Треба луѓево да сфатат еднаш засекогаш дека градов не е Gta, дека човекот што ќе го згазиш нема после 2 минути да се реинкарнира, дека со колата кога ќе направиш сообракајќа не може само наназад да се вратиш и да продолжиш со возење, дека после вакви работи нема да се вратиш од последен save...
Градов е тотално небезбеден, секој си прави што сака. секојдневно поминувам на семафорите за пешаци на Партизанска дали кај Хотел Карпош дали кај Силбо, и можам да кажам дека тука има многу будали што не рецкаат тоа што е зелено за пешаци, а црвено за коли. Не збориме да застанат, да видат нема никој па да шибаат, туку директно си цепаат, не гледаат ништо. Така во неколку наврати само тоа што сум кренал глава навреме и сум застанал да го почекам да си пролета, ме спасило да не ме собере, ама јас не можам да гарантирам дека не можам некојпат да се зазборам со некој и да не внимавам, или дека некој друг нема да помине пишувајќи на телефон или занесен непогледнвуајќи на страна туку само гледајќи го зеленото светло за пешаци. Имало многу трагични случаеви, никој памет не му доаѓа, автобус приватен/јсп си цепа на црвено, мотори си цепаат, коли си цепаат, ваљда ги сметаат семафорите кои не се на раскрсница како небитни семафори, не знам што праат, ама нивниот ретардиран мозок некој го кошта живот, а некое семејство завиткува во црно.
Кога сум кај Првомајска, често сум се враќал навечер од таа страна и општи хаос владее, од Драчево до рампа никој не почитува дозволена брзина. Еднаш со такси се враќав, таксистот возеше 120 и цело време ни викаше „упм само џандари да не ме сопрат, дека неам возачка, направив сообраќајка нешо и ми ја земаа привремено“. Ако ти е досадно навечер дур чекаш 41 почни да броиш колку коли поминуваат со брзина над дозволената, целовреме занимација ќе имаш, боја не можеш убаво да видиш од што летаат, а не па регистрација или модел.
Ако сте во кола со другар кој вози, не го буцкајте да убрза дека е прав патот/нема никој. Ако возите вие, не дозволвуајте да подлегнете на буцкањата да убрзате и слично. Почитувајте прописи, потсетете се на тоа дека некој дома ве чека и мисли на вас.