Воени авиони

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.766
Поени од реакции
6.256
Испано Ха-1112 Бушон

Шпанија во WW2 била неутрална. Имајќи превид дека била руинирана од жестоката граѓанска војна 1936-39 немало финансии за таков излет како што би било вклучување кон оската. Сепак 54К шпанци се бореле на источен фронт со променлив успех.
При крајот на војната, шпанците сфатиле дека нивната пресретачка флота од граѓанската војна е сериозно застарена и дека треба нешто ново.
Имајќи искуство со германските Бф-109Антон и Дора, заедно со можноста за набавка на голем број мотори Ролс Ројс Мерлин, се јавила можноста за комбинирање на змејот со машината и така во 1945 настанува Ха-1112 Бушон, првиот шпански ловец во историјата.

Иако овој авион никогаш не учествувал во борбени дејствија сепак бил сосема солиден проект кој овозможил 10 пресретнувачки ескадрили во време кога тоа било преку потребно на една земја како Шпанија.
Мотор Мерлин од 1640 к.с. два топа од 20мм ХС-404 со 400 гранати, брзина од 650 км/ч ова бил последниот клипен ловец во шпанската авијација.

1725189092222.png

На сликата е Бушон со поткрилни лансери за ненаведувани ракети од 55 и 80мм.
По набавка на млазни ловци, бушоните одат во ударна авијација а служеле таму до крај на 60-ти!
Неколку скапи холивудски продукции употребиле бушони со цел да глумат Бф-109 како на пример Битката за Британија.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.010
Поени од реакции
9.131
Од Русија нели набавија 10 половни МиГ-29 пошто имаа веќе 6 кои ги модернизираа таму околу 2013-14, кинески нема асални, оној Пакистанскиот ЈФ-17 е прилично ефтин ама е светлосна година даеку од Рафал.
Мое мислење е дека и Србите и Хрватите си ги мерат со купување на скапи кондоми.

Грипен или Chengdu J-10 или дури и Пакистанскиот 17 таман ќе им беа за Ер Полицинг со некоја можност за тепање по копно.

Скептик сум за Рафалите пошто за да ги држат пилотите на потребно ниво треба 120 - 150 часа налет годишно + 50 - 60 часа во симулатор. Тоа е скапо и за појаки држави а не па за нив.
Но како што кажав,е Грипените неможат да добијат одобрување оД Америте а на Кинезите нема да им се дозволи прелет.

И сега им останува да прават убави фотки и да се препукуваат на интернет. Судир нема да има пошто Србија е опколена со НАТО и плус Французите секако можат едноставно да ги исклучат авионите ко со даљинско.

___________________________

Инаку од спомнатата игра многу ги сакам и Curtiss P-36 и 40.
 
П-36 Хок е баш непознат ловец од ратот, французите набавиле 300+ соколи но наместо 2 тешки и 2 лесни митралеза имале само 6 лесни но сепак биле прилично засилување. Има една анегдота некаде октомври 1939 кога ескадрила П-36 се судира со ескадрила Бф-109Д и Е каде германциве изгубиле 10 авиони а французите ниту еден. Подоцна во фински раце повторно имал добри резултати. За време на Перл Харбор и не се покажале нешто но против себе имале Зеро.
П-40 со њушка од ајкула во Летечките Тигри во Кина се легендарни авиони :)
 
П - 40

1725362163014.png

Буквално е створен за забите на ајкулата. Инаку први со тој пејнт џоб почнале Британците од 112 сквадром во Северна Африка и толку добро изгледало што брзо се проширила модата.

Интересно е што и Кралството Југославија нарачало мислам околу 300 вакви апарати одкако сватиле дека Британија и Франција заради своите потреби немало да можат да им испорачаат ловци но било доцна. Тие апарати се пратени на Британците.

Добро се покажале и кај Советите, можеби затоа што добар дел се доделени на морнаричките ловечки ескадрили кои не настрадале толку во чистките на Стаљин.

Дури и Јапонците имале една ескадрила склопена од заробени авиони кај Рабаул и еден е соборен по грешка од нивен бомбардер.

------------------------------
П-36

1725364252372.png

Помалиот брат од фамилијата прилично добро се покажал во Француски раце каде што соборувал и Германски но подоцна како дел од Вишиевска Франција и Британски и Американски авиони.

Се борел и сам против себе во Француско - Тајландскиот конфликт.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.766
Поени од реакции
6.256
Мое мислење е дека и Србите и Хрватите си ги мерат со купување на скапи кондоми.

Грипен или Chengdu J-10 или дури и Пакистанскиот 17 таман ќе им беа за Ер Полицинг со некоја можност за тепање по копно.

Скептик сум за Рафалите пошто за да ги држат пилотите на потребно ниво треба 120 - 150 часа налет годишно + 50 - 60 часа во симулатор. Тоа е скапо и за појаки држави а не па за нив.
Но како што кажав,е Грипените неможат да добијат одобрување оД Америте а на Кинезите нема да им се дозволи прелет.

И сега им останува да прават убави фотки и да се препукуваат на интернет. Судир нема да има пошто Србија е опколена со НАТО и плус Французите секако можат едноставно да ги исклучат авионите ко со даљинско.

___________________________

Инаку од спомнатата игра многу ги сакам и Curtiss P-36 и 40.
И со Рафалите ќе биде како и се остало на Балкан, наместо 150 часа налет ќе имаат по 50-60 па може уште 100 во симулатор ако воопшто набават такво нешто од Франција. Веројатно конкурентен избор би бил Тајфун пошто има британски мотори но кој би знаел дали би продавале на балкански земји.
Автоматски споено мислење:

П - 40

Прегледај го приврзокот 428315

Буквално е створен за забите на ајкулата. Инаку први со тој пејнт џоб почнале Британците од 112 сквадром во Северна Африка и толку добро изгледало што брзо се проширила модата.

Интересно е што и Кралството Југославија нарачало мислам околу 300 вакви апарати одкако сватиле дека Британија и Франција заради своите потреби немало да можат да им испорачаат ловци но било доцна. Тие апарати се пратени на Британците.

Добро се покажале и кај Советите, можеби затоа што добар дел се доделени на морнаричките ловечки ескадрили кои не настрадале толку во чистките на Стаљин.

Дури и Јапонците имале една ескадрила склопена од заробени авиони кај Рабаул и еден е соборен по грешка од нивен бомбардер.

------------------------------
П-36

Прегледај го приврзокот 428317

Помалиот брат од фамилијата прилично добро се покажал во Француски раце каде што соборувал и Германски но подоцна како дел од Вишиевска Франција и Британски и Американски авиони.

Се борел и сам против себе во Француско - Тајландскиот конфликт.
П-36 има мотор звезда од сеприсутниот Прат енд Витни од 1200 к.с. кои биле на Дакота и Либератор, колку само платформи се направени врз основа на таа погонска група тоа е неверојатно.
П-40 има Алисон линијаши ама америте никогаш немале асален линиски мотор па така за Мустанг се позајмиле со Мерлин од Британија под лиценца на Пакард. Не сум знаел тоа за Југославија иако имам пишувано материјал за балканскиве авијации. 300 комада тоа се добри 12 ескадрили со се резервни машини, сериозен исчекор напред.
Автоматски споено мислење:

CAC Boomerang

Во раната фаза на војната на Пацификот сојузниците се соочиле со брзо топење на воздушниот потенцијал. САД сеуште не биле префрлени на воена економија а Британија била далеку и освен тоа одвај стигнувале да задоволат свои потреби и помошта за СССР.
Во такви услови она што можело да се набави на пример кај Аустралија биле споменатите ѕвезда мотори Прат и Витни од 1200 к.с. На таа основа бил нарачан домашен ловец кој требало да има и секундарна улога на јуришник.
Фирмата Комонвелт ејвиејшн во 1942 излегува со Бумеранг, првиот ловец изграден во Австралија.
Карактеристиките на летање биле разочарувачки но немало назад. Со подоцнежните варијанти дел од недостатоците ќе бидат решени но скромната брзина од само 515 км/ч оневозможувала пресметка со Зеро и Хајабуса.
Бумеранг носел два топа 20мм Бритиш Хиспано (лиценца на францускиот ХС-404) со 200 гранати и 4 митралеза Браунинг од 7,7мм со 2000 куршуми. 600кг офанзивен терет го заокружувало вооружувањето на овој авион.
Веќе во 1943 бумерангот бил застарен но немало што да се прави, пратките на П-39 Еракобра сеуште биле недоволни па така бумерангот улетува во борбите во Нова Гвинеја. Малку користен како пресретнувач за овој ловец се врзуваат ударните операции во кои неговиот долет од 1000 миљи (1600км) бил од огромно значење за поддршка на пешадијата. Како јуришник бумерангот се стекнал со солидна репутација.

Еден од авионите кои никој не ги знае, дури и добри познавачи на воената авијација и WW2 немаат слушнато за ова чудо кое опремило барем 10 австралиски ескадрили. Ронделите се интересни, имено британската рондела има плав круг со црвен центар кој бил често мешан од страна на сојузнички пилоти со јапонските хиномару црвени кргуови па така кај сите сојузнички авиони се појавуваат рондели скроз лишени од црвена боја!
После ратот Австралија го внесува црвениот кенгур со плав круг и бела позадина кој го имаат и ден денес.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.010
Поени од реакции
9.131
И со Рафалите ќе биде како и се остало на Балкан, наместо 150 часа налет ќе имаат по 50-60 па може уште 100 во симулатор ако воопшто набават такво нешто од Франција. Веројатно конкурентен избор би бил Тајфун пошто има британски мотори но кој би знаел дали би продавале на балкански земји.
Штета што Америте се толку фатени за муда од своите лобисти бидејќи Грипенот е створен за мали држави. И релативно евтин по час налет е. Ноа тоа ти е.

П-40 има Алисон линијаши ама америте никогаш немале асален линиски мотор па така за Мустанг се позајмиле со Мерлин од Британија под лиценца на Пакард. Не сум знаел тоа за Југославија иако имам пишувано материјал за балканскиве авијации. 300 комада тоа се добри 12 ескадрили со се резервни машини, сериозен исчекор напред.
Да, одкако сватиле дека нема шанси да добијат доволен број на апарати од Фанција и Британија кои и самите се спремале за војна некои поумни глави извршиле притисок да се нарачаат овие како замена но било веќе доцна. Мислам дека стигнале до барање одобрување од конгресот и толку.

Еден куриозитет, слика од еден Јапонски од ескадрилата во Рабаул која имала 10 комада одржувани со делови од заробените авиони.

1725540301060.jpeg
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.766
Поени од реакции
6.256
Бел П-59 Еракомет бил првиот амерички млазен ловец, па дури и прв млазњак во САД воопшто. Полетал во 1942 и биле нарачани неколку стотини но набрзо осамнала реалноста дека П-59 е ужасно лош авион кој одвај достигнувал брзина на Мустанг и покрај тоа што носел топ од 37мм и 4 митралези 12,7мм во носот, се покажал како исклучително лош проект. По инерција биле создадени 5 ескадрили кои воопшто не виделе борба туку служеле за тренинг од клипни на млазни авиони за пилотите кои биле одбрани за транзиција.
Наредниот проект бил на Локид а тоа бил П-80 Шутинг Стар кој полетал во 1944 а една пробна ескадрила била упатена во Европа на Апенинскиот фронт на кој сеуште германци и република-сало талијани се држеле во 1945. Нема податоци за евентуален судар на П-80 против авиони на оската кои на тој фронт биле БФ-109 Густав и Курц, ФВ-190 Антон и Дора, Бф-110, Ре-2005 Саџитарио, Г-55 Чентауро, МЦ-205 Велтро.

Како подршка во случај да П-80 не биде произведен во доволен број навремено, Рипаблик го предлага П-47 Тандерболт како нова млазна опција! Имајќи над 6000 фрејмови во различен стадиум на склопување Александар Северски и Александар Картвели набрзина направиле проект со минимални трошоци и исти мотор како П-80.
Змејот на П-47 бил сосема погоден за Алисон турбоџетот и така барем како проект се појавува Ф-47 Џетболт. Сепак војната завршила во Септември а студената војна сеуште не била на дневен ред па така овој авион бил откажан а 6000 фрејмови биле расклопени за секундарни суровини.
Со влегувањето во служба на џетот Фантом 1, клипните Ф-82, Ф-7Ф Тајгеркет, Ф8Ф Беркет (најбрзиот клипен авион во историјата со 850км/ч) и остали егзотики станало јасно дека подобро е да се направат авиони кои се скроз проектирани за млазен мотор а не уради сам прекроен клипњак.

proxy.php (1023×356) (secretprojects.co.uk)

На база на П-47Н варијанта со подрезани крила и 12 митралези од 12,7мм, 4 во труп 8 во крила.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom