Еден загинат и двајца тешко повредени на патот Прилеп - Битола
Текст: Макфакс
Црна Хроника | 15 декември 2013
Педесет и петгодишниот Ѓоре Саздоски од Прилеп го загуби животот, а 61-годишниот Илија М. и неговиот 27-годишeн син Влатко од Кавадарци, се тешко повредени и се борат за живот по сообраќајката што се случила изутринава околу 8 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на селото Тополчани.
Според СВР Битола, сé уште не е утврдено како точно дошло до несреќата, се знае само дека настанала меѓу моторното возило фолксваген со кој управувал Саздоски и комбето „фиат" што го возел Илија М. Притоа, комбето целосно изгорело.
Полиција, јавен обвинител и истражен судија кој наредил обдукција на загинатиот прилепчанец, моментно вршат увид на местото на незгодата.
Магистралниот пат Прилеп - Битола е затворен за сообраќај и е пренасочен по стариот пат.
Некој коментар имаше на 60 ограничување возеле 150.А реално на тој дел од патот ограничувањето е 100, на не баш прегледна кривина + приклучок со селото...
Прегледај го приврзокот 79555
...а на дел од БТ-ПП и 120.Автопатски ограничувања.