Војната на патиштата

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
12.724
Поени од реакции
14.209
И со Застава може да убие човек, ама шансите се дека Поло нема да го инспирира да се курчи и да дивља по улици (ниту па ќе има сила во моторот лесно и бргу да дига брзина)... На крају краева сите сме биле копиљаци (или сте) и добро знаете дека е подобро помало ауто со послаб мотор. Тие „120 130 коња“ во Цитроенот се сериозна сила. Мотор од 70 коња брзо дига до 100ка, не па мотор од 130 коња... Седни го во Даеву/Шевролет Матиз, па нека стиска педала до крај џабе му е, толку идат тие коли.
 
Последно уредено:

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.032
Поени од реакции
5.665
У тој случај џабе си искочил. Вакво размислување не проаѓа нигде, веројатно и само на форумот го кажуваш. Не е народов тука ментално дораснат да му се поклањаат опасни играчки, не знам како не сфаќаш. Јас кога положив можев да возам каква сакам кола за тоа време односно моите пошто ја нит сум работел нит сум имал пари уштедено, возев југо 55ка 3 години. Тоа ме научи дека колата не е луксуз курч него потреба да те однесе од точка А до точка Б и дека спуштени прозори курчење газење ќе те однесат у затвор или у АД Бутел. Видиш, дечково сега ќе биде нечија кучка неколку години. Кога добиваш се на тацна, незнаеш да цениш. Он е само еден пример, а ги има миљон. Секој ден од истово за влакно се вадат по 1000-2000 куртони низ државава, а сите се на сантиметар од тоа. Од другата страна имаш пешак кој е за влакно у гроб, зависи како ќе му се погоди денот на педерчето размазено што мисли дека се може у животот да направи.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
131
Поени од реакции
261
Член од
19 ноември 2020
Мислења
1.969
Поени од реакции
7.117
Тоа дефинитивно дека имаш разгалени, ја ги викам миленичиња. Ама муабетиве од презир не ми идат у глава, зашто по начинот на кој го кажуваат он утре кога ќе има деца (ако нема моментално) треба цел имот да го донира на црвен крст и они од почеток да градат у спротивно он ќе им остави на децата што се директно коси со она за што он хејта. Ми ја сфаќаш поентата.

Работата е да се исфрлат малограѓанската култура на презир на туѓото.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Не е презир. Искуството ни говори кога на некој несозреан што никогаш за ништо не одговарал му дадеш моќен автомобил се случуваат вакви работи. Еве скоро имаше ситуација 16 годишник со БМВ собра добар хирург на водњанска кој заврши во кома.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
8.953
Поени од реакции
29.272

Делува дека е закочено 2 метра после преминот, не се гледаат траги на кочење. Да возел пребрзо ќе бил застанат далеку после пешачкиот или ќе имало видливи траги од кочење.

Мене ми изгледа дека ги има удрено на претходниот пешачки па ја има однесено до ваму.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
12.724
Поени од реакции
14.209
Мене ми изгледа дека ги има удрено на претходниот пешачки па ја има однесено до ваму.
Телото се гледа дека е на пешачкиот до крајот на бетонот од жардинерата, меѓу правците... Со други зборови не гледам како е можно да не си во право. Ја удрил на претходниот пешачки (гледано наназад во правец накај Вардар) и ја одбил напред и малку на лево. Освен тоа чевлите се на сред раскрсница, не е ваљда дека летнале наназад (ако ја удрил на следниот пешачки премин).

Вака:
1642761687955.png
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.032
Поени од реакции
5.665
Види ја хаубава како е распукана.
Автоматски споено мислење:


Делува дека е закочено 2 метра после преминот, не се гледаат траги на кочење. Да возел пребрзо ќе бил застанат далеку после пешачкиот или ќе имало видливи траги од кочење.
Не возел он пребрзо, она трчала преспоро. Нели?
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
53
Еднаш еден полицаец убаво ми објасни и беше вака: Ти чим управуваш моторно возило (со валидна возачка дозвола) секогаш имаш поголема одговорност и поголема вина пешакот. Зошто ти кога си зимал возачка си приложил и свидетелство и имаш лична карта и имаш 18 години и имаш деловна способност а од другата страна (пешакот) може да биде секој слободен граѓанин во оваа држава без разлика дали има деловна способност или е со нарушена деловна способност или е без истата..
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
10.176
Поени од реакции
22.297
Избришете ги сите пешачки на булеварите и решен проблем, па у бандери ќе се рокате.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
16.564
Поени од реакции
24.324
Мене ми личе токму на ваква ситуација каде вина имат сите возила, вклучително и пешаците.

овде има семафори друже не е иста ситуацијата.

Вака од оваа перспектива мислам дека тоа возило што било пред овој што ги удрил ги пропуштило пешациве непрописно или тие почнале прерано да се движат на семафорот пред да се упали зелено светло. И овој некој зеленаш одма земал да го заобиколи со голема брзина не знаејќи дека има пешаци пред него.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
1.969
Поени од реакции
7.117
Мене ми личе токму на ваква ситуација каде вина имат сите возила, вклучително и пешаците.

Па не баш , овде дава пример во бел ден и пешачки што не е толку забележителен каде од сонцето може и да не се види пешак. Кај нас се случи сообраќајката на раскрсница каде има семафори и знаеш дека е пешачки. И тоа навечер се случила.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
650
Поени од реакции
1.324
Добро бе, има и такви што вина гледаат во пешакот?

На сред град, не смее да крене повеќе од 50, друго, на полагање за кола се паѓа ако претицуваш пред пешачки на полна, дури и да менеш само лента ќе те паднат.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.678
Поени од реакции
6.442
Па не баш , овде дава пример во бел ден и пешачки што не е толку забележителен каде од сонцето може и да не се види пешак. Кај нас се случи сообраќајката на раскрсница каде има семафори и знаеш дека е пешачки. И тоа навечер се случила.
Ако двата возила имале зелено светло, пешаците црвено, кривицата ја гледам во колата што ги препушти и пешаците што воопшто се обиделе да претрчат. Јас сум се наоѓал во слична ситуација што поради непрегледност од возилото пред мене, сум се довел во ситуација многу агресивно да кочам и да спречам сообраќајка.

Стварно не верувам дека Цитроенот возел пребрзо бидејќи е многу блиско до пешачкиот. Да возел брзо, какви сака кочници нека има, нема шанси да закочи толку блиско.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
16.564
Поени од реакции
24.324
Добро бе, има и такви што вина гледаат во пешакот?

На сред град, не смее да крене повеќе од 50, друго, на полагање за кола се паѓа ако претицуваш пред пешачки на полна, дури и да менеш само лента ќе те паднат.
друже, као да ти кажам и пешаците се учесници и имаат вина. Не можеш ти да истрчуваш на улица каде што се вози со 60 на саат. Поготово каде што се е регулирано со семафори. Нестрпливи пешаци и вжештени глави у кола што не знаат да држат дистанца се опасна комбинација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom