Авро Канада ЦФ-105 Ероу
Еден од најмистриозните авиони на своето време, ловец од трета генерација во време кога окосница на НОРАД биле оние од прва генерација.
После успехот со ноќниот ловец ЦФ-100 Канук во почеток на педесеттите, канадската воздухопловна индустрија започнува со проект кој на хартија делувал сулудо. Нит имале материјали за трупот нит авионика нит радари нит соодветен мотор. И сето тоа инженерите и работниците на Авро Канада ќе го достават за помалку од две години со бакшиш ракета В-В со бим рајдинг и проксимити фјуз.
Авионите се инаку збир на системи интергирани во една целина која мора да биде доволно интегрирана за да може да ја обезбеди употребната вредност на фрејмот и се она што на него се наоѓа.
И таа Ероу полетал во 1958 и веднаш станало јасно дека се работи за најнапредниот ловец на светот. Брзина на прототип од 2200 км но тоа било само почеток, голема носивост на ВВ ракети. Овој авион немал топови бидејќи основна цел му било пресретнување на советски бомбардери кои преку Арктрикот би ја нападнале Северна Америка.
Десетици илјади вработени во целосната индустрија вклучително и подизведуачи биле раштркани низ Канада за да не бидат уништени веднаш при првиот напад.
Тестирањето на ова чудо поминало феноменално и на повидок бил сјаен авион. Белгија се заинтересирала за нарачка а тука биле и други земји.
Но како и во многу други ситуации и тука политиката, бирократијата и корупцијата ја одиграле својата улога. Наместо да ги довршат пробните 12 авиони, власта решава да го укине проектот во момент кој тој бил сосема готов и успешно завршен.
Бизарно но канадаската власт набавила сосема инфериорни Ф-101 Вуду и Ф-104 Видоумејкер, крајно неквалитетни пресретачи по цена која била значително поголема од онаа која била побарана за пробната серија на Ероу.
Подоцна ќе избие афера околу Локид кој навелико корумпирал министри и премиери за да обезбедат нарачка на нивни авиони па аар и по цена на стотици мртви пилоти во мирнодопски услови.
И така овој авион останал во легендите.