НЛО (Неиндентификуван летачки објект)
Видов дека нема тема која што се однесува конкретно за неиндентификуваните летачки објекти, па отворив сметајќи дека на форумот навистина има потреба од тема како оваа.
Дали верувате дека постојат НЛО-а? Јас лично верувам. Верувам дека некој, т.е. Американската Влада намерно ги крие информациите што ги има за овие познати меѓу нас, летачки чинии. Во едно списание за натприродни работи се говореше за Ареа 51, за која се смета дека е место каде што се чуваат овие објекти, како и наводно дека во истата област се наоѓале и вонземјани. Но се прашувам, доколку има навистина некои податоци за ваквите случаеви, зашто би ги криеле, што би сменило во светот тоа што ќе дознаеме повеќе за овие работи?
Патем, најдов интересен сајт кај кои се прикажани сите регистрирани случаи на присуство на овие објекти од 40-тите, па до ден денешен.
http://www.ufoevidence.org/