Општи вело муабети, прашања, совети

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ќе зимам нов велосипед па имам избор да напрам.
-механички диск кочници
-хидраулика
шо е подобро ? пошто слушнав дека хидрауликава е бајаги скапа за одржување, и ме замисли како човек со ограничен буџет :D
Зависит за шо ќе го користиш точакот. Некоаш се доволни и механички. Но во секој случај хидрауличните се далеку подобри.
Многу е скапо да ги одржаваш по 100 евра на сервис ќе ти земвет:D
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ќе зимам нов велосипед па имам избор да напрам.
-механички диск кочници
-хидраулика
шо е подобро ? пошто слушнав дека хидрауликава е бајаги скапа за одржување, и ме замисли како човек со ограничен буџет :D
Ако имаш доволно пари да доплатиш за велосипед со хидроулични, тоа е вистинскиот избор.

За одржувањето: модерниот планински велосипед е еднакво захтевен како и автомобил. Еднаш годишно си бара сервис на деловите кои функционираат со помош на течности, а тоа се кочниците и амортизерот/амортизерите. Велосипедот не е веќе „качи се и вози засекогаш“ како што беше порано. Си има обврски на кои треба да биде спремен сопственикот, исто како и автомобил.
Ако возиш многу, еднаш годишно е задолжителен сервис на амортизер (1000 до 1500 денари) и менување на глицерин во кочници (можеби 1500 денари).
Ако возиш малку, истиот сервис може да го правиш на 2 години.
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
87
Поени од реакции
95

Другар дај малце просветлиме со хидрауликава :angel: Досега сум немал вакви работи, единствено шо имам возено е v-brake и механички диск.
На колку време отприлика се менува глицерин? Брзо се трошат пакните? Праев муабет со другарче, се пуштал на удолнина некое време, и после вика кочницава не кочи :ROFLMAO:
а уствари се заглеав она "brake bleed", отприлика на колку време се прави и колку чини? Пошто од алат јас имам само 5мм клуч xD
единствено ме интересираа овие работи, и колку пари чинат за одржување.
 
Генерално сите производители на кочници ти препорачуваат во одреден период (да речиме 1 година) да се заменат масло и пакни (во зависнот од типот на кочници кој го користиш). Но непостојт правило на колку време се менвит масло и пакни, све зависит од стилот/типот и средината на возење. Така да ако производителот препорачал да се направи сервис или смена на година дена, то незначит дека мораш баш тогаш да сменит или сервисират, зато шо мојш истите да ги истрошиш за 4 месеци.
Механичките кочници ти дејствуаат на принцип со сајла. Значит од рачката за кочење силата се пренесува преку сајла до клипојте на поставени на роторот а тие ги туркаат пакните и прает триење на роторите, со шо се овозможуват запирање на точакот.
Кај механичките неизбежно е редовно штеловање на сајла, тоа е малце зезнато за почетник, исто поредовна е проверката на пакните.
Хидро кочниците се многу пософитицирани и доста помоќни (имаат многу поглема сила за сторпирање и контрола) него ли механичките. Истите работат на некопресибилен проток на течност/масло, шо значит дека густината останува константа во рамките на една парцела на течност шо ти се движит со брзина на протокот.
На кој начин функционират хидро кочница, преку рачката и цилиндарот (само со многу мало стискање на кочницата се осеќа реакцијата) се доставува течност преку комплетно затворено црево до клиповите а истите ги туркаат пакните и прает триење на роторите со шо се запират многу поефикасно и помоќно точакот.
За идеално добра кочница во рамките на некој зацртан буџет треба да се разгледаат поќе фактори, како големи на ротори, тип на пакни, тип на клипој, цилиндар, рачка и црево.
Истите се поделени на неколку групи и имаш доста варијации кои мојш да ги ускладиш според твојот стил на возење за да го извлечиш максимумот на една кочница. За то објасување отом потом:D шо би рекле, кешки стигни ти до тој степен.
Јас ќе ти речам, ако земаш точак за довде онде доволно ти е и ви брејк, доколку планираш да возиш посериозно и поредовно тогаш е пожелно да инвестираш пари во поквалитетни кочници.[DOUBLEPOST=1472423926][/DOUBLEPOST]Ако сакаш да менвиш течност и да истискаш воздух од системот, тогаш ти треба имбус или торкс, течност/масло, шприц за хидро кочници и инка систем, пластични блокчиња на место од пакните... Но пак ќе речам, зависит од кој производител се кочниците, генерално тука така е процедурата за сите. Зато за мирна гла, ќе си ги однесиш кај сервисер, саглам точкаџија и то е ќе ти ги менат уредно ќе платиш и ајт со зравје.
 
Последно уредено:

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Се си кажа членот над мене, немам многу работи да додадам, освен дека и на механичките кочници ќе треба да менуваш пакни еднакво често како и на хидроуличните, и важно е да се напомене дека цените на пакните се многу слични.

Главен бенефит од хидроуликата е што и денес, и по 3 месеци да стиснеш на кочница, точно ќе знаеш колку ќе кочи, бидејќи конзистентноста е извонредно висока.

Сум возел многу точаци со многу различни типови на кочници. Во моментов возам MTB со хидроулични, и секој нареден велосипед (дури и road bike) ќе биде со хидроулика.
 
acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Ако може некој да го дооговори ова прашање?
Акo се oбични мoжнo е сaјлaтa дa пoшуштилa или пoтпoлнo дa се скине a aкo се хидрaуликa цевчетo сo течнoст мoже дa се супнa дa пуштa вoздух или дa истече течнoстa...
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Дечки ако може мала помош и совет, многу ќе ми значи. Вчера ми се потскина малку внатрешната гума кај ѕиваната, баш во оној дел што е заокружен со црвен круг на сликата. Додека се обидував да ја напумпам со компресор на бензинска, вентилот ми пропадна внатре и на тоа место се поткина. Дали е можно на тоа место да се залепи ѕиваната и да се спаси гумата или ќе мора да ја сменам за нова?
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ако може некој да го дооговори ова прашање?
Немат одговор на ова прашање. Дури и најскапите кочници можно е да откажат. И најскапиот синџир да го клајш мојт да се скинит, истото важит и за сите делови на точакот.

Дечки ако може мала помош и совет, многу ќе ми значи. Вчера ми се потскина малку внатрешната гума кај ѕиваната, баш во оној дел што е заокружен со црвен круг на сликата. Додека се обидував да ја напумпам со компресор на бензинска, вентилот ми пропадна внатре и на тоа место се поткина. Дали е можно на тоа место да се залепи ѕиваната и да се спаси гумата или ќе мора да ја сменам за нова?
Девет десетини од вентилот ти е изработен во метал, една десетина е најдолиот кај шо попират вентилот на дупката од бандажот е гума. Ак е тука скинато немат спас. Вака според опишаново не би требало да имаш гајле, само намести ја повторно и пумпај, пали вози:D
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Девет десетини од вентилот ти е изработен во метал, една десетина е најдолиот кај шо попират вентилот на дупката од бандажот е гума. Ак е тука скинато немат спас. Вака според опишаново не би требало да имаш гајле, само намести ја повторно и пумпај, пали вози:D
Металот не е оштетен, поткинат е само оној дел од гумата што го обвиткува вентилот. Финтата е што гумата издишува од таму, џабе ја пумпам кога повторно издишува. Таму лепенка не помага. Мислев да не има некоја друга финта. Ама очигледно ќе треба да ја сменам гумата.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Металот не е оштетен, поткинат е само оној дел од гумата што го обвиткува вентилот. Финтата е што гумата издишува од таму, џабе ја пумпам кога повторно издишува. Таму лепенка не помага. Мислев да не има некоја друга финта. Ама очигледно ќе треба да ја сменам гумата.
Друже 200 денари е внатрешна гума (имаше на реклама5 лик кој продаваше за таа цена, има и на Зелен пазар кај Жарко, прашај каде е сите го знаат), купи и смени ја но овој пат гледај да го центрираш вентилот на средина на дупката, а не на страна како што веројатно ти бил претходно, за да го избегнеш истиот проблем. :)

Ако може некој да го дооговори ова прашање?
Дај малку повеќе информации: кои кочници се, дали е прв газда на точакот, дали менувал пакни до сега, дали кочниците имаат сменето глицерин во последнава деценија и слично. :)
 
Последно уредено:
Член од
5 септември 2012
Мислења
1.272
Поени од реакции
1.131
Дај малку повеќе информации: кои кочници се, дали е прв газда на точакот, дали менувал пакни до сега, дали кочниците имаат сменето глицерин во последнава деценија и слично. :)
Прашувам за другар он има http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&manufacturer_id=21&product_id=67&sort=p.price&order=ASC&page=3 .. Значи му се случило после некое подолго кочење, кочниците требало да се стиснат повеќе одколку предходно за да почнат да кочат. Точакот е куепн нов пред два месеци нема сменето ништо..
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Прашувам за другар он има http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&manufacturer_id=21&product_id=67&sort=p.price&order=ASC&page=3 .. Значи му се случило после некое подолго кочење, кочниците требало да се стиснат повеќе одколку предходно за да почнат да кочат. Точакот е куепн нов пред два месеци нема сменето ништо..
Кочниците се најефтините Шимано, со прилично неефикасно ладење и поради тоа може да се случи ако ги загрееш, така загреани помалку да кочат. Е сега, замисли ја истата ситуација со механички кочници... Хидроуликата има самоподесувачки клипчиња, и надокнадува автоматски во такви ситуации. Механиката нема ништо самоподесувачко, и ако ти се случи истата ситуација со механичка кочница, отиде в’ендек или во дрво сосе точак.

Да се разбереме, не се семоќни хидроуличните кочници, но се далеку, далеку подобри од механичките. Има неколку механички кочници кои се одлични и цел вело-свет ги признава како одлични, а тоа се TRP Spyre и Avid BB7. Ако им ја погледнеш цената ќе видиш дека чинат колку добри хидроулични.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom