Воена и Цивилна Морнарица

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
После долга пауза продолжуваме со епот за најголемата поморска битка во историјата, и онака не ми се спие вечерва па што да не :)

Бобрен додир во ноќната борба започнал околу 23.15 часот со меѓусебни торпедни дуели. Британците биле во лоша позиција поради споменатото отсуство на дрилање за ноќна борба па преостанало да пробаат со торпедни напади.
Две флотили со по 4 разурнувачи го нападнале јужниот состав на Хохзефлоте при што бил торпедиран ББ Померн кој набрзо потонал со сите членови на екипажот а жртва на торпедата станали и ксртосувачот Рошток. Алелуја, британците потопуваат немачки капиталец, иако се работело за предреднот односно голема грешка на командата на флотата на Отворено море која вклучила една дивизија од 6 ББ предредноти кои ја успоравале цела флота.
5-1 во капиталци. Но цената која ја платиле била висока, 5 од 8 разурнувачи завршиле на дното на морето, лидерот Типерери, Ардент, Форчн, Спероухок и Турбулент.

Во сиот хаос често противнички бродови се сретнувале на 500-600м еден од друг.
Во една таква ситуација, ОК Блек Принс чиј капетан погрешил во проценката дека се наоѓа во линија со британски бродови изненадно бил забележан од страна на противникот и за 15-тина минути бил претворен во олупина, погоден 32 пати од 280 и 305мм гранати и 46 од 88-150 мм, пред се од Остфризланд и Тиринген. Не се спасил ниту еден член на екипажот. 6-1 во капиталци за Германија!

Во меѓувреме уште една флотила кај британците изведува напад при што е тешко оштетен ББ Насау кому торпедото му направило 5м2 дупка во појасот при што морал да се врати во базата пред да прими доволно вода и да потоне. Иако Насау се спасил, неговото заминување кон Јаде значело еден капиталец помалку за германците кои и онака биле бројчано инфериорни и покрај потопувањето на 6 британски капиталци..
Разурнувачот Спитфајер извршил херојски напад врс крстосувачот Елбинг, бидувајќи погоден 11 пати од 105мм гранати, возејќи цик-цак слалом низ водените столбови од немачки гранати успеал да го торпедира Елбинг кој потонал неколку часа подоцна имајќи повеќе од доволно време да се евакуира посадата.
Спитфајер бил упатен назад во Форт оф Форт поради големите оштетувања но за чудо не потонал. Неколку члена од неговата посада ќе примат Викториин Крст.

Околу 01.45 Германците ќе го добијат најтешкиот удар во цела битка. Ако паметите, Лицов беше погоден од 305мм гранати пред да го уништи Инвинсибл, а тоа значело примање големи количини вода во трупот.
Машинското одделение било скоро цело под вода, а бродот примил барем 15 тешки и 25 средни гранати.
Феноменалниот квалитет на германските БК кои се покажале како главен адут во битката бил присутен и во овој случај. Во споредба со британските БК кои експлодирале и потонувале со скоро цел екипаж, на Лицов му требале два и пол часа да потоне при тоа бидувајќи торпедиран од Г-38 за да не падне во раце на противникот. Сите преживеани 1150 члена на екипаж биле евакуирани на време.
6-2 за Германија.

На сцена стапила и осамена британска подморница која на перископска длабочина забележала три немачки разурнувачи при што потопила еден од нив, В-2.
Очекувано, британците продолжиле со торпедни напади во ноќта во обид да ја натераат германската флота да маневрира на север, но тоа било попусто.
Повторно две флотили разурнувачи пратени од два брзи крстосувачи извршиле торпеден напад на она што мислеле дека се 4 немачки ББ. Но реалноста била дека тоа биле два ББ предредноти, Шлезвиг-Холштајн и Шлезиен и БК Дерфлингер (пак) и Фон Дер Тан.
Интересно но Шлезвиг Холшајн и Шлезиен ќе учествуваат и во втората светска војна, па дури Шлезвиг ќе го истрела првиот проектил во војната во 04.45 на 1.Септември 1939 врз полските позиции во Вестерплате!

Сите 4 брода успешно ексивирале да бидат погодени и продолжиле да пловат на југ, сега веќе далеку од торпедната закана на британците. Истовремено, со својата артилерија за која биле увежбани да ја користат и ноќно време, успевале да ги држат британските бродови на доволно растојание.
Но и покрај тоа, ББ Остфризланд бил торпедиран и сериозно оштетен без да загуби многу од својата брзина а БК Зајдлиц кој низ битката веќе примил десетици погодоци бил исто така торпедиран при што загинале околу 15 лица. Капетанот наредил плавење на мунициони комори што го спасило овој брод со тотално демолирана палубна структура и неговото впловување во базата позади насипот на Јаде било вистинско мало чудо и тестамент за необјасниво подобриот квалитет на германските челични оклопни плочи од Круп во споредба со Бритиш Стил.

Истрошувајќи ги сите торпеда буквално, британците немале друга опција освен да чекаат да осамне утрото и со тоа да можат да ја употребат артилеријата. Но утрото доаѓало околу 06.30 часот а за тоа време бродовите на Хохзефлоте веќе биле предалеку. Ако германците не успеале во примарната цел, секундарната и тоа како била успешна. Шансата да се уништи германската флота заминала во неповрат.

Понатаму ќе напишам за последните истрели во оваа битка и анализа на значењето на еден ваков мамутски настан.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Феноменалниот квалитет на германските БК кои се покажале како главен адут во битката бил присутен и во овој случај. Во споредба со британските БК кои експлодирале и потонувале со скоро цел екипаж, на Лицов му требале два и пол часа да потоне при тоа бидувајќи торпедиран од Г-38 за да не падне во раце на противникот.
Некаде читав анализа дека делумно за ова се виновни Британските посади, кои за да постигнат поголема брзина на истрели ги “олабавиле“ правилата за складирање муниција во близина на топовите како и не затварање на вратите помеѓу магацините и топовите (повторно за да не се губи време) така што кога ќе примеле погодок не само што страдало непосредното место на ударот туку целиот простор меѓу погоденото место, топовите и магацините кој бил заситен со муниција и експлозивни полњења.

Од друга страна Германскиот аутизам и почитивање на правила до точка придонело на поголема шанса за преживување на погодок.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Некаде читав анализа дека делумно за ова се виновни Британските посади, кои за да постигнат поголема брзина на истрели ги “олабавиле“ правилата за складирање муниција во близина на топовите како и не затварање на вратите помеѓу магацините и топовите (повторно за да не се губи време) така што кога ќе примеле погодок не само што страдало непосредното место на ударот туку целиот простор меѓу погоденото место, топовите и магацините кој бил заситен со муниција и експлозивни полњења.

Од друга страна Германскиот аутизам и почитивање на правила до точка придонело на поголема шанса за преживување на погодок.
Сосема точно е тоа, но прашање е колку незатварањето на капаците придонело за кобните последици, тоа е ствар на дебата. После војната биле спроведувани тестирања каде немачка граната од 305мм пробивала фронтал арк оклоп на британски ББ од класа Ајрон Дјук на 13км додека топовите на Дјук од 343мм и цели 150 кг потешки гранати пробивале фронтал арк на Тиринген тек на 8км! Тоа им давало сензационална предност на германските бродови, ако се знае дека немале поголем калибар од 305мм, додека кај Ројал Нејви имало 343, 356 и тогаш најголемите на свет 380мм од класата Квин Елизабет. Дерфлингер сам издржал барем 10 гранати од 380мм!
Сите 6 капиталци кои ги загубила британци биле поради погодоци кои пробиле две оклопни палуби и оклоп околу муниционата комора
Двата немачки биле жртви на торпеда,британската артилерија се покажала страшно инфериорна, настрана што немале дрил за ноќна борба, тоа ќе го поправат тек во 30-ти а ќе им дојде од корист во битка за Матапан 1940 кога талијани немале дрил за ноќна борба а немале ни радари па така британците им се напиле крв кога од црна темнина се доближиле на 3,5км до талијански капиталци.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Денес е 106-та годишнина од битката кај Јитланд, па пригодно на тоа привршуваме со епопејата :)

Нешто кое делува неверојатно од денешна гледна точка е фактот дека трите британски команданти (Џеликоу, Бити и покојниот Худ) до 02.30 на први Мај 1916 немале целосна слика за позицијата и снагата на противникот. Неколку телеграми се загубиле во маглата на војната, а кога Џеликоу и Бити сфатиле дека на сцена е целосната Хохзефлоте веќе било прекасно.
Артилериско-торпедниот дуел на отстапувачките германски и надоаѓачките британски лесни крстосувачи и разурнувачи околу 04.30 ќе бидат последните истрелани гранати и торпеда во оваа гигантска борба.
Откако Џеликоу сфатил со кого се бори, наредил да се стигнат германците по секоја цена и да се уништат.
Но дотогаш Флотата на отворено море веќе имала повеќе од еден час предност и покрај успорувањето поради оштетените бродови и предреднотите.
Пловејќи на југ, за британците била предвидена заседа од поморници, мини а ако имало потреба и крајбрежната артилерија.
И така гонети од Великата флота, германците во 07.30 упловуваат во устието на реката Јаде т.е. во својата главна база. Битката е завршена.

На неполни 24 часа од битката германските весници излегле со наслови дека е победена Великата флота, дека и се нанесени стравични загуби и дека Северно море е германско.
Во Британија после првите наслови, шок и неверица од исходот на битката. Не само што не успеале да победат, не само што изгубиле адмирал и 6 капиталци, тоа бил национален срам имајќи предвид дека Обединетото Кралство посебно се гордеело со својата, во тоа време најјака морнарица на светот.

Во историографијата често се појавува дилемата кој бил навистина победник кај Скагерак?
Тактички и оперативно, не може да се спори германски триумф, постигнат врз двојно појак противник.
Стратешки, оваа битка променила малку или ништо.
На 24 часа после оваа битка Великата флота можела повторно да исплови со 40-тина дредноти и еден куп крстосувачи и разурнувачи.
Може да се каже дека Германската флота го нападнала својот чувар :icon_lol: (Ројал Нејви) во затворот наречен Северно Море, го отепал од мавање но на крај сепак останува во затворот.

Следниот пат ќе се позабавиме со причините за германската победа на тактички и пропаганден план.

Загубите биле следниве :

Ројал Нејви :
113500 тони депласман
6784 лица

БК Индефатигејбл
БК Квин Мери
БК Инвинсибл
ОК Дифенс
ОК Вориор
ОК Блек Принс

Разурнувачи - Типерери, Шарк, Спероухок, Ардент, Турбулент, Форчн, Номад, Нестор.

Хохзефлоте :
62300 тони депласман
3039 лица

БК Лицов
ББ Померн

ЛК Фројенлоб
ЛК Елбинг
ЛК Рошток
ЛК Визбаден

Разурнувачи - В-48, С-35, В-27, В-4, В-29.

БК Зајдлиц на пример, се вратил на безбедно иако бил погоден нестварни 22 пати од тешки гранати 305-380мм, 33 пати од средни гранати 102-152мм и едно торпедо!
Но за тоа потоа :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838

Прегледај го приврзокот 302201

Сите знаеме за поразот на Шпанската армада, но да не остане заборавено дека по тој пораз на Шпанската морнарица и Англиската флота имала свој катастрофален неуспех.
Енглези се мајстори да направат битка каде губат да не се споменува во Анлго сферата, а за тоа време величаат Ажинкор и слично.
Тоа што Франција ги победила во најдолгата војна во историјата,што ги истера од контиент и што Англија никогаш повеќе да созаде колонија во Европа.
Во јавен наратив (ВИасат Хистори, Хистори чанел и многу други) се величаат велшките стрелци а не се кажува дека противодговорот на французи бил крајноеднсотаевен.
Кај Кастиљон гинат 9500 енлези и велшани вс.680 французи. А најголемиот шок за енглези? Топови чиј прв проектил билп едноставно железно ѓуле кое отскокнуало како кога се рла камче бо вода, втор прокетил бил такелажа-килер, т.е. две шупливи ѓулиња поврзани со ланец, трета паљба биле ѓулиња со барут во нив (бомби) а последна иснстнца, за малимината кок се поблизу, како голема сачмарка.

Автоматски споено мислење:

@Eisenhorn после Јитланд ќе следи Цушима која е неспореливо помала битка но и крајно решавачка за исходот на војната = па према тоа и за револуцијата 1905.

За заинтересиранире околку ова ќе го ставам Јитланд и тема за ЊЊ-1.
Сега најде и тастатура да ме јебе. Бре.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Околу aftermath што се однесува до Јитланд.
Иако стратешки оваа битка не успева да има некое влијание, таа е битна за германската пропаганда која нашироко тврди дека британците се поразени и дека северно море е сега немачко езеро.
Тоа е во контраст со британскиот молк околу битката па и отворените критики за тоа колку се вложувало во морнарицата а таа не испорачала ништо од стратешка предност, иако имале повеќе од дупло бродови на располагање отколку германците.
Неуспехот да ја уништат Флотата на отворено море е голема рана на британскиот престиж, критиките кон Џеликоу и Бити се во правец на тоа што навремено не тргнале на југ со цел да го пресечат патот на германците кон Куксхафен и Вилхелмсхафен заедно со лошите практики при полнење муниција во топовските куполи на самите бродови, се чини дека обуката кај германци била супериорна.
А таков бил и оклопот, и до некоја мера артилеријата.
Гранатите од 280мм и 315кг тежина успевале да пробијат британски оклоп додека имаме многу случаи да британски 380мм и 825кг гранати не успеваат да пробијат фронтал арк на Молтке и други бродови.

Во тактички поглед, линиската тактика за последен пат ќе биде применета во голема битка.
Бојните крсташи и помалите брзи бродови се најактивните единици во битката. Линиите Бојни бродови кои требало да ја одлучат битката често не успевале да најдат соодветна цел. На таа линија требало да биде подредено све останато но во реалноста често борбата ескалирала во голема гужва, често бродови се судирале на 500-3500м далечина.
Средната артилерија се покажала како корисна што ќе значи дека ќе ја има во голем број, обично двојно повеќе од главниот калибар се до 1946 и Венгард, последниот ББ на светот.

Торпедата играле значајна улога, како оние кои погодувале цел, така и оние кои промашиле, но го терале противникот да го менува борбениот поредок.

Оваа битка ќе има голема улога при конструирањето на бродови, сите поморски нации ќе го прифатат америчкиот систем на се или ништо. Аголот на стрелба кај главната артилерија ќе биде наголемен кај сите нови бродови. Противторпедната заштита ќе биде значително изменета, оваа битка ќе стави крај на влечкањето противторпедни мрежи.
Од голем значај ќе биде наголемувањето на брзината кај ББ како резултат на одличниот настап на класата Ворспајт кои за тоа време биле брзи ББ кои едно време воделе борба со целата Хохзефлоте.

Следува Цушима, необично интересна битка чиј зачеток бил многу сличен на Перл Харбур (нападот на Порт Артур фебруари 1904 без објава на војна) крајот на ерата на ББ пред да се појави Дреднот, иако предредноти ќе се употребуваат навелико и во WW1 па чат пат дури и во WW2, инвестиции кои биле прескапи за да се заборават така лесно. Значајна битка каде имаме многу новитети и влијателна битка чии анализи ќе доведат до разни доктрини во разни земји, теоријата на Махан за одлучна поморска битка
ќе се покаже како релативно точна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom