Воздухопловни единици на МВР

Член од
1 мај 2015
Мислења
478
Поени од реакции
656

Почеток

Во времето на Југославија покрај слободите што ги добива тогашната Македонска Милиција добива можност да формира хеликоптерската единица во 1969 година, првото летало го добива во 1970 година Augusta-Bell AB206AJetRanger II, со тоа Македонскиот Републички Секретаријат за внатрешни работи станува втор полициски оператор на хеликоптери во Југославија, после Словенија.
Главна улога на Хеликоптерската единица била мониторинг на границите на Југославија со Бугарија, Грција и Албанија, хуманитарни мисии се со цел зачувување и заштита на интересите на Македонија. Есента 1972 година, за време на мисија, првиот и единствен хеликоптер бил целосно уништен во инцидент блиску селото Лојање, Шар Планина, Тетовско.
Во 1973 година единицата набавува нов AB206BjetRanger II хеликоптер кој е во служба и до денес. Како резултат на одличното работење во деведесеттите години, единицата ја има добиено и престижната Златна плакета за нејзината работа во сферата на цивилната заштита.

Денес
Одделот за воздухопловни единици на министерството за внатрешни работи на Република Македонија се дели на повеќе сектори:
-Биро за јавна безбедност.
-Управа за безбедност и контраразузнавање.
-Централни полициски служби.
-Eдиница за посебни намени.
-Хеликоптерска единица за полициски намени – Јастреби е опремена со најразлична софистицирана опрема со својата организациска поставеност е во соработка со сите други организациски единици.

Матичната база е во Идризово во која се сместени Bell хеликоптерите, а во базата Петровец се сместени Mil и Hermes 450.

Покрај вингот на АРМ и МВР има учествувано во спасувачка мисија надвор од Македонија во Србија за време на поплавите, мисијата ја имаат извршено успешно а со тоа имаат придонесено многу за Македонија како и за историјата на македонската авијација.
На 18 мај 2014 година во мисијата учествува Mi-17V-5 Hip од единицата за посебни намени како и 12 пилоти и механичарско-инженерски тим и 15 припадници на Единицата за специјални задачи "Тигар" обучени за спасување и помош во кризни ситуации. Сместени на на аеродромот во Белград дејствувајќи во склоп на Хеликоптерската единица на МВР на Република Србија, а мисиите ги изведуваат во реонот на Обреновац, Вукичевица, Крупањ и Скела. Имаат евакуирано 21 лице и превезено намирници (храна, флаширана вода, вреќи за песок, лекови и слично). Мисијата трае до 23 мај 2014 година и имаат остварено голем придонес.

Втора трагедија доживува одредот по падот на транспортен полициски хеликоптер Mi-17V-5 Hip од составот на Хеликоптерската единица за посебни намени. летот требало да се одвива на рутата Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно, во 22.00 часот во реонот на индустриската зона на Струмица удрил во 120 метарски антенски столб по што се урнал на земја, експлодирал и бил проголтан од пламени јазици предизвикувајќи моментално загинување на четворицата врвни воздухопловци кои се наоѓале во леталото.

Намени
Полициските воздухоплови се употребуваат за потребите на Министерството, како и за потребата на други правни и физички лица, во согласност со намената и опремата на полициските летала. Во своето работење полициските воздухоплови се употребуваат за вршење на следниве работи:
· Превоз на луѓе и опрема;
· Трагање и спасување;
· Превоз на ВИП личности;
· Активности во соработка со организациските единици на МВР;
· Извидување и контрола на сообраќај;
· Извидување и контрола на државната граница;
· Извидување, следење, набљудување, документирање и снимање од воздух;
· Маркирање и одбележување на цели од воздух;
· Подршка на полициските сили од воздух;
· Обука, до-обука, тренинг и пробни летови;

За потребите на други корисници, полициските воздухоплови можат да се употребуваат за вршење на следниве работи и услуги:
· Превоз на ВИП личности;
· Превоз на опрема и предмети;
· Испитување и проверка на далноводи, гасоводи и нафтоводи;
· Интервенции на телекомуникациски објекти;
· Заштита на животната средина;
· Медицинска евакуација на повредени лица;
· Превоз на лица заболени од определени болести и на инвалиди;
· Снабдување со храна, лекови, како и превоз на лица и опрема во и од непристапни области;
Леталата кои ги поседува:
1- AB-206B Jet Ranger II

1- AB-212 Huey

1- Bell 412EP Huey

1- Mi-17V-5 Hip

2- Mi-171Sh Hip

1- Elbit Hermes 450 воедно и најмоќен дрон што го поседува Македонија.

Видеа:
Хеликоптерска единица за полициски намени – Јастреби и Единицата за специјални задачи Тигар

Последно уредено:
Член од
1 мај 2015
Мислења
478
Поени од реакции
656
Може ли дронов да испукува ракети или е само за извидувачки мисии ?
Само извидување, МВР не смее да употребува борбени летала туку само армијата, исто така се надевам дека ќе направат смена со АРМ за Mi-171Sh Hip затоа што АРМ може да им го искористи целиот потенцијал за разлика од МВР која ги користи само за транспорт.
 
Последно уредено:

Vecchia Signora

Storia Di Un Grande Amore
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.196
Поени од реакции
2.048
@Iceman. Има ли некоја значителна разлика(дали перформанси, конструкција... било што) меѓу тие два МИ хелихоптери, или од ова јас што го гледам на сликите само страничните додатоци на вториот? Наследници се на МИ- 8 или негови варијанти? Истотака ми делуваат како штотуку излезени од фабрика, или не?

И на крај, мислам некаде читав и така ми остана во кратка меморија дека Грција донирала еден Хјуи за време на војната 2001. Вистина е тоа и дали е некој од тие два што се погоре на сликите?
 
Tocno deka se naslednici no i negovi varijanti na Mi-8 ovie se podobreni i nadgradeni bi doslo kako nova linija na helikopteri so mala izmena na dizajnot i nosot kako kaj delfin kako sto go narekuvaat no se drzat do toa sto e dobro da ne se menuva sekako deka imaat razlicni motori i oprema vo zavisno za kakov model stanuva zbor. Inaku Mi-8 so dodavkite na iminja kako Mi-17, 19, 171, 172 najcesto se izvozni varijanti. Na primer kaj vtorite Mi-171Sh se vodat kako Mi-8AMTSh ovie helikopteri se borbeni i se opremeni so flir i koristat slicno oruzje kako Mi-24 i moze da letaat vo razlicni uslovi no MVR kako sto i pisav gore ne moze da im go iskoristi celiot potencijal i sekogas ke im bidat prazni nosacite. Kaj prviot Mi-17V-5 e vsusnost Mi-8MTV-5 pred se e transportna verzija so mokni motori i so kargo vrata po potreba moze da bidat vooruzeni no ne moze da se stavat vo rang so gore spomenatiot.

Inaku Grcija donira dva helikopteri Bell UH-1 sega za sega ne se aktivni i treba da se servisiraat, edniot e vo Grcija nekolku godini i ceka servisiranje a drugiot e vo bazata vo Petrovec. Dokolku sakas da procitas poveke ke najdes tuka informacii.
 
Последно уредено:

Vecchia Signora

Storia Di Un Grande Amore
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.196
Поени од реакции
2.048
А имаш информации зошто се одлучиле за донација, знаејќи ги односите што ги имаме т.е. немаме? Настрана ако е вишок или застареност.

Сега се присетив, дури имале донирано и „Леонидас“ оклопни транспортери, нивно производство, али да не влегувам сега во пешадија:D

Иначе за мене дефиниција за хелихоптер е баш Хјуито, прав Рамбо :uzi:. Останат ми е во меморија од филмовите, претежно тие што се снимени за војната во Виетнам каде се имаат покажано и докажано. Иначе за време НАТО транзитот низ МКД додека бомбардираа Србија или после тоа, не се сеќавам точно, бев во село, така искачен на височинка кога одеднаш без некаква најава на звук, на 50-тина метри висина прелетаа над мене колку што избројав 23-24 Хјуиа, летаа во колона по три во ред .... во исто време ѝм покажав среден прст :giggle: и осетив некакво изненадно задоволство од глетката.... делувше за почит.

Бидејќи гледам дека го пратиш воздухопловството, доколку некогаш во иднина случајно или било како долета во МКД џинот меѓу хелихоптерите(сигурен сум дека го знаеш), стори абер, тоа би било.... оргазам и тоа електрични :LOL:
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.103
Поени од реакции
7.344
Mi-171Sh Hip и Mi-171Sh Hip се Руско производство така?
 
Leonidas se staveni vo rezerva ne se koristat, deka bevme vo vojna ni doniraa pomos, a od kakvi pricini ne znam, isto taka i Ukraina ni donirase 4- Mi-8MT prvite borbeni helikopteri na Makedonija ni se od donacija, ke imas poveke info dokolku gi razlistas stranite od linkot koi ti go prativ. Inaku Bell helikopterite se naj pogodni za Makedonija kako sto mozese da procitas od 73 leta seuste 206 ,isto taka ima razgovori vo temata za vingot.

Воздухопловен Винг и ПВО на Република Македонија

Mi-171Sh Hip и Mi-171Sh Hip се Руско производство така?
Da
 
Последно уредено:
Член од
11 декември 2008
Мислења
392
Поени од реакции
204

Почеток

Во времето на Југославија покрај слободите што ги добива тогашната Македонска Милиција добива можност да формира хеликоптерската единица во 1969 година, првото летало го добива во 1970 година Augusta-Bell AB206AJetRanger II, со тоа Македонскиот Републички Секретаријат за внатрешни работи станува втор полициски оператор на хеликоптери во Југославија, после Словенија.
Главна улога на Хеликоптерската единица била мониторинг на границите на Југославија со Бугарија, Грција и Албанија, хуманитарни мисии се со цел зачувување и заштита на интересите на Македонија. Есента 1972 година, за време на мисија, првиот и единствен хеликоптер бил целосно уништен во инцидент блиску селото Лојање, Шар Планина, Тетовско.
Во 1973 година единицата набавува нов AB206BjetRanger II хеликоптер кој е во служба и до денес. Како резултат на одличното работење во деведесеттите години, единицата ја има добиено и престижната Златна плакета за нејзината работа во сферата на цивилната заштита.

Денес
Одделот за воздухопловни единици на министерството за внатрешни работи на Република Македонија се дели на повеќе сектори:
-Биро за јавна безбедност.
-Управа за безбедност и контраразузнавање.
-Централни полициски служби.
-Eдиница за посебни намени.
-Хеликоптерска единица за полициски намени – Јастреби е опремена со најразлична софистицирана опрема со својата организациска поставеност е во соработка со сите други организациски единици.

Матичната база е во Идризово во која се сместени Bell хеликоптерите, а во базата Петровец се сместени Mil и Hermes 450.

Покрај вингот на АРМ и МВР има учествувано во спасувачка мисија надвор од Македонија во Србија за време на поплавите, мисијата ја имаат извршено успешно а со тоа имаат придонесено многу за Македонија како и за историјата на македонската авијација.
На 18 мај 2014 година во мисијата учествува Mi-17V-5 Hip од единицата за посебни намени како и 12 пилоти и механичарско-инженерски тим и 15 припадници на Единицата за специјални задачи "Тигар" обучени за спасување и помош во кризни ситуации. Сместени на на аеродромот во Белград дејствувајќи во склоп на Хеликоптерската единица на МВР на Република Србија, а мисиите ги изведуваат во реонот на Обреновац, Вукичевица, Крупањ и Скела. Имаат евакуирано 21 лице и превезено намирници (храна, флаширана вода, вреќи за песок, лекови и слично). Мисијата трае до 23 мај 2014 година и имаат остварено голем придонес.

Втора трагедија доживува одредот по падот на транспортен полициски хеликоптер Mi-17V-5 Hip од составот на Хеликоптерската единица за посебни намени. летот требало да се одвива на рутата Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно, во 22.00 часот во реонот на индустриската зона на Струмица удрил во 120 метарски антенски столб по што се урнал на земја, експлодирал и бил проголтан од пламени јазици предизвикувајќи моментално загинување на четворицата врвни воздухопловци кои се наоѓале во леталото.

Намени
Полициските воздухоплови се употребуваат за потребите на Министерството, како и за потребата на други правни и физички лица, во согласност со намената и опремата на полициските летала. Во своето работење полициските воздухоплови се употребуваат за вршење на следниве работи:
· Превоз на луѓе и опрема;
· Трагање и спасување;
· Превоз на ВИП личности;
· Активности во соработка со организациските единици на МВР;
· Извидување и контрола на сообраќај;
· Извидување и контрола на државната граница;
· Извидување, следење, набљудување, документирање и снимање од воздух;
· Маркирање и одбележување на цели од воздух;
· Подршка на полициските сили од воздух;
· Обука, до-обука, тренинг и пробни летови;

За потребите на други корисници, полициските воздухоплови можат да се употребуваат за вршење на следниве работи и услуги:
· Превоз на ВИП личности;
· Превоз на опрема и предмети;
· Испитување и проверка на далноводи, гасоводи и нафтоводи;
· Интервенции на телекомуникациски објекти;
· Заштита на животната средина;
· Медицинска евакуација на повредени лица;
· Превоз на лица заболени од определени болести и на инвалиди;
· Снабдување со храна, лекови, како и превоз на лица и опрема во и од непристапни области;
Леталата кои ги поседува:
1- AB-206B Jet Ranger II

1- AB-212 Huey

1- Bell 412EP Huey

1- Mi-17V-5 Hip

2- Mi-171Sh Hip

1- Elbit Hermes 450 воедно и најмоќен дрон што го поседува Македонија.

Видеа:
Хеликоптерска единица за полициски намени – Јастреби и Единицата за специјални задачи Тигар

od koga Makedonija ima dronove prv pat citam i slusam za takvo nesto ????
 
Kajgana Shop

На врв Bottom