Не си многу млад, (по ников, ако ти е по година на раѓање) да знаеш дека ова е џандарска држава. Тој израз не е случаен и си носи своја, не симболика, туку реална тежина. Стално овде некој некого за нешто го превоспитувал, а како се превоспитуе чоек најлесно - со џандарско силеџиство и насилство. На пример, у бивша Југославија (не СФРЈ, таа првата) повеќе џандари имало у овие граници, него у цела Србија...можеш да замислиш, три пати поголема и по територија и по жители. Од тогаш наваму, животниот сон на поединец му се реализира преку џандарлук.....е сеа зависи, поглупите идат во униформа, а тие со малце поише акал и порасипани идат у тастери, кодоши, информатори исл. Малку од нас се свесни колку џандари имаат околу себе, колку џандари им се фејсбук пријатели, со колку џандари работат у иста фирма...
У таа смисла - гледај ги шо праат и тоа е "дозволено". Да покушаш да се тужиш и докажуваш, си сведочат во корист еден за друг и ти си ебена страна како и да свртиш. А дали имаат право? Веројатно, не. Многу логично е ова што пишуваш - загрозуваат безбедност повеќе отколку што воведуваат ред...ама, на ред не е дојден асален чоек да влезе у сообраќајна, па да разговара за пасивна безбедност, лежечки препреки, камери, даноци со кои ќе оптеретуваат копуците што купуваат коли со голема кубикажа и коњажа и слични мерки за дестимулација. Проблемот кај тие мерки е што не може да се злоупотребуваат или потешко е да се злоупотребуваат од страна на џандарите и истите би функционирале и во време пред избори - кога апсолутно се' му е на секого дозволено и во период кога не се избори, па се полни буџет преку нив. Никој у оваа џандарска држава никогаш не мислел за добро на народ, за безбедност, за иднина - све е само пунење џебови преку стануење џандар. Ако решиле да те реметат, единствен начин да се отарасаш од нив е и ти да станеш џандар - друго нема. Јас дури и овдешните „големи“ криминалци ги презирам, пошо 99,999% од нив се у тешки врски со џандарите и без нив не би функционирале никогаш....нема овде онаа класична борба меѓу криминал и полиција - доколку си го плаќаш процентот, топ не те бие.
Има друга тема на форумов „Сообраќајни прекршоци“ - види таму, све некои „смртници“ тераат правда, ги фатиле без појас, прошле негде, паркирале, а имаше мал милион прегазени, па дури и во сам центар на град - ни казна, ни затвор, ни бутур...