Политички случувања во Авганистан

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Интересна работа што ми падна у око е министерството за бегалци. Овие уште и си ги организираат мигрантиве :) Како и да е, за западниов свет не идат арни времиња. Племињава ќе изнајдат начин да не реметат.
Ние почнавме први да ги реметиме, јбг :icon_lol:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.006
Ние почнавме први да ги реметиме, јбг :icon_lol:
Колку што сме ние криви за крстоносните војни, толку сме криви и за реметов. А у суштина највеќе сме го јаделе стапот, и тогаш и сега... Пошто кога племето не може по магарето, удира по самарот.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.185
Поени од реакции
19.263
Овие па овие изгубениве во време и простор кој никој не ги сфаќа сериозно.

Европската унија незадоволна од новата талибанска влада: Таа влада не изгледа инклузивно
„Оваа влада не изгледа инклузивно или репрезентативно, со оглед на богатата етничка и верска разновидност во Авганистан, на каква што се надевавме и каква што талибанците ветуваа во последните недели“, рече портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Питер Стано.

Тој додаде дека ЕУ очекува таква инклузивност и репрезентативност на идната преодна влада.

Во новата талибанска влада нема жени, а меѓу нејзините членови има и оние кои се под санкции на ОН и кои се на листата барани лица во САД.

Сите членови на владата предводена од Мохамед Хасан Ахунд се талибанци, и речиси сите се етнички Паштуни.

Од преземањето на власта во Авганистан, талибанците постојано тврдат дека се промениле, но нивните уверувања наидуваат на сомнеж.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Тешка бламажа на надворешната политика на САД и нивните воени сили.
Со потрошени 3 трилиони долари, настрана редовните буџети секоја година од по 700+ милијарди, настрана имањето на внатрешна петта колона (Северна алијанса, умерени, секакви паравојски), настрана апсолутната премоќ во огнена сила, настрана наемници од цел свет, настрана сојузници од цел свет, на крај, после 20 години, 7.882 мртви вкупно на коалицијата и 35.000 ранети заедно со 66.000 мртви и 200.000 ранети од марионетската афганистанска војска и полиција две децении обучувана, финансирана и опремувана од страна на САД и запад имаме враќање на статус квото од 2001 т.е. триумф на талибаните. На кои им ги наросија очите со непрегледна маса современо америчко вооружување кое падна во нивни раце.

Но тоа е само една перспектива на гледање на реалноста.
Друга е таа што америчкиот (и западниот) воено-индустриски комплекс заедно со секакви фирми за "обнова и изградња" блиски до властите на двете партии во САД се нафатираа манијакално за овие 20 години.
Главна цел на сето ова беше да даночниот долар се слее од државен буџет во приватен џеб, и во тоа америчката елита успеа спектакуларно, можеби како никогаш до сега.

Цела булумента изведувачи, подисполнители, градежњаци, инженери, НГО-а, архитекти, "консултанти", политичари, образовни лица, преведувачи се уштекаа на доларот наменет за афгани рајата демек.
Сите наведени се и тоа како победници во војната. Се убија во земање пари.
Поразени се оние кои се враќаа дома во лимени сандаци или оние кои се враќаа без очи, нозе, раце...и даночните обврзници на земјите кои учествуваа.

Прашањето е дали талибаните ќе продолжат со ненормално лукративниот бизнис со опиум/хероин.
Имаше едно време фотки каде амерички војници ги чуваат полињата со афион.
Или хероинот сериозно ќе поскапи дури не се најде друга локација за негово масовно производство.
Интересно е што Иран, земја која граничи со Афганистан има најмногу џанаци пер капита на светот. Ако им секне доставата на ефтин хероин очекувајте револуција во Иран :angel:
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333

откако си ги натовари милионите у хеликоптерот верувам дека многу тешко му паднало на душата што морал да си замине
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.449
Ние почнавме први да ги реметиме, јбг :icon_lol:
Јас помнам дека им испративме пакети со празни шишиња и ѓубре пред Парламент по повод заминувањето на првите војници на АРМ кои заминаа на мисија во Авганистан, не помнам дали беше во 2002 или во 2003 година, единствено помнам дека протестот се одржа после легендарниот 15 септември 2002, односно дека плавите жолтици беа на власт.

Уште тогаш имаше протести против нашето упикување во туѓи ануси, но малкумина ги зедоа сериозно во предвид.

Можеби сега ќе научат по некоја лекција тие кои си молчеа во тоа време.

Или па ќе си ги соберат парталите и со татарски пасоши ќе си фатат џаде по некои позелени пасишта, само за да си одржат мозоците на пасење на раат како и досега. Ќе ги стигнат и таму мирољубивите бегалци, да им вратат мило за драго.
 
Како 2002/03, па нели сме чеда на Александар Македонски, нели нашите предци биле таму, за шо го истопоривме толкав споменик, биди сериозен, без вакви превиди :D
Нели браќата Хунзи беа од таму :icon_lol:
 
Не беа браќата Хунзи од Пакистан ?

Е добро де, ние сме биле таму со малиот Аце Велики, ама тоа било пред 2300 години, потазе е 2002/2003, допрва ќе видиме за кој период ќе ни враќаат мило за драго.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Овие па овие изгубениве во време и простор кој никој не ги сфаќа сериозно.

Европската унија незадоволна од новата талибанска влада: Таа влада не изгледа инклузивно
Следи - закана дека нема датум да добијат.
Ја мислам тоа и е најбоље на ЕУ да им каже сеа.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
имаме враќање на статус квото од 2001 т.е. триумф на талибаните.
Паа, Талибанците тогаш не држеле ни 70% од Авганистан, сега имаат скоро целосна контрола над цела територија.
Тие трилиони што ги спомнуваш, најголемиот дел се вратени назад во Американската економија, како плати на војници, соработници, производство на оружја и слично. Не се фрлени во вода. Нормално дека дел од нив ќе завршат како профит на корпорациите, но горе долу повторно ќе кружат во економијата.
Во последните години не трошеа дури ни 6-7% од годишниот буџет на армијата така да прашањето е зошто воопшто го напуштија Авганистан? Територија која се граничи со пола население на планетава, 3 нуклеарни сили, една што сака да биди и една во близина, битен дел од идни трговски рути итн, со други зборови доста клучно стратешко место...

Моја претпоставка беше дека ќе соработуваат со кој и да соработуваат таму само да држат неколку воени бази активни.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376

Мислам дека имаа политички притисок и од дома, и од надвор да ја завршат оваа војна. Колку подолго седеа, поголем ќе беше резилот. Инаку последните години и немаа толку жртви, мислам дека година и нешто немаа војник загинато таму, за разлика од други земји каде имаа жртви. Немаше којзнае колку да ги кошта да седеа уште.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.006
Паа, Талибанците тогаш не држеле ни 70% од Авганистан, сега имаат скоро целосна контрола над цела територија.
Тие трилиони што ги спомнуваш, најголемиот дел се вратени назад во Американската економија, како плати на војници, соработници, производство на оружја и слично. Не се фрлени во вода. Нормално дека дел од нив ќе завршат како профит на корпорациите, но горе долу повторно ќе кружат во економијата.
Во последните години не трошеа дури ни 6-7% од годишниот буџет на армијата така да прашањето е зошто воопшто го напуштија Авганистан? Територија која се граничи со пола население на планетава, 3 нуклеарни сили, една што сака да биди и една во близина, битен дел од идни трговски рути итн, со други зборови доста клучно стратешко место...

Моја претпоставка беше дека ќе соработуваат со кој и да соработуваат таму само да држат неколку воени бази активни.
Еден можен одговор е дека можеби се спрема нова војна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom