Воспитување на дете кога живееме во близина на баба и дедо

Член од
16 декември 2021
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво. Јас сум нова на форумов. Се соочувам со проблем каде што моето дете одбива да ме слуша. Родителите на мажот живеаат веднаш до нас. Само што излеземе во ходникот од станот веднаш посакува да оди кај нив. Ако не и дозволам веднаш започнува да плаче. Заборавив да додадам мојата ќеркичка е 2 години. Доколку не можам да и обрнам доволно внимание за време на правење ручек веднаш оди кај нив. Дури и да ја изнесам на лулашки одбива да оди кога ќе излеземе во ходникот веднаш трга кон нивната врата. Нон стоп смислувам приказни како да и одвлечам внимание ама веќе ни тоа не помага. Ве молам за совет. Сето ова ми влијае негативно и ме прави негативна и патетична. Колку и да и посветувам внимание и да си играме повторно е исто.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.763
Поени од реакции
2.894
Некој се би дале да можат барем на саат два да го остават детето кај баба му, а ти се жалиш, јас ете немам кај да го оставам на чување, сегде со мене си го носам, не знаеш колку си привилегирана, можеш на доктор да одиш сама, да си завршиш некоја работа да вадиш документи без да мораш да го мкнеш детето со тебе.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.020
Поени од реакции
11.183
Дали ќе беше обратната ситуација и немаше да ти е проблем доколку твоите родители (наместо тие на мажот) живееа веднаш до вас па одеше кај нив?

Очајна ти даде одличен совет, не се жали и сметај го тоа за привилегија, особено што животот е полн обврски и не знаеш кога ќе ти притреба некој да ти причува дете на 5 минути. Тешки сите да ја имаа таа шанса.

Најверојатно трча кај нив пошто баба и дедо како баба и дедо ја имаат разгалено до максимум па и даваат се' што ќе посака, кога и да посака. Тоа регулирај го во културен и цивилизиран разговор со нив.

Останатото време, радувај се што детето ќе ти расти безгрижно и ќе има кој да пази на него кога ти не можеш (особено ако луѓето се пензионери и се слободни поголем дел од времето) - а верувај ќе дојдат и такви ситуации кога ќе ти треба таква помош.
 
Последно уредено:
Член од
20 мај 2023
Мислења
583
Поени од реакции
2.592
Најверојатно трча кај нив пошто баба и дедо како баба и дедо ја имаат разгалено до максимум па и даваат се' што ќе посака, кога и да посака. Тоа регулирај го во културен и цивилизиран разговор со нив.
Ова!

Бабите и дедовците се попустливи со внуците мноооогу повеќе отколку што биле претходно со сопствените деца. Ги читам на женскион форум членките и имаат цела тема со милион постови за проблемите на снаите и свекрвите. Често у истата може да се прочита дека проблеми искрснуваат кога бабите и дедовците не го "почитуваат" или не го следат воспитувањето на детето што го има зацртано мајката/таткото. Мајката строго му дава морков, а бабата дава Киндер и Милка, и такви слични ситуации. Па од таму и фрустрациите. Дете ко дете, увек ќе одбере чоколадо.
Само што да, некад не размислуеш дали и кога ќе ти притреба помош за детето баш од тие баби и дедовци.

Пример сестра ми има две деца. Кога беа мали многу се разболуваа, ги пуштиле у градинка и гледаш за некој ден ѝ се јавуваат мора да иде да го земе пошто се разболело. У градинка нема ден а некое дете да не биде болно. А она иде на работа, не можеш секој месец боледување да земеш, повеќе дома си отколку на работа. Зет ми идеше на терен у други градови по неколку дена не се прибираше дома. Златна нејзина свекрва и мајка ми ги чуваа секогаш кога беше потребно.
Треба апла да си привилегиран да стоиш добро финансиски да можеш и живот да тераш без да идеш на работа и свое дете да чуваш, да не зависиш од никој.

@newborn биди среќна што имаш луѓе за да ти се најдат за недај Боже. За све останато ќе најдете заедничка средина со бабите/дедовците.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.020
Поени од реакции
11.183
есто у истата може да се прочита дека проблеми искрснуваат кога бабите и дедовците не го "почитуваат" или не го следат воспитувањето на детето што го има зацртано мајката/таткото. Мајката строго му дава морков, а бабата дава Киндер и Милка, и такви слични ситуации. Па од таму и фрустрациите. Дете ко дете, увек ќе одбере чоколадо.
Кај внук ми беше токму со чоколадото маката. :pos: :pos: :pos: :pos:

Влегуваше од врата и викаше „Баба Ладо (чоколадо)“, оти знае дека ќе добие не со толкаво мољакање колку дома да бара кај мајка му и татко му.

Ајде после тетка ми додека се усклади со својата снаа, се изнајаде прдлото ладовци. :angel::angel:

Манипулаторчиња се од мали и точно знаат кај кого кое дугме да го притиснат за да си добијат тоа по што квичат. Можда звучи малце ладнокрвно забелешкава ама така е, треба поставување граници од цело потесно семејство инаку ако го распрдиш до јаја оди после најди му го чарето, ќе цвири 24/7 додека не добие нешто.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.439
Поени од реакции
41.889
земи им го, не го заслужуваат, што имаат некои старци детето да ти го земаат. Исто така и можеш да се разведеш, и цел живот алиментација да земаш.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.334
Поени од реакции
13.190
Здраво. Јас сум нова на форумов. Се соочувам со проблем каде што моето дете одбива да ме слуша. Родителите на мажот живеаат веднаш до нас. Само што излеземе во ходникот од станот веднаш посакува да оди кај нив. Ако не и дозволам веднаш започнува да плаче. Заборавив да додадам мојата ќеркичка е 2 години. Доколку не можам да и обрнам доволно внимание за време на правење ручек веднаш оди кај нив. Дури и да ја изнесам на лулашки одбива да оди кога ќе излеземе во ходникот веднаш трга кон нивната врата. Нон стоп смислувам приказни како да и одвлечам внимание ама веќе ни тоа не помага. Ве молам за совет. Сето ова ми влијае негативно и ме прави негативна и патетична. Колку и да и посветувам внимание и да си играме повторно е исто.
Сржи му на машти да им каже да се преселат. Нема поради него да ги трпиш цел живот.
 
Член од
20 април 2023
Мислења
988
Поени од реакции
2.429
земи им го, не го заслужуваат, што имаат некои старци детето да ти го земаат. Исто така и можеш да се разведеш, и цел живот алиментација да земаш.
Сржи му на машти да им каже да се преселат. Нема поради него да ги трпиш цел живот.
znam deka ste sarkastichni ama sovetive nema da gi sfati kako takvi i kje go jade mazot, ni kriv ni dolzen radi soveti od kajgana forum :icon_lol:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.439
Поени од реакции
41.889
повеќето жени се со тој мозок, птичји да го речам. Им сметало детето што е со дедо и баба. Па има ли нешто боље од тоа со дедо и баба детство да имаш?
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.763
Поени од реакции
2.894
Членкава не е свесна дека има баби и дедовци кои не се баш волни секогаш да чуваат внуци, си шетаат и си живеат свој живот, не се сите баби пожртвувани,како на времето, затоа реков, не знае колку е привилегирана и среќна што ете налетала на такви примероци од баби и дедовци кои сакаат да помогнат.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.777
Поени од реакции
7.411
A ja znaete ovaa finta:

BABOOO mama nishto ne praj da jadammmmmm, gladen sum!

Uh babino shto sakash??
Od toa palachinkite tvoi so eurokrem i sokche ot toa Crnoto (Coca Cola) baboo.

Aj ubavo sega baba...
Автоматски споено мислење:

Здраво. Јас сум нова на форумов. Се соочувам со проблем каде што моето дете одбива да ме слуша. Родителите на мажот живеаат веднаш до нас. Само што излеземе во ходникот од станот веднаш посакува да оди кај нив. Ако не и дозволам веднаш започнува да плаче. Заборавив да додадам мојата ќеркичка е 2 години. Доколку не можам да и обрнам доволно внимание за време на правење ручек веднаш оди кај нив. Дури и да ја изнесам на лулашки одбива да оди кога ќе излеземе во ходникот веднаш трга кон нивната врата. Нон стоп смислувам приказни како да и одвлечам внимание ама веќе ни тоа не помага. Ве молам за совет. Сето ова ми влијае негативно и ме прави негативна и патетична. Колку и да и посветувам внимание и да си играме повторно е исто.
Abe bidi srejchna shto ima nekoj da te odmeni!
Po pravilo odish kaj svekrvati ili i se javuvash i kazhi i NE e jadena i ne davaj te i chokolada i slichnio dodeka ne se najadi.
A den predhodno che si ispazarish shto sakash da i gotvat/davaat i che im kazhish davajte i od ova!

A inache deca zhiveeni so Baba i dedo se 100 pati po socijalizirani od deca gledani vo gradinka i doma!

I nemoj da bidish kako skoro site snai " Taa veshterkata che mi go vospituva...:"
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Абе многу ја нападнавте, чекајте да се доискаже со втор пост, мислам првиот не и се баш убаво напишани работите односно не кажува во што е проблемот.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.335
Поени од реакции
8.899
Абе многу ја нападнавте, чекајте да се доискаже со втор пост, мислам првиот не и се баш убаво напишани работите односно не кажува во што е проблемот.
И јас осеќам дека има нешто за што се нема изјаснето доволно.:)

Инаку по темава, јас и нормално жена ми изгледавме (мислам уште али сега е полесно, поголеми се) две деца сами, без никаква помош, низ кој нервози сум поминал, фрустрации и не знам што, ми страв да се сетам.
Еднаш, поглемиот син имаше околу 4 години, помалиот не ни година, жена ми на сред ноќ доби некој напад, камен на бубрег, и тоа во ниедно време касно во ноќта, нема каде да ги оставам децата, постариов го будам и му викам ајде иди со нас, помалиов едвај се буди нема појма што се случува, го кревам преку рамо и полека со жена ми слегвиме по скали, одеднаш некој нерв ме закачи вкичма, мислам само мислата дека детево го имам на рамо, ме одрржа да не се струполам по скали. Тешко чуство, пукам од нервоза, фрустрации до без крај, животот не си го сакав.
Уште една ситуација, исто поврзана со тој ебан камен на бубрег, јас бев далеку од дома, некој сат и пол возење, исто касно во ноќта, жена ми се јавува и пак истото, болки до небеса, сама со децава, тогаш помалиот немаше ни 5 месеци, и викам на жена ми, немам што да правам, далеку сум, ќе викнам амбуланта, од таму ми се јавува некоја глупача и ме прашува, миљион прашања, и објаснувам, абе не сум дома, далеку сум, инаку не те чекав тебе, дај пушти некој таму. Уште што не ја отерав у пм, а немоќен да направиш било што.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom