реакции
35.579
Возел 150 на место каде што е дозволено 50, и поминал на црвено.

Не се ситам и на никој не му го посакувам ова, али неговата смрт е превентива за нечиј невин живот шо сигурно ќе го одземал со тек на време. Според некој ланец на реакции сега некоја душа ќе стигне дома после напорен ден од работа, или на некој касното излегување до локалната пекара нема да го чини живот.

Сурово, али вистинито.
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Ок, бакљите и видеата не се баш начин, ама тоа не значи дека не треба да оддадат почит. Како и да е, стварно е многу многу невкусно за умрен човек да се упатува навреди, само ради што умрел во сообраќајка која сам ја предизвикал.

Има логика дека можеби спасил некој друг со неговата смрт, ама луѓе што возат пребрзо ги има еден тон, и доста почесто возат коли него мотори, а колата е далеку понебезбеда за останатите учесници во потенцијална сообраќајка отколку моторот.
Автоматски споено мислење:

Почит за некој што за малку ќе убиел уште двајца во неговиот успешен обид за самоубиство?
Чудни ви се моралните вредности на новите генерации, нека почива во мир дечкото, ама ова што го направи не е за почит.
Не почит за делото, едноставно оддавање на почит кон човек кој го познаваш, а повеќе го нема.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
Возев од Германија до Македонија со кола, можам да кажам дека покрш автопат од српскиот и македонскиот НЕМА!

Не зборам тука само за дупки нерамен асфалт, туку сигнализација, обележаност, тесна помошна лента, премногу остар свиот со тесна патека за исклучување од автопат.

За оној дизајн треба (неписмениот) инженер да се апси или за нестручност поради загрозување на безбедонста во сообраќајот. А ако бил "стручен" тогаш за корупција! Катастрофа невидена!
Хмм, неколку пати се враќав од Германија со кола, пред и по правењето на Грделичка клисура. Пред да ја средат клисурата, патот од како ке влезеш во Србија до кај нас беше лош. Последно што се враќав со кола, лани во Фебруари, од Белград навака патот беше одличен за возење. Им остана само делот од Хоргош до Белград се среди.

Возел 150 на место каде што е дозволено 50, и поминал на црвено.
Би ги плескал по уста овие што викаат, а бе брат, Судбина, така требало да биде. Кога ке седнеш во кола или на мотор, и ке се решиш вака да возиш низ град, веќе не се играш со својот живот, туку и со оние околу тебе. Толку многу ризици имаш, што тешко би можел да се искубеш на таа брзина. Глупи пешаци, пијани велосипедисти, коли што поминуваат на црвено, шофери што не пратат ретровизори. Мотор не би возел низ град ни по прописи, со оглед на тоа какви неписмени шофери има кај нас. Една грешка, дури и не по твоја вина, и идеш директно на асфалт. Ретко некој да познава моторџија кој нема паднато барем еднаш.

Ако сакаш да беснееш за свој ќеиф, повели на автопат во 4-5 сабајле кога нема никој, ни сообраќај ни полиција, па бујрум, ризикувај си го само сопствениот живот. Само што така нема никој да те види и чуе.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Јас овие со моторите и не ги догледувам понекогаш! Се престројувам на лента, пред тоа гледам во ретровизор, нема ништо. После 3 секунди батката прошишува покрај мене. Едвај чекам да биде ладно, да ги снема!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.654
Поени од реакции
38.837
Јас овие со моторите и не ги догледувам понекогаш! Се престројувам на лента, пред тоа гледам во ретровизор, нема ништо. После 3 секунди батката прошишува покрај мене. Едвај чекам да биде ладно, да ги снема!
брат, 3 секунди е многу у сообраќај, треба да бидеш побрз од тоа да не однесеш некого, а и самиот да не настрадаш
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
брат, 3 секунди е многу у сообраќај, треба да бидеш побрз од тоа да не однесеш некого, а и самиот да не настрадаш
У право си, ама јас она 3 секунди онака фигуративно го кажав! Поентата беше дека возат пребрзо и не почитуваат ништо. Ни сигнали ни сообраќајни знаци ни правила и прописи! Се муваат меѓу ленти, меѓу возила.....
А тоа поминување на црвено, ха тоа ни е апсолвирано нас, нашиве браќа санџаклии одамна го практикуваат тој спорт.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Јас овие со моторите и не ги догледувам понекогаш! Се престројувам на лента, пред тоа гледам во ретровизор, нема ништо. После 3 секунди батката прошишува покрај мене. Едвај чекам да биде ладно, да ги снема!
Галамата е прича за себе.
Поминување на семафор како пешак одамна е лотарија во Скопје. На 200 метра од сообраќајкава е еден од најфреквентните пешачки премини во Скопје. Семафорите на Јане Сандански булеварот се ужасно синхронизирани - „за малку“ и многу луѓе газат на гас. Неќам ни да помислам што можело да се случи со инфлуенсеров да пројдел на тој семафор на црвено....така да, од моето сочувство - толку.
На кого не му се живее, нека се фрли од зграда. Ич не мора со себе да носи луѓе у гроб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom