Војната на патиштата

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Таква некоја глупа самодоверба имаат во себе
Им ги упропастил животите на луѓево у колата.
Не се збори така за починати лица, имај малку осет.
Тој е нечиј син, дечко, внук...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не се збори така за починати лица, имај малку осет.
Тој е нечиј син, дечко, внук...
Починато лице е тоа што го снашла терминална болест, а ова е загинат во сообраќајка што ја предизвикал....и како тоа се збори за некој што свесно проаѓа на црвено?

Ти па најде да збориш, што се кљафташ на исчезнати...а ја ти реплицирам со цел памет...
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
дечково буквално свесно решил да се самоубие, возел со трипати поголема брзина од дозволената(50), поминувал на црвено, во градска густо населена и прометна околина,што очекувал ко на гта да прелета...среќа што не убил некоја недолжна и невина личност која си поминувала уредно на зелено на семафор.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
Истото се случува и на Трета Македонска и на Јане, постојано се дуваат со мотори со огромна брзина (а и со автомобили не се поарни). Пред околу месец дена еден со скутер од тие големите ни се пикна ножица на по 5цм од мојот ретровизор и на возилото паралелно од мене, јас возев околу 50, овој возеше минимум двојно побрзо, малку да сецневме без да го приметиме ни сатчија немаше да го состави.

Одмилено ми е да влезам во кола во Скопје, со велосипеди не ебаваат жива сила, со мотори бетер, таксисти и градски превоз исто, лудаци со гољфови мислат дека се на рели и капак на се возачи и пешаци запулени во мобилните небаре се работи за живот или смрт.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
а ја ти реплицирам со цел памет...
xD изглеа не е цел xD
свесно решил да се самоубие
што очекувал ко на гта да прелета
Само едно ќе ви кажам, бесчувствителни говеда сте овде на форумов позади тастатура лесно е да се куца и да се изиграва сообраќаен експерт и детектив.
Десетици илјади луѓе возат 150 по булевариве во Скопје па не умираат, вие фативте да му се ситите на ова младо момче, не ми се верува.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Не се ситиме бе дибек еден, едноставно дечкото сам избрал да вози 150 не сум го терал јас или било кој друг, едноставно на крај подобро он отколку некое невино девојче (сличајот кај силбо) или било кој друг да загине.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Треба малце да се постави и прашањето како возачите на коли, автобуси и таксисти се опасни за возачите на мотори. Возам скутер и буквално скоро секој ден има ситуации кои за влакно би довеле до несреќа. Едноставно никој не те рачуна за еднаков учесник во сообраќајот. Тука е важно и да се напомене дека збориме за човек што не се понаша како дивјак, не се пика меѓу коли (освен на семафор или во поголема гужва). Да не збориме колку пати се има десено намерно да ти одземе предност чисто за да си го потхрани егото.

Исто би требало да се подискутира и за пешаците. Си проаѓаат на црвено и покрај тоа што те гледаат дека идеш и си релативно блиску. Проаѓаат на пешачки без да се свртат уопште дали иде некој. Пред некој ден за малце не удрив еден на пешачки што излета од нигде никаде. Имаше среќа што ми беше прилагодена брзината, иначе не би сакал да мислам што ќе беше.

И да, не оправдувам брзо возење, али треба да се има малце осет дека дечкото не е жив повеќе и треба да се оддаде почит.

И уште нешто, возењето брзо е проблем да, веројатно најлоша навика во сообраќајот, ама има и еден куп работи како проаѓање на црвено, точаци по сред булевар, одзимање предност, невнимавање, демонстрирање на сила и слично.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.401
Треба малце да се постави и прашањето како возачите на коли, автобуси и таксисти се опасни за возачите на мотори. Возам скутер и буквално скоро секој ден има ситуации кои за влакно би довеле до несреќа. Едноставно никој не те рачуна за еднаков учесник во сообраќајот.
Па не си еднаков, што не е јасно?
Исто како што пешаците не се еднакви со вас на мотори или автомобилите со SUV возилата, камионите или автобусите.

По закон треба да се еднакви, на улица и во реален живот владее правилото кој е поголем. Да, сообраќајните правила се тие што се, ама земи вози Polo и барај еднаквост во сообраќај на некој со BMW X5 што тој ден решил да се курчи. Ќе те однесе, око не да му трепне, иако можеби си бил во право.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Па не си еднаков, што не е јасно?
Исто како што пешаците не се еднакви со вас на мотори или автомобилите со SUV возилата, камионите или автобусите.

По закон треба да се еднакви, на улица и во реален живот владее правилото кој е поголем. Да, сообраќајните правила се тие што се, ама земи вози Polo и барај еднаквост во сообраќај на некој со BMW X5 што тој ден решил да се курчи. Ќе те однесе, око не да му трепне, иако можеби си бил во право.
Поентата е дека треба да сме еднакви, и тој е моторно возило и јас сум моторно возило, така?
Примерот што го посочи ми се има десено пред кратко време, си стоиш прв на семафор во средна лента, се пали зелено тргам, за кратко ме проаѓа од десна страна идиот со туарег, а во десната лента паркирани таксисти, со оглед на тоа што возев околу 60-70, во последен момент пројде измеѓу...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813

најубаво да си купиш количе, батали тоа скутери мутери
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.304
Поени од реакции
7.273
Возев од Германија до Македонија со кола, можам да кажам дека покрш автопат од српскиот и македонскиот НЕМА!

Не зборам тука само за дупки нерамен асфалт, туку сигнализација, обележаност, тесна помошна лента, премногу остар свиот со тесна патека за исклучување од автопат.

За оној дизајн треба (неписмениот) инженер да се апси или за нестручност поради загрозување на безбедонста во сообраќајот. А ако бил "стручен" тогаш за корупција! Катастрофа невидена!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
xD изглеа не е цел xD

Само едно ќе ви кажам, бесчувствителни говеда сте овде на форумов позади тастатура лесно е да се куца и да се изиграва сообраќаен експерт и детектив.
Десетици илјади луѓе возат 150 по булевариве во Скопје па не умираат, вие фативте да му се ситите на ова младо момче, не ми се верува.
не си во право... пишав 101 пат, во Уса има многу држави каде за возење 30%+ над дозволена брзина освен парична казна оди и преноќување во Апсаана, како што ги трезнат пијаниците... пишувам за дозволено 40 миљи/ч а возиш 60миљи/ч.... а да возиш 100миљи/ч како нашиве моторџии и други ќе те бркаат со хеликоптер...
Башка има многу држави во светот каде е забрането влегување во град со бесни мотори, ги носат низ град на мали приколки... Кога еден од телохранителите на власта на партизанска згази на пешачки велосипедист со мотор, еден убаво напиша, ТОЈ МОТОР не моѓе да вози помналку од 80км/ч и НЕ МУ Е МЕСТО во градот...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.901
Поени од реакции
10.525
xD изглеа не е цел xD

Само едно ќе ви кажам, бесчувствителни говеда сте овде на форумов позади тастатура лесно е да се куца и да се изиграва сообраќаен експерт и детектив.
Десетици илјади луѓе возат 150 по булевариве во Скопје па не умираат, вие фативте да му се ситите на ова младо момче, не ми се верува.
Дечкото возел неколку пати нагоре надоле и поминувал на црвено
Последица,главата одделена од трупот и мозокот истурен, лесна му земја!
Далеку од тоа дека некој треба да се сити на вакво нешто, се надевам ке се извлечат поуки и малце поише ке се цени животот свој а и на останатите околу тебе

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom