Војната на патиштата

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Зачленете се на фејсбук групиве во Македонија наменети за фан клуб на одредена марка на автомобил и ќе ви стане јасно со какви камикази го делиме воздухот. Речиси секој ден се објавуваат видеа како нивната "љубовница" вози +200км/ч...
Ич не ми е жал за младите што гинат, повеќе ми е жал за невините луѓе. А и тие што преживуваат ваков судир, на душа ги носат младите и верувајте во поголем пекол живеат од самите родители на камиказите.
Тука не можам да кривам ни Шилегов, ни разни пајачиња, туку самите учесници во сообраќајот. На секоја улица постои ограничување, па секој што вози над ограничувањето е одговорен сам за својот живот. Не може полицијата да е присутна на секоја можна улица. Ако сакаат 24/7 надзор на критични улици, тогаш мора камери да стават. Но, и да ги стават тие камери, ваква глупост ќе се случи на друга улица што не е под надзор.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
И да има камери, ќе си продолжат да си шибаат, зар не знаеме како функционираат работите. И да го најдат за да плати казна, оп ќе каже кој му е тате/чичо ќе си најде врски во полиција пошто и така пола држава ни е во полиција вработена, и оп толку од казната, утре пак истата приказна. Или ставај цајкани што стварно ќе запираат 24/7 секој што вози над дозволено, па нека ги праќаат на вибер кај им се локациите битно нека намалат брзина, или напрај патишта да не можеш воопшто да качиш брзина па нека уназадиме кога сите напредуваат пошто си патиме во главата, или забрани автомобили нека има само јавен превоз на секоја минута, автомобили само на автопат, луѓе гинат поради тоа што на некој автомобилот им е играчка а не превозно средство.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Да се разбереме, што ни е за никаде целиот систем, вклучувајќи ја полицијата и судот, за никаде е. Но, вакви работи се случуваат во сите држави и тоа многу почесто од кај нас, а добро знаеме дека за разлика од кај нас, законот таму се почитува. Конкретно мислам на државите како Франција, Германија, Шпанија...

Јас ако барам решение за ситуацијата, единствено би рекол дека уште од градинка секојдневно треба децата да повторуваат "Safety first" пред да си одат дома, па тоа да трае сѐ до 18тата година додека не станат полнолетни. Само тоа може да вроди со плод, кога родителите очигледно не се способни да ги научат на тоа.

Ако нешто може да смени пајакот, тоа е да донесе закон за задолжително уништување на 5та и 6та брзина во секој автомобил, па после тоа да видиме дали ќе лудуваат по улиците. Со секое возење над 120 ќе треба да бараат мајстор :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да се разбереме, што ни е за никаде целиот систем, вклучувајќи ја полицијата и судот, за никаде е. Но, вакви работи се случуваат во сите држави и тоа многу почесто од кај нас, а добро знаеме дека за разлика од кај нас, законот таму се почитува. Конкретно мислам на државите како Франција, Германија, Шпанија...

Јас ако барам решение за ситуацијата, единствено би рекол дека уште од градинка секојдневно треба децата да повторуваат "Safety first" пред да си одат дома, па тоа да трае сѐ до 18тата година додека не станат полнолетни. Само тоа може да вроди со плод, кога родителите очигледно не се способни да ги научат на тоа.

Ако нешто може да смени пајакот, тоа е да донесе закон за задолжително уништување на 5та и 6та брзина во секој автомобил, па после тоа да видиме дали ќе лудуваат по улиците. Со секое возење над 120 ќе треба да бараат мајстор :D
Секогаш ќе се случува меѓутоа кај нас тоа е на рамниште на болест, поготово на лето кога ќе излезат и оние со моторине.

Процесот на казнување со камери може да биде така автоматизиран што ни Меркел да дојде нема да може да ја избрише казната ама кај нас не е проблем дали се може, туку дали се сака.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Збориме за џандарите као да се некои незнајни јунаци, херои, некои што негде гинат, работат....маалскиот лопов, џанак, копук од кладилница шо сте го знаеле до вчера, шо немал друга шанса да се вработи - за тие збориме. Еве денеска ќе примат уште еден контингент такви бараби....па чекајте "резултати" од нив после.
Не треба да почне да работи полиција, туку прво треба да отпушти цела армија таков гамад...па за другото после да праиме муабет.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
16 казни во рок од 6 месеци и пак не му била одземена возачката. Овој во нормална земја ќе лежи затвор.

Ама кога некој ќе му дозволи постојано да го прекршува законот тогаш тешко дека ќе се реши да го почитува законот. Добива казна, ја плаќа, продолжува да вози, значи му дозволиле и така се до 16 пат.
И самите булевари дозволуваат возење со голема брзина.
Со семафори ништо не бива и само може да се спречи со бетонски лежечки полицајци кои не можат да ги извадат, стеснување на ленти итн.

Исто мора и да има се повеќе помали кружни со кои барем малку ќе ги натера да намалат брзина за да идат десно.

Сликата ја најдов на интернет и овој монтажниот готово уште малку и ќе го извадат и ќе го нема. Кој и даде лекарско на овие бе што го откорнале?


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не ги вадат. Фушерски се стаени и се вадат од сообраќај преку нив.
Види ги какви се стари. Ако не се од негде донесени вакви расходовани...подарок од Ќустендил, нешто такво безвезе...

По нормалниве земји обично ставаат по 10-15 поплитки, ама имам впечаток дека се бетонски и те исфрлаат некако, интуитивно кочиш после преминувањето врз нив...
Не помагаат вакви за дебилизмот од 160 на саат со 16 помилувани казни...лоботомија, кастрација, сечење екстремитети...такво нешто...
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Да имавте памет ќе го сфатевте постот. Такви будали секогаш ќе има, за да се избегнат такви случки најпаметно е да има булевар, не е решението дупки да биде улицата.
Епа ај сите улици ќе ги правиме булевари за да можат слободно да си се чаламат. Не е решение промена на инфраструктурата, треба овие луѓе да ги стигне правдата па послем да видиме дали ќе се чаламат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
треба овие луѓе да ги стигне правдата па послем да видиме дали ќе се чаламат.
Кога ќе видиш, за вакви идиоти кај кои што казната не делува - нормален човек по изречена казна би се замислил што прави нареден пат, ова е совршен начин на природна селекција. Лошо е што секогаш страдаат и невини како што пиша некој погоре.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Дечкото 21 година од Батинци со 16 казни ја предизвикал сообраќајката сакајќи да претикне кола, возејќи 160 километри на час во спротивна насока. Другиот од Драчево на погрешно место во погрешно време...

Нека одговараат сега тие што на 16 казни го вратиле пак во сообраќај, бидејќи тој од гроб не може.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Батинци ти е дива лига, секој ден го возам патот! Во тој реон има 30 тина градежни фирми, плус локална мафија .... читај 150-160 бесни коли и деца на газди празноглавци, кои не знаат каков чалам да изведат! Колку пати сум видел деца од 15-16 години со Кајени или Туарези, таму само господ да те чува, све друго е чиста лутрија!
Плус поради семафорите кои имаат чекања за лево, карши Охис и кај Стаклара, десната лента е побрза од левата, све у свему катастрофа во делот до Расадник!
Страв да ти е да застанеш на жолто, прво гледање назад, инаку те однесоа:(
Денеска две патроли цел ден вршеа контрола, после свадба тапани ама па и тоа е нешто.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Пред некое време продавав кола, ај кола ко кола продаваш, се јавуваат луѓе...

Се јавува едно бате во скоро 10 вечер... да не е касно, аман за аман да ја видам, мн ме бендиса на оглас...

иди, му кажав, таму и таму сум... дојде.
ама дојде со син му.

ај што дојде со син му, нема проблем, ама ИМА проблем што одбираше кола за син му, а тој истиот син негов има ЧЕТИРИНАЕСЕТ ГОДИНИ.

На ова парче земја останаа да живеат само болни луѓе, а тие барем малку акал што имаат набрзо ќе го изгубат бидејќи со здрав разум тука повеќе НЕ се функционира. ТОЛКУ.

п.с. до бакал да одите со кола 16 да си ги отворите, не пак на отворен пат или низ некој поголем град.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.342
Епа ај сите улици ќе ги правиме булевари за да можат слободно да си се чаламат. Не е решение промена на инфраструктурата, треба овие луѓе да ги стигне правдата па послем да видиме дали ќе се чаламат.
Не можеш да ги смениш луѓето, но можеш улиците. Сеа што ќе одбереш една улица да прошириш со уште две ленти или луѓе да гинат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom