Војната на патиштата

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Таму воопшто нема потреба од надвозник. Прегледноста е феноменална, има семафор, андреин крст, ограничување на брзината од 40 мислам, како што реков, за паметни луѓе сосема доволно.
А, патот не е затворен повеќе од 5 минути кога минува возот.
Секаде треба надвозник каде што се вкрстува железницата. Ова не е новост, наместо да ставаат бронза во скопје можеа овие мртви точки да ги елиминираат.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Секаде треба надвозник каде што се вкрстува железницата. Ова не е новост, наместо да ставаат бронза во скопје можеа овие мртви точки да ги елиминираат.
Кога една Италија, Германија и Швајцарија имаат вакви премини, тоа зборувам за места каде сум имал прилика да одам и да поминам по патишта, што останало за Македонија?
Има една мала, ама многу битна разлика од таму и тука: Возачката култура.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Ако била рампата спуштена, како ја поминал? Ја скршил?
Единствено логично (ако е можно така да се изразам) нешто би било да е рампата долга колку ширината само на десната коловозна лента и иста таква рампа на спротивната лента.Ништо чудно со оглед на нашиот систем на ‘штедење‘.Ама како би одел автобусот дијагонално во толку мал простор за избегнување две рампи...Во секој случај...

Нема рампа таму, само тоа знакчето.
Мислам дека ако имало рампа, ќе почнал да кочи на време, а вака се излажал дека ќе може да го претекне возот.
ИМА рампа.
Овде на сликава е крената, можда ја кренале после несреќата или воопшто не се подигнала, ама црвено светло е уште вклучено.
рампа.png

@Струмикс какви возачи се во СЕ? Лани превртија 30 војници на АРМ, неколку дена претходно празен автобус на Струмица - Радовиш...


2007>(Истото возило од погоре:eek:)
КАЈ ШТИПСКА КЛУЧКА НА ВЛЕЗОТ ВО ВЕЛЕС
Во судир на автобус и "фолксваген" седумина повредени
На влезот во Велес, во близина на Штипска клучка, во неделата околу 17 часот се случила тешка сообраќајна несреќа меѓу автомобил "Фолксваген" со регистерска табличка ШТ 917 ИН и автобус на "Струмица - експрес" Санос со регистерска табличка СТ 737 БЈ. Во несреќата потешко повредени се седум лица. Благица Самаракова (29), Елизабета Мазнева (23) и Фанка Пачемска (51) по укажаната помош во Болницата во Велес биле префрлени во Ургентниот центар на скопската клиника. Во сообраќајката Мазнева се здобила со скршеница на колкот, додека Пачемска здобила повреди на главата и скршеници на рацете и нозете. Двете тешко повредените велешанки биле патнички во моторното возило "Фоксваген" управувано од Ферзи Шабанов од село Тополница, Радовишко.
До сообраќајната незгода дошло кога фолксвагенот движејќи се од Скопје кон Велес, пред сообраќајната клучка, од засега неутврдени причини директно се удрило во автобусот на "Струмица - експрес" управуван од возачот Васе Николов.
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Рампата е отприлика широка колку 1/3 од ширината на коловозот, од другата страна исто толку и 1/3 меѓу рампите :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Кога една Италија, Германија и Швајцарија имаат вакви премини, тоа зборувам за места каде сум имал прилика да одам и да поминам по патишта, што останало за Македонија?
Има една мала, ама многу битна разлика од таму и тука: Возачката култура.
Ете во америка нема ваква аматерска изведба. Треба од некого да се учи или да се чекаат жртви па после да се гради?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ете во америка нема ваква аматерска изведба. Треба од некого да се учи или да се чекаат жртви па после да се гради?
Да бе, на сред рамница ќе се градат надвожњаци подвожњаци...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.964
Таму одамна требало да се стави надвозник, не со семафори и знак стоп на регионален пат.
Изгледа хитлер на бегање ги оставил овие знаци и до сега ништо не е сменто. Затоа железница отиде прва да каже дека шоферот на автобусот бил крив.
Те разбирам што сакаш да кажеш. Треба тоа место да се среди дополнително. Али луѓе сме и како разумни битија со положена возачка секој треба да застане макар и рампа да немало во случај воз да иде. Посебно вака кога некој е одговорен и за 50 луѓе во автобусот. Овој апла курназ се правел и нејќел да чека.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
@Струмикс какви возачи се во СЕ? Лани превртија 30 војници на АРМ, неколку дена претходно празен автобус на Струмица - Радовиш...
Да ти кажам... врска немам за Струмица Експрес. Последен пат со нив (а и воопшто со автобус) сум се возел мноооогу оддамна, можеби уште како студент.
Кој вози, како вози... незнам, ама очигледно камикази.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Те разбирам што сакаш да кажеш. Треба тоа место да се среди дополнително. Али луѓе сме и како разумни битија со положена возачка секој треба да застане макар и рампа да немало во случај воз да иде. Посебно вака кога некој е одговорен и за 50 луѓе во автобусот. Овој апла курназ се правел и нејќел да чека.
Нема човек што не згрешил барем еднаш во животот по патиштата, затоа треба да се намалат можните грешки со доизградба на дополнителни безбедносни градби што би ги направил човек кога има намалена концетрација. Во овој случај за среќа нема загинати но има тешко повредени со можност да станат трајни инвалиди (повреда на кичма). Државата ќе издвојува пари за трајно неспособни лица а наместо тоа може да изгради надвозници и несреќите од овој тип ќе исчезнат.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Ако била рампата спуштена, како ја поминал? Ја скршил?
Тој пат има само 2 ленти, за накај Штип и за накај Велес. Е сега рампите (т.е ако добро приметив на едното видео има рампа само на едната лента) фаќаат само половина пат од едната и од другата страна, па овој паметњакович прекршил 2 правила во рок од 3 секунди. Прво несмее да преминува на полна линија ,бидејќи на тој дел од патот има полна линија, а друго што не застанал на семафор кој сигнализира доаѓање на воз, што е исто како да прошол на црвено во град.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.964
Почина и последниот што се бореше за живот од сообраќајката на патот Прилеп - Битола. Вкупно 7 души загинаа т.е. сите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Порано имаше по весници за железничките премини (кога гинеа пешаци), кога констатираа дека не се безбедни. И што се презеде во врска со тоа?
Ова е сликано кога минувал воз на пат Крупиште-Пробиштип, рампите не се спуштени
http://www.press24.mk/node/88391
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Порано имаше по весници за железничките премини (кога гинеа пешаци), кога констатираа дека не се безбедни. И што се презеде во врска со тоа?
Ова е сликано кога минувал воз на пат Крупиште-Пробиштип, рампите не се спуштени
http://www.press24.mk/node/88391
Треба да загине некој па да преземат мерки. Море дали и тогаш...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Ептен големи рампиве :facepalm:
Screenshot_4.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom