Војната на патиштата

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.132
Поени од реакции
5.240
Избришете ги сите пешачки на булеварите и решен проблем, па у бандери ќе се рокате.
Не треба да се избришат треба да ре-регулира предност на пешачки на булевар и да се стават електронски радари со автоматско принтање казни.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
друже, као да ти кажам и пешаците се учесници и имаат вина. Не можеш ти да истрчуваш на улица каде што се вози со 60 на саат. Поготово каде што се е регулирано со семафори. Нестрпливи пешаци и вжештени глави у кола што не знаат да држат дистанца се опасна комбинација.
Значи не е на сред булевар, на пешачки е, и по никоја логика пред пешачки не се вози со таа брзина.

Каде ве учат вакви муабети бе?
Не ви е срам?

Пешак има предност на пешачки, некој погоре пиша, може тој што префрла е со проблеми, непресметлив.

Ајде ако има предност колата кај одиме да газиме луѓе.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.196
Поени од реакции
35.745
Стварно не верувам дека Цитроенот возел пребрзо бидејќи е многу блиско до пешачкиот. Да возел брзо, какви сака кочници нека има, нема шанси да закочи толку блиско.
На претходниот пешачки ги има удрено. Види ја сликата претходно Ванлок што ја постираше.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Значи не е на сред булевар, на пешачки е, и по никоја логика пред пешачки не се вози со таа брзина.

Каде ве учат вакви муабети бе?
Не ви е срам?

Пешак има предност на пешачки, некој погоре пиша, може тој што префрла е со проблеми, непресметлив.

Ајде ако има предност колата кај одиме да газиме луѓе.
Ти имаш возачка воопшто? Ако ти е зелено ти имаш пас да возиш со дозволена брзина. Се застанува само на црвено ако си на пешачки ако не знаеше.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.132
Поени од реакции
5.240
Добро бе, има и такви што вина гледаат во пешакот?

На сред град, не смее да крене повеќе од 50, друго, на полагање за кола се паѓа ако претицуваш пред пешачки на полна, дури и да менеш само лента ќе те паднат.
Се паѓа ако смениш лента, Партизанска има 3 ленти комотно можело да е у своја лента и едноставно да не ги забележи дека проаѓаат ако е зелено за возила, се дури не било предоцна. Едноставно не ги очекуваш пешаците да ти изникнат кога имаш зелено.

Ви викам, потребна е снимка или официјално соопштение па тогаш, вака само нагаѓаме

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Зелено Црвено Розево какво сака нека е, пред пешачки намалуваш брзина, поготово на пешачки што знаеш дека е прометен. Силбо, Сити Мол, Партизанска/Ленинова. Се друго ти е една нога у затвор.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Ти имаш возачка воопшто? Ако ти е зелено ти имаш пас да возиш со дозволена брзина. Се застанува само на црвено ако си на пешачки ако не знаеше.
Имам, и знам како се застанува.

Ама ако има пешак пред мене па и на сред булевар бил јас нема да го соберам пошо сум имал предност.

И да си чист пред законот на суд може да бидеш крив, ако можеш да одбегниш сообраќајка, мораш тоа да го направиш, не е битно кој бил пред законот во право.

Како поминувате на психолошки тестови со вакво рационализирање?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
овде има семафори друже не е иста ситуацијата.

Вака од оваа перспектива мислам дека тоа возило што било пред овој што ги удрил ги пропуштило пешациве непрописно или тие почнале прерано да се движат на семафорот пред да се упали зелено светло...
Семафорите не го менуваат правилото дека ако на пешачки има застанато возило мора да застанеш и ти.

Најпосле ете теоретски да гледаме, ако пешаците минувале на црвено, тој што им застанал што требало да направи?
Да ги прегази? Да ги удри затоа што имал зелено светло? Таа е логиката? Пошто не е логично да не застанеш, или макар да се обидеш па да не успееш целосно да застанеш, ако гледаш пешак или застанато возило на пешачки а пешакот ти е во мртов агол. Кога гледаш застанато возило, секогаш претпостави дека исто како има пешак (дури и кога нема).

Ако двата возила имале зелено светло, пешаците црвено, кривицата ја гледам во колата што ги препушти и пешаците што воопшто се обиделе да претрчат. Јас сум се наоѓал во слична ситуација што поради непрегледност од возилото пред мене, сум се довел во ситуација многу агресивно да кочам и да спречам сообраќајка.
Повторно, што требало да направи тој што застанал? Да ги удри?

Стварно не верувам дека Цитроенот возел пребрзо бидејќи е многу блиско до пешачкиот. Да возел брзо, какви сака кочници нека има, нема шанси да закочи толку блиско.
Затоа што погрешно претпоставуваш, пешаците се удрени на претходниот премин. Види ја сликата долу... Најпосле ДВАЈЦА ПЕШАЦИ удрил, еден убил а еден тешко повредил, ама не возел брзо? Навистина веруваш дека ова е можно? Не е можно, но и така да е пак е крив - затоа што не застанал кога видел дека другото возило застанува. Како и да е, погледни ја сликата долу.

 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Според информациите од сограѓаните на двајцата млади, целото друштво било на пешачкиот премин, но Викторија и нејзиното момче биле последни, кога врз нив налетало возилото. Неофицијално, возачот поминал на црвено.

 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ти имаш возачка воопшто? Ако ти е зелено ти имаш пас да возиш со дозволена брзина. Се застанува само на црвено ако си на пешачки ако не знаеше.
Имаш и морална и кривична одговорност да намалиш и по потреба да застанеш.
За вас само Обиџуко со пендрекот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Според информациите од сограѓаните на двајцата млади, целото друштво било на пешачкиот премин, но Викторија и нејзиното момче биле последни, кога врз нив налетало возилото. Неофицијално, возачот поминал на црвено.

Ако е ова точно, тогаш паѓаат сите дилеми што се случило - и сите можности дека возачот не е тежок идиот. Едноставно не може да не видиш цела група како преминува пешачки (сеедно на семафорот) плус и друго возило како им застанува.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Иначе дефинитивно најнебезбедна раскрсница на Партизанска е онаа кај Лептокарија. Често се случува средношколците од Гуц, Георги Димитров да имаат голем одмор и да се во двоцифрен број затекнати на семафорите измеѓу на Партизанска каде што нема остров ниту било што каде што може безбедно да чекаат црвено, од страната на Георги школото тие што вртат лево и се приклучуваат на Партизанска за накај Ѓорче колите ја сечат и лентата за точачи и пешачкиот каде што стојат луѓе. За ако сака пешак безбедно да помине треба да е на левата страна на пешачкиот застанат или качен на тревата во средина. Исто има многу сообраќајки бидјеќи во исто време им е уклучено зелено и на тие што вртат лево од Георги страната и за тие што одат право од Борис салата страната, си летаат на зелено не ни очекуваат дека некој од некаде може да дојде.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
друже, као да ти кажам и пешаците се учесници и имаат вина. Не можеш ти да истрчуваш на улица каде што се вози со 60 на саат. Поготово каде што се е регулирано со семафори. Нестрпливи пешаци и вжештени глави у кола што не знаат да држат дистанца се опасна комбинација.
морону, 50км/ч е дозволено, со 60 не фаќаш ЗЕЛЕН БРАН, а и нема кај нас ...башка и на улици со 4 ленти има ставено ограничување 40км/ч и легнати цајкани ( во населба Лисиче)
Шемата е сега чекат да згазат некој на пешачки, да демонстрираат жителите, па да стават легнати цајкани, ете најново населба Железара има мислам 6 легнати цајкани на кратка должина...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Имаш и морална и кривична одговорност да намалиш и по потреба да застанеш.
За вас само Обиџуко со пендрекот.
друже, вие основни сообраќајни правила не знаете тука. Не се намалува брзина нагло, поготово не на фреквентен булевар пошто можеш да направиш удес и некој да те учука од позади.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom