- Член од
- 1 мај 2015
- Мислења
- 477
- Поени од реакции
- 657

Почеток
Во времето на Југославија покрај слободите што ги добива тогашната Македонска Милиција добива можност да формира хеликоптерската единица во 1969 година, првото летало го добива во 1970 година Augusta-Bell AB206AJetRanger II, со тоа Македонскиот Републички Секретаријат за внатрешни работи станува втор полициски оператор на хеликоптери во Југославија, после Словенија.
Главна улога на Хеликоптерската единица била мониторинг на границите на Југославија со Бугарија, Грција и Албанија, хуманитарни мисии се со цел зачувување и заштита на интересите на Македонија. Есента 1972 година, за време на мисија, првиот и единствен хеликоптер бил целосно уништен во инцидент блиску селото Лојање, Шар Планина, Тетовско.
Во 1973 година единицата набавува нов AB206BjetRanger II хеликоптер кој е во служба и до денес. Како резултат на одличното работење во деведесеттите години, единицата ја има добиено и престижната Златна плакета за нејзината работа во сферата на цивилната заштита.


Денес
Одделот за воздухопловни единици на министерството за внатрешни работи на Република Македонија се дели на повеќе сектори:
-Биро за јавна безбедност.
-Управа за безбедност и контраразузнавање.
-Централни полициски служби.
-Eдиница за посебни намени.
-Хеликоптерска единица за полициски намени – Јастреби е опремена со најразлична софистицирана опрема со својата организациска поставеност е во соработка со сите други организациски единици.
Матичната база е во Идризово во која се сместени Bell хеликоптерите, а во базата Петровец се сместени Mil и Hermes 450.
Покрај вингот на АРМ и МВР има учествувано во спасувачка мисија надвор од Македонија во Србија за време на поплавите, мисијата ја имаат извршено успешно а со тоа имаат придонесено многу за Македонија како и за историјата на македонската авијација.
На 18 мај 2014 година во мисијата учествува Mi-17V-5 Hip од единицата за посебни намени како и 12 пилоти и механичарско-инженерски тим и 15 припадници на Единицата за специјални задачи "Тигар" обучени за спасување и помош во кризни ситуации. Сместени на на аеродромот во Белград дејствувајќи во склоп на Хеликоптерската единица на МВР на Република Србија, а мисиите ги изведуваат во реонот на Обреновац, Вукичевица, Крупањ и Скела. Имаат евакуирано 21 лице и превезено намирници (храна, флаширана вода, вреќи за песок, лекови и слично). Мисијата трае до 23 мај 2014 година и имаат остварено голем придонес.
Втора трагедија доживува одредот по падот на транспортен полициски хеликоптер Mi-17V-5 Hip од составот на Хеликоптерската единица за посебни намени. летот требало да се одвива на рутата Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно, во 22.00 часот во реонот на индустриската зона на Струмица удрил во 120 метарски антенски столб по што се урнал на земја, експлодирал и бил проголтан од пламени јазици предизвикувајќи моментално загинување на четворицата врвни воздухопловци кои се наоѓале во леталото.
Намени
Полициските воздухоплови се употребуваат за потребите на Министерството, како и за потребата на други правни и физички лица, во согласност со намената и опремата на полициските летала. Во своето работење полициските воздухоплови се употребуваат за вршење на следниве работи:
· Превоз на луѓе и опрема;
· Трагање и спасување;
· Превоз на ВИП личности;
· Активности во соработка со организациските единици на МВР;
· Извидување и контрола на сообраќај;
· Извидување и контрола на државната граница;
· Извидување, следење, набљудување, документирање и снимање од воздух;
· Маркирање и одбележување на цели од воздух;
· Подршка на полициските сили од воздух;
· Обука, до-обука, тренинг и пробни летови;
За потребите на други корисници, полициските воздухоплови можат да се употребуваат за вршење на следниве работи и услуги:
· Превоз на ВИП личности;
· Превоз на опрема и предмети;
· Испитување и проверка на далноводи, гасоводи и нафтоводи;
· Интервенции на телекомуникациски објекти;
· Заштита на животната средина;
· Медицинска евакуација на повредени лица;
· Превоз на лица заболени од определени болести и на инвалиди;
· Снабдување со храна, лекови, како и превоз на лица и опрема во и од непристапни области;
Леталата кои ги поседува:
1- AB-206B Jet Ranger II

1- AB-212 Huey

1- Bell 412EP Huey

1- Mi-17V-5 Hip

2- Mi-171Sh Hip

1- Elbit Hermes 450 воедно и најмоќен дрон што го поседува Македонија.

Видеа:
Хеликоптерска единица за полициски намени – Јастреби и Единицата за специјални задачи Тигар




Последно уредено: