jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 18.574
- Поени од реакции
- 26.098
Ок ти сметаш дека не постои интелегентен живот... валиден став си имаш...Патувањето низ галаксијата е лесно решлив проблем за интелегентен вид. Кога имаш десетици, стотици илјади години на располагање, дури и со 10% брзина на светлината ќе ја освоиш и населиш цела галаксија. Дали ќе бидат генерациски бродови, хибернетски, ворпови, брзина на светлината, небитно. Доколку постоеше интелегентен вид во нашата галаксија пред 5 или 10 или 300 милиони години (нашата планета е стара 4 милијарди години) веројатно ќе ја населеше цела галаксија и ќе ја експлоатираше истата.
Нашиот Сончев систем има или имал барем 6-7 планети или сателити каде живот може да се развие и да опстојува. На Марс веќе бараат дали некогаш постоел живот, а се спремаат мисии и за неколку сателити на Јупитер и Сатурн каде длабоко во океаните на тие сателити се претпоставува дека постојат услови за живот.
По таа логика, околу секоја ѕвезда би постоеле неколку места каде живот би бил возможен. Ако го земиме во предвид огромниот временски период требаше да врие од вонземјани во галаксијава.
Значи, каде се вонземјаните?
Иначе 10% брзина на светлината ти е 1 Милион години да ја пројдеш галаксијава од еден крај до друг.
ОК се согласувам дека имало начин, но ајде да видиме колку трае еволуцијата кај нас. 4 милијарди години... Значи 4 милијарди години од прв микроорганизам до човек, во тие 4 милијарди години речиси и да нема разум. Од тука натаму и и без значителна природна еволуција ќе ја развиваме технологијата. Да речеме дека во догледно време (1000-2000-3000 години не е ништо) ќе бидеме способни за меѓуѕвездени патувања, што значи еволуциската патека од 4 милијарди години нема да се промени...
Сега незнам колку е точно стар универзувмот и кога би можеле да се створат првите услови за живот, но да речеме доколку се десиле пред 8 милијарди години тоа би значело дека постоел интелегентен живот на наше рамниште пред 4 милијарди години. И држи вода дека тие би можеле за 4 Милијарди години да населат цела галаксија. И ние доколку би тргнале од сега, би успеале можда за толку време да ги населиме сите можни светови кои имаат услови..
Така да, не е дека не држи вода и твоето...
Но тоа не ја исклучува можноста дека интелегентен живот постои меѓутоа е многу редок, или се наоѓаме во дел од вселената кај што е редок.