Воскреснувањето на A.F.C. Leeds United

Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063

Се започна пред 3 месеци во канцеларијата на Ken Bates.Не беше задоволен од резултатите од
предходниот менаџер Simon Grayson и го отпушти.Аплициравме повеќе кандидати, но тој се одлучи довербата да ми ја даде мене.Навистина изненадувачки, ако се знае дека тоа е моето прво работно искуство.Како за почеток ветив дека ќе пробам да влезам во play-off и дека ќе се борам за влез во 1вата лига.Тоа беше моментот кога сфатив дека имам директор кој воопшто не го сака клубот,туку сака само да профитира преку него.Ми понуди мизерни 300 илјади евра за трансфери и нешто околу 200 илјади евра во плати.Бев разочаран.Мислев дека и тој сака Leeds да се врати на старите патеки.Сепак решив да продолжам да размислувам оптимистички.

Кога влегов во соблекувалната за прв пат видов 20тина играчи кој беа мотивирани да се докажат.Иако сите други вработени во клубот убаво ме пречекаа, сепак по само неколку тренинзи видов дека не работат квалитетно и дека не се на стандардите на еден клуб како Leeds и ги отпуштив.Од асистент до тренер на млади.Сите.Склопив целосно нов тим кој ќе се грижи за тимот.
Моментално мои помошници се :

И така помина 1 месец, ги анализирав играчите и видов кој колку може.Решив на кој позиции ми требаат засилувања и се фокусирав на нивно носење.Нормално морав и да продадам некој, но не сите сакаа да си одат.Сепак им дадов шанса на сите и тие што најмногу ме импресионираа ја започнаа и сезоната.
На пресконференцијата ветив дека мојот тим ќе игра напаѓачки фудбал, и во првите неколку мечеви тоа го исполнив.Тимот имаше 2 убедливи победи, имавме посед од околу 65% а противникот упати вкупно 2 удари кој беа надвор од рамките на нашиот гол.Навистина бев импресиониран од момците, играа одлично иако прв пат играа во мојата 4-2-3-1 формација.Потоа со Њукасл изигравме 1-1, во натпревар во кој игравме одлично и водевме до 91 минута, додека Виган, Скантроп и Шефилд иако беа надиграни имаа повеќе среќа и ме победија.Се на се успешна предсезона со 4 победи 1 нерешена и 3 порази.
Секоја од овие пријателски ми докажуваше точно каде е проблемот во мојот тим.Иако пробав да ги форсирам тие што ги имам, јасно ми стана дека на овој тим му фалат квалитетни бекови и барем 1 квалитетно крило.Geremi од секогаш сум го почитувал како играч и по кратко консултирање со мојот скаут, дојдовме на заеднички став дека овој играч е корисен и би требало да пробаме да го потпишеме.Нормално тој прифати бидејќи сакаше да игра, а јас стартното место му го ветив во договорот(First team player).Иста беше ситуацијата и со Parnaby.Тој сакаше да игра, а јас тоа му го понудив, но клучно беше тоа што ја пополнува дупката на десен бек.Значи од клучните позиции ми останаа уште левиот бек и едно крило.подготовките продолжуваа кога стигна понуда за Paynter од 350 илјади.Нормално дека ја прифатив и парите веднаш ги инвестирав во Sanogo, кого го донесов на позајмица(со можност да го откупам, доколку сметам дека вреди).Иако на многу играчи им понудив договори многу од нив ме одбија, а и многу тимови ги одбија понудите за нивните играчи.Па така јас на средината на август бев ставен во тесно, и незнаев веќе на кој играч да му да премине во мојот тим.Тогаш на сцена стапија агентите, кој ми ги понудија Aronica и Charalabidis, кој беа ставени на трансфер листата и ги земав на попуст.

Август беше месецот кога и дефинитивно заклучив дека овој тим ќе има големи потешкотии доколку Ken Bates не си отиде.Го согледав и ставот на фановите, кој беше многу сличен на мојот првичен(искажан погоре).Човекот не ми дозволи да скаутирам играчи надвор од Европа :eek:.
Џабе ги молев челниците и останатите од бордот, џабе беше и мојот реферат за можноста за заработка преку тие играчи.Следна молба која беше одбиена беше таа за зголемување на бројот на тренери, која едвај ја прифатија и од 6 ги качија на 8, со се тие од младинската школа(кој се 3).Навистина тешки денови.Затоа и решив да го избркам, знаев дека ако тимот биде во загуба, тој ќе мора да го продаде, па така на Aronica му дадов плата од 20 илјади, со кој тимот моментално е 15 илјади во минус(нормално во Јануари ова ќе биде вратено во нормала, но се надевам дека до тогаш навивачите нема да скандираат Bates out , зашто тој ќе биде заминат).

Дојде и тој ден 6.8.2011 почетокот на мојата авантура со Leeds.Burnley-Leeds
Играчите беа навистина мотивирани, со сите од нив се сложувам одлично и навистина ме пречекаа убаво. 4-0 убедлива победа во гости.Нормално и после мечот ги пофалив, а тие тоа го примија одлично.Потоа имавме победа во купот од 1-0, но и посед од 82 %.Иако победивме само 1-0 бев задоволен од играта.Следеше уште еден меч од лигата, сега дома со Peterborough.30000 луѓе ме пречекаа мене и мојот тим.Уште една победа од 4-0.Сепак колку и ова да беше добро имаше и негативни вести. Еден од најперспективните играчи кој покриваше клучна позиција(лево крило)White, скина лигаменти и треба да одмара минимум 4 месеци.Со него се повредија уште играчи и така јас стигнав до биланс од 5 клучни играчи повредени на повеќе месеци.Nunez,Parnaby,Sanogo,Somma,Connolly и Becchio.
Неможев да склопам тим, дури немав ни 7 резерви на клупа.И нормално тука дојде и пад во формата,пораз од Burnsley 1-4,Middlesbrough 0-0, па следеше победа од 2-0 во купот, која и покрај кризата, беше очекувана,и уште 1 нерешено со Hull во лигата.Паднав на 7 место, иако по 2 кола бев прв со гол разлика од 8-0.

Заврши трансфер периодот, сега имаме 10 дена одмор, па продолживаме во битка за првите 6 места.

Да сумираме за првите 3 месеци:Резултатски не сум задоволен, но од играта сум презадоволен и знам дека кога ќе се уигра тимот, резултатите нема кај да бегаат :)
Од трансферите треба допрва да се види, но се надевам дека нема да ме разочараат.

MOT
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Сезоната продолжи во очекуваниот тек.Како што кажав мојот тим ја играше играта која ја барав од него, но веќе од почетокот на септември дојдоа и резултатите.
2-1 со кристал палас,потоа 0-0 со Лечестер и 12 победи по ред(меѓу кој би ги издвоил против милвол дома(6-1) и против ватфорд во гости(2-3 со пресврт во второто полувреме))
За жал 13 утакмица беше кобна(барем за мојата серија).Пораз од 1-0 од Ковентри, со автогол и тоа од капитенот Хосон.Ќе ги убиев сите во соблекувална, имаше се и сешто викање,фрлање предмети...Да не беа асистентите којзнае што ќе направев.По таа серија нормално се наоѓав убедливо на првото место со некој 10тина поени пред Нотингем Форест.Сепак од тука почнаа осцилациите, неможевме да сврземе неколку победи по ред, некогаш и имавме по 2-3 меча без победа.Сепак предноста од 10тина бода беше доволна за водство на почетокот на јануари.Тука дојде и изненадувањето од претседателот,кој ми даде 2.5 милиони да го засилам тимот, но и ми нареди да влезам во 1вата лига, инаку можам да летам.Сепак во секој момент од сезоната бев самоуверен дека ќе го внесам овој тим во првата лига.
За таа цел ги земав Лулич од Лацио за 1.8 милиони,Линганци од Блекбурн и Халиче од Фулам на позајмици.Исто така му ја продолжив позајмицата на Кеог (Andrew Keogh- незнам како да го пишам правилно на македонски) и се комплетираше трансферот на Пуг(Danny Pugh) кој беше договорен уште пред моето доаѓање.Ниту еден не си замина.
Продолживме со сезоната, и иако изгубив во Фа купот од Блекбурн, сепак во Лига купот ме чекаше изненадување.Меч со Манчестер сити.Не очекував дека моите можат да направат нешто повеќе против 100х поскапиот противник па пред мечот им кажав да не се замараат со резултатот, туку само релаксирано да изиграат колку можат.И ми докажаа дека можат.Сити извади 1-1.Да ние не се браневме туку напаѓавме.Имавме посед, игра, водство.Иако шутевите беа на нивна страна многу од нив беа или непрецизни или лесни за бранење.Одбраната функционираше одлично средината ја заврши работата и назад и напред, а Бекио, кој го има(м)в отпишано постигна гол.Игравме супер се до 80 минута кога Џеко ни даде гол од 25+ метри.Штета, сега ќе треба да играме кај нив дома.Во меѓувреме, изигравме 2 меча против Питерборо и Мидлзборо и не победивме(0-0 и 0-1).Играчите беа во криза, тимскиот состанок не вроди со плод, а нас не чека неч со Сити на Етихад.Го извадив најдобриот состав, иако за само неколку дена игравме против Хул, а и водечкото место во лигата ми беше на стаклени нозе.Сепак на 30тина минути пред мечот, кога го здогледав тимот на Сити ми беше јасно дека Манчини не потценил.Тоа беше тим составен од млади играчи кој играат во резервниот тим.Само Бери и Балотели беа од првиот тим.Си реков добро, штом сакаат да ризикуваат нека им.
Мечот почна добро, имавме шанси и игра уште поизразена одколку дома.Харалабидис имаше добра шанса која ја утна и од единствената шанса која ја имаа дотогаш Граѓаните, Бери ни даде гол.Еврогол.Повторно од 25+ метри.Мечот продолжи, и до полувремето иако имавме шанси, немавме реализација, со што остана 1-0 за нив.
Во второто полувреме повторно истата приказна.Ние имаме шанси и шутеви, тие од 1 полушанса ни даваат гол.2-0 за Сити гол на Јаисиен(Yaisien).Јас се откажав од пролаз понатаму но така не мислеле моите играчи.Набрзина 2-2.Хараламбидис и Киог( 57 и 70 минута).Сега ние одиме понатаму поради резултатот. Сепак во 90 минута разочарување.Балотели 3-2.....пропаднав во столчето.Не заслуживме да испаднеме.....3 минути имаше продолжение.3 минути надеж.Манчини ги повлече неговите играчи и ние само кружевме околу.Имавме неколку шута, и излезе корнер.Последна шанса 94 минута.Наместо договореното уфрлување на првата статива Вавринен проигрува кратко со Харалабидис, кој се мести и од косо бие.Топката го зафаќа Савиќ и влегува во гол:vozbud::vozbud::vozbud:
Нашите навивачи ќе го срушеа стадионот.Сакаа да влезат на теренот.Во стилот на Мурињо отрчав и јас кај играчите.Најбитниот гол досега.Фала ти Харалабидис.Дефинитивно човек на мечот.
Заврши мечот, ние одиме во финалето, вкрстуваме со Арсенал.Не ми е битен резултатот таму, битно ми е што на Манчини му се :гомце: во фаца.Џабе му беа сите игри и сите потценувања.LEEDS не се предава лесно.
Продолживме со променливите резултати, бев нонстоп 3 бода пред Форест, додека Вест Хем полека земаше залет.Сепак да завршиме со купот, изгубив 3-0 во финалето, од Арсенал со сите ѕвезди.Никој не беше претерано разочаран зашто и самото играње на финале е одлично.Сеуште не ми е јасно како Форест не успеаа да ме престигнат со толку лоши резултати во лигата.Поради пренабиениот распоред, но и повредите на клучни играчи, морав да играм со бајаги ослабен тим.Нотингем играа со 100% здрав тим, и пак грешеа против послаби екипи.Дојде и дербито против нив.Во првиот дел од сезоната ги победив, но сега беше од поголемо значење.Доколку ме победат, доаѓаат на 1во место, доколку изгубат паѓаат на 3то место, бидејќи Вест Хем не стигна и покрај катастрофалниот прв дел од сезоната.
Првиот удар го зададе гостинот, 1-0 за нив Крис Коен.Иако имавме многу повеќе од играта, топката не не сакаше.На полувремето им реков да продолжат да играат како до сега и резултатот ќе дојде.Навистина сконцентрирано ги слушаа моите совети.Поготово Харалабидис, за кого не верував дека ќе изигра толку квалитетно по слабиот старт.
Само што започна 2рото полувреме Харалабидис израмни на 1-1, а по многуте шанси Снодграс зголеми на 2-1.Во 86 минута ШОК.2-2 неочекувано од 4 шута во рамките 2 завршија позади голманот.Повторно Коен.Тоа најмногу им одговараше на Вест Хем кој ќе дојдеа на 2 место, и на 2 поени од мене.
Сепак Снодграс ме извади.3-2 90+2 :) Се смешка титулата.Останаа уште 10тина кола до крај имам некоја блага предност но не верувам дека ќе ја изгубиме титулата, поготово после водството од цела сезона.
До крај немавме ниту една серија од победи, ниту пак некоја побитна утакмица за да ја пренесам овде.Се беше стандардно.5победи 4 нерешени 2 порази.Доволно за 87 бодови, 4 повеќе од Форест и Вест Хем.Поради гол разликата ние и Нотингем отидовме директно во 1 лига, додека Вест Хем отиде во плејофот(каде не успеа да победи во финалето против Ипсвич).
За следната сезона добив 25 милиони за засилувања и во следното обраќање ќе ги претставам засочувањата.
Истотака ја добил и работата за у23 на Велика Британија, па на 1 септември(кај мене на играта :) ) Очекувајте резултати од олимпијадата и анализирање на трансферите




M.O.T.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Како влеговме во прва лига, така се јавија и инвеститорите.Мојов претседател едвај чекаше некој да му понуди пари за клубот, па затоа и веднаш почна да се довара да го шитне клубот.Јас цел среќен, ќути нема овој да го гледам више, кога тој новиот газда(што патем уште не е дојден во клубот), ќе ме мењал со Меклиш....Ама ајде за тоа покасно.Тргна трансфер периодот, а јас морам да го подобрам играчкиот кадар.Продадов неколку непотребни играчи, а на нивно место по многу преговарање ги земав Кајл Вокер(Тотенхем-4,5м),Бојата(Сити-Позајмица),Бандаловски(ЦСКА Софија-110к),Верати(од 2 тима-2.9 м),Бонгани Кумало(Тотенхем-2,4),Кадлек(Спарта П.-5м),Лачина Траоре(Кубан-8м)Антони Муниер(Ница-6м), и мојот фаворит Џердан Шакири(Базел-9,25м).Освен нив на фри трансфер ги донесов и Карлос Фиеро(Чивас),Јаја Саного(Оксер),Јуси Јаскелаинен(Болтон),Сидорф и Замброта(Милан).
Се на се задоволен сум од трансфер периодот, иако сакав да донесам подобро крило од Муниер.Сепак можеби баш тој ќе ме изненади.
Исто така неможев да најдам асален лев бек, зашто еден од моите главни цели Кајл Нотон, ме одби за да отиде во Џенова:mad:.Во подготовките игравме против солидни тимови и извадивме солидни резултати.Победи против Сион,Скантроп,Атлетико Минеиро и Линфилд, нерешено со Валенсија и порази од Васко и од Келн.На сите играчи од 1 и 2 постава им дадов шанса да се докажат, па затоа и има порази од Васко и Келн.
Сепак почнува премиер лигата, а ние имаме тежок распоред.Во првите 3 кола се среќаваме со Челзи,Евертон и Манчестер Јунајтед, додека во купот се среќаваме со Дарлингтон.

Прв меч Челзи-Лидс 41800 луѓе на Стенфорд Бриџ.Лидс се враќа во елитата прв пат по 2004.Нашите навивачи очекуваат солиден меч против еден од ривалите, челзи сака да ни докаже дека навистина е посилен од нас.
Мечот стартуваше добро.Моите играчи иако изгледаа некако преимпресионирани од Премиерлигашкиот фудбал добро се носеа.Сепак во 29 мин. по едно невнимание на одбраната Красич влезе од десно во 16 и ја пласираше топката во левиот долен агол.Јаскелаинен немоќен.1-0 за Челзи....Челзи продолжи да напаѓа и за малку ќе го зголемеше водството но Јаскелаинен бранеше одлично.На полувремето им свикав малце на играчите да не се плашат и да играат како што знаат и очигледно тоа вроди со плод.Шакири во 76 мин. го постигна првенецот, а мојата супер замена Фиеро го реши мечот во 85 мин.Лидс стартува со победа во Премиер Лигата!
Така мотивирани, го чекаме Евертон на Елан Роуд.Играчите излегоа на теренот некако пресигурни во себе, и покрај тоа што имаа многу повеќе шанси од евертон, изгубија со 3-0.Катастрофа, се вративме на земја и тоа баш пред мечот со Јунајтед.Дербито на годината за нас.
И дури тука го видов правото лице на мојот тим.Тргнавме мотивирано уште од почетокот.Не се плашевме од противникот и игравме пред нивниот гол.Траоре промаши неколку добри шанси, исто и Шакири.Но Нани не го направи тоа.Слободен удар од косо 30тина метри и гол.Сепак и покрај овој изненаден гол на Јунајтед не се исплашивме.Продолживме да ја играме нашата игра.И Шакири даде уште 1 гол :)


Иако се трудевме да дадеме гол до крајот, сепак не успеавме, но и реми со конкурент за титула не е лошо.
Во купот лесно со 3-0 го поминавме Дарлингтон.
Да сумирам, сега за сега сум задоволен од резултатите што ги вадиме,4 бода од 3 утакмици и тоа со Челзи и Јунајтед е одлично.Ако новиот газда ме задржи и даде некое милионче за трансфери во зима, ќе го комплетираме тимот со некој добар лев бек, и тогаш веќе нема да има проблем за опстанок.Се надевам дека Траоре ќе се разигра, зашт камен беше до сега.И последна желба ми е да нема повреди зашто отидов јабана.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Ми се зезна сејфот(т.е. го избришав по грешка) за да стаам повеќе слики, само можам да кажам дека оваа сезона ми беше најинтересна од досегашното играње на ФМ како серијал.Цела сезона сити ми бегаа 10+, на 5-6 кола пред крај почнаа да праат киксови и ги стигнав, а потоа и станав шампион на гол разлика.ЛУДИЛО :)

среќа што сум стиснал принт скрин на почетокот на следната сезона иначе отидов.Пред да се зезна сејвот бев 5 место во англија и на добар пат да поминам група во ЛШ :(
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
требало да зачуваш на неколку места...барем за 1 сезона наназад да се вратиш :/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom