Возачки испит ќе се полага електронски

L

.Lost Angel.

Гостин
Досегашните тестови за полагање на возачки испит ќе бидат заменети со елетронско полагање на теоретскиот дел, кој ќе биде веб апликација со централизирана база на податоци.

Ова го најави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која истакна дека само со сериозен, сеопфатен и континуиран пристап може да очекуваме подобри резултати, односно поголема безбедност и помалку жртви.

Како еден од примарните проблеми кој бил детектиран било токму познавањето на сообраќајните прописи.

“Со новиот електронски систем за полагање на теоретскиот дел на возачкиот испит состојбата ја менуваме од корен. Неколку месеци наназад, експерти по сообраќај од Министерството, работеа на изготвување на новите прашања по кои ќе полагаат идните кандидати. Во суштина системот за електронско полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит е веб апликација со централизирана база на податоци, со што ќе се овозможи навремен, брз и ефикасен пристап за полагање на тестови. Досега во системот, во првата фаза, се внесени 842 испитни прашања, на македонски и албански јазик, со графика и реални состојби со сообраќајни ситуации и површини (кружни крстосници, тунели, надвозници) а се планира внесување на уште два пати по 400 испитни прашања,по одобрување на истите. Предвидено е по случаен избор системот да генерира тест од различни испитни прашања. Значи, не само што квантитативно го зголемивме бројот на прашања и ситуации, туку практично ја сведовме на минимум можноста еден тест да се повтори, а со тоа станува бесполезно учењето на тестовите напамет. Наместо претходните 30 комбинации на тестови, со новиот систем добиваме над 80 милиони комбинации на тестови“, рече Јанкулоска.

Кога кандидат ќе дојде на тестирање, испитната комисија ќе го евидентира, а членовите го активираат неговиот кориснички профил, со што системот генерира корисничко име и лозинка за пристап, единствено за секој кандидат, кои се печатат од страна на испитната комисија и се дава на кандидатот. Кандидатот со тоа корисничко име и лозинка, може да се најави на системот само од строго определен и нумериран компјутер од испитното место кое го одредува испитната комисија.

Од моментот кога кандидатот ќе кликне на копчето “Започни со решавање на тестот”, системот генерира тест и времето предвидено за решавање на тестот почнува да одбројува и тоа во секој момент од тестот ќе му биде видливо на кандидатот. Кандидатот може да избира кое прашање ќе го одговара во даден момент, но кога еднаш ќе го одговори прашањето (со кликање на копче “Одговори“), нема да може повторно да се врати и да го измени одговорот.

Доколку кандидатот заврши со одговарање на прашањата пред истекот на предвиденото време, може да кликне на копчето “Заврши со тестирање“, со што веднаш излегуваат резултатите од тестот, односно известување за тоа дали кандидатот положил, со колку поени и слично.

Испитните прашања ќе бидат од областа на “Хуманите односи и етиката во сообраќајот“, “Сообраќајните правила и прописи“, “Сообраќајните крстосници, кружни текови и знаци што ги даваат полициските службеници при контрола и регулирање на сообраќајот“ и “Сообраќајни знаци, сообрасќајна сигнализација и уреди и опрема на патиштата“.

Сите заинтересирани уште од денеска ќе може да имаат увид во прашањата и истите да ги проучуваат на Интернет страница на МВР. Оттаму идните возачи ќе може да пристапат и до симулаторот кој ќе им генерира тест и на крајот ќе им каже дали нивното знаење е доволно или не за истиот да се положи. Во наредниот период се очекува да биде објавен и прирачник кој ќе ги содржи правилата и прописите, но и објаснувањата за решавање на ситуациите.

“Осумте испитни центри и нивните подружници на територија на Република Македонија, веќе се поврзани опремени и првично оспособени обучени за реализација на истиот, но со електронското тестирање планираме да започнеме кон крајот на наредниот месец, оставајќи им простор на идните кандидати да се запознаат со прашањата. Предвидено е прашањата да бидат на македонски и англиски, а доколку некој кандидат има проблем со познавањето на работата со компјутер, од страна на комисиите ќе му биде испечатен компјутерски генерираниот тест“, додаде Јанкулоска.

Со воведување на Електронското полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит за кандидати за возачи на моторни возила, ќе се обезбеди максимална заштита, односно сведена е на минимум можноста за неовластено откривање, симнување, снимање, зачувување, изнесување и давање на испитните прашања т.е комбинациите од прашања во форма на тест. согласно утврден стандард за доверливост и одржливост на електронски системи. Исто така ќе се засили надзорот над работата на испитните центри.

Кориснички профил за приспап до системот е доделен на лица од МВР кои ќе бидат задолжени да обезбедат непреченото одвивање на електронските испити, да прегледуваат видео записи од одвивањето на тестовите за секој кандидат поединечно, со што е овозможено функцијата на надзор над работата на испитните центри да се одвива и од далечина и во реално време.

Надзорот, ќе се обезбедува и со поставената опрема за видео и аудио надзор (со три и повеќе видео камери во просторија, со технички карактеристики (периметарно обезбедување на просторијата, влезот излезот и информатичката опрема) со цел за утврдување на текот на теоретскиот дел од испитот, од почеток до крај, како и постапките на членовите на комисијата, спречување на користење на недозволени средства од страна на кандидатите (мобилни телефони, ливчиња) и присуство на неовластени лица.

Системот за електронско полагање на испити ќе води детална евиденција на сите активности од страна на корисниците. Ова овозможува вадење на огромен број на статистики и извештаи, како за полагањето на испити и за кандидатите, така и за испитните центри, комисиите и слично. Од нив би можела да се види статистиката на процент на положени кандидати, по колку пати полагале, од кои авто школи, но и најчести грешки и сите податоци кои се неопходни за анализа.

“Се надевам дека оваа најава за менување на начинот на полагање ќе побуди интерес кај идните кандидати кои посериозно ќе мора да пристапат на теориското тестирање, бидејќи нашата цел не е да ја направиме возачката дозвола понепристапна туку да ги направиме поподготвени за вклучување во сообраќајот, а со самото тоа побезбедни и за нив и за другите учесници“, истакна министерката.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Конечно да видиме дали сега напамет ќе ги учите одговорите на секој тест. :icon_lol:
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.870
Поени од реакции
7.103
Ајде бе не е крај на светот за се има решение ,инаку ја полагав пред една година и тогаш инструкторката ме тераше да сум полагал ме лажеше дека ќе ги смениле тестовите у септември и еве година мина и сеуште пак сме на истото место :)
 
Член од
25 април 2009
Мислења
368
Поени од реакции
135
џабе измени џабе све, ко не ни се признаени возачките од ЕУ :facepalm:
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.848
Поени од реакции
4.543
кај нас пак ќе се измисли нешто, ќе седне друг ќе ти го реши тестот и готово :) ;)
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Се знае како се полага со ручек во кафана за комисијата.
 
T

templar55

Гостин
Наместо претходните 30 комбинации на тестови, со новиот систем добиваме над 80 милиони комбинации на тестови“, рече Јанкулоска.
Екстра ! За секој граѓанин по 40 теста у просек. 80 милиони комбинации еееееееееј. И после некој нека каже владата не работела. Него да не планираат да полагаме одново (читај да се напуни буџетот) штом за секој граѓанин има у просек по 40 теста.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Да не биде уште полесно да се полагаат тестовите.... :icon_lol:
 
М

Мартин`

Гостин
Полагајте побрзо тие што се плашите од новите електронски тестови, до крајот на идниот месец имате време - иако и електронскиве не се нешто посебно тешки еве тука имате симулација на тестот да видите одприлика како ќе бидат и колку знаете :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom