Воена и Цивилна Морнарица

Член од
28 декември 2015
Мислења
2.554
Поени од реакции
4.391
Утринска доза поморска историја, кафенце, тутун и бојни крсташи :D

И покрај потопувањето на првиот британски капиталец во оваа битка, таа сеуште е во почетна фаза бидејќи главнините на обете флоти не се свесни дека се на околу 100 НМ една од друга. Тоа можеби делува бизарно од денешна гледна точка но во тоа време немало радар и единствен начин да се дознае положбата на противникот била со голо око од т.н. "гавранско гнездо" високо на главниот јарбол или со двоглед или дурбин во најдобар случај.
Друг начин биле pickett пловилата, обично лесни крстосувачи, разурнувачи или подморници кои биле истурени малку подалеку од главнината и нивната задача била чисто извидувачка.

Првата фаза на оваа битка во која учествувале најбрзите капиталци од двете страни ќе добие трагичен тек за британците. Сеприсутниот Дерфлингер (30К тони, 210м, 8*305мм) го погодува крсташот Принсес Ројал неколку пати а на тоа се надоврзува и Зајдлиц со еден погодок кој ги пали димните бомби на Принсес Ројал и предизвикува пожар. Британскиот брод прима извесна количина вода, започнува да накривнува помалку и лута низ бојното поле.
Адмиралот Џеликоу е информиран дека Принсес Ројал тоне при што тој се врти кон својот помошник и ја кажува славната фраза "изгледа денес нешто не е во ред со нашите проклети бродови" :unsure:.
Ако ништо друго, пумпите кај британските бродови биле врв во својата класа и со нивна помош Принсес Ројал успева да се исправи и под свој погон да побара спас позади линијата брзи бојни бродови. Повторно спас у задњи час.

А токму тие ќе се приклучат во борбата засипувајќи ги германските бродови со гранати од 380мм кои тежат по 935кг секоја и 152мм со своите 45кг запалива материја.
Но за чудо, германските крсташи го издржуваат притисокот! Првите плотуни на бојните бродови ги префрлаат противничките, наредните неколку се прекратки за да конечно после десетина плотуни британците успеваат да го регистрираат првиот погодок, граната од 380мм од Берам го погодува Фон Дер Тан директ во кулата каде што овој има најдебел оклоп. Штетата постои но во никој случај не е од толкава мера да му попречи на Фон Дер Тан да се бори понатаму.

Во меѓувреме, не обазирајќи се на гранатите кои паѓаат околу нив, Дерфлингер и Зајдлиц го земаат на нишан Квин Мери. За неколку минути во 16:26 часот седум гранати од 305мм го решетаат британскиот крсташ. Две гранати паѓаат директно во муниционата комора за гранати од 343мм и веднаш се случуваат три експлозии кои го дрмаат овој брод. Минута потоа, отворените оддели за полнење на муниција го плаќаат данокот на невниманието на посадата. Огнот ги зафаќа гранатите во лифтовите на пат кон топовите и спектакуларна експлозија со јарко црвено светло го дроби Квин Мери на неколку дела!
Експлозијата на Квин Мери се смета дека е втора најголема ненуклеарна во историјата на светот со претпоставени 1,4 кТ, отприлика двојно помала од најголемата евер, детонацијата на брод со муниција во канадското пристаниште Халифакс година подоцна (2,8кТ, околу 9200 мртви и 25К ранети).

За неколку минути, раздвоените делови на крсташот исчезнуваат под морската површина заедно со капетанот и 1275 морнари и офицери. Спас наоѓаат само девет души!

Британците сега се веќе сериозно загрижени.
Во случај да главнините на флотите не се приклучат кон бојот на брзите бродови, ова би било тотален дебакл на британците. Но тоа нема да биде случај и подоцна ќе имаме судар без преседан на светските мориња.

Додека Квин Мери тоне, германците забиваат седум 280мм гранати (за пет е одговорен жилавиот Фон Дер Тан) во Лајон, адмиралскиот брод на дејвид Бити, командант на трите брзи британски дивизии, уште шест во слабо подвижниот Принсес Ројал, цели 14 од 208 и 305мм во Тајгер, една во Њу Зиленд, пет во Инвинсибл, и два во Берам. Прецизноста и брзината на оган на германците ги шокира британските команданти.
За возврат, 4 гранати од 343мм го погодуваат Лицов и прават сериозна штета, 4 други Зајдлиц, две Молтке и само една паѓа на Фон Дер Тан.

Околу 16.40 часот, Принсес Ројал е погоден уште еднаш и покрај тоа што очигледно има одлично обучена посада тој погодок значи дека овој крсташ има само една опција ако не сака да потоне а тоа е враќање во својата база. Полека подигнувајќи ја брзината до некои 15 јазли, бродот се упатува кон Скапа Флоу.
Тоа значи дека после неполни два часа борба, три британски капиталци се надвор од игра (два потопени еден се повлекува) додека кај германците ниту еден брод не излегува надвор од борбен строј.

Овој факт го тера Бити да нареди очајнички торпеден напад на разурнувачите со цел да ги принуди германците да свртат назад и да овозможи на линијата брзи бојни бродови да дојдат во преден план додека тешко оштетените преостанати бојни крсташи да бидат во втор план позади 4-те бојни брода, делувајќи ако и само ако проценат дека имаат можност за погодок.

24 британски разурнувачи, под полна пареа и со максимална брзина се упатуваат кон линијата германски бродови. Забележувајќи го ова, Хипер наредува на своите 16 пратечки разурнувачи и 5 лесни крстосувачи да извршат контранапад. Набргу настанува вистински хаос. Контранападот е малку задоцнет бидејќи британците успеваат да лансираат околу 70 торпеда.
Под водство на капетанот Били Бингем, торпедниот напад завршува со само еден погодок во немачки капиталец = Зајдлиц, кој прима извесна количина вода но со помош на пумпите останува во строј. Механичарите ги поправаат штетите на цевководите и Зајдлиц набрзо развива скоро максимална брзина маневрирајќи да ги избегне другите торпеда.
Разурнувачите Петард и Нестор забиваат по две торпеда секој во германските им колеги V-27 и V-29 кои потонуваат за десетина минути. Во сета таа гужва бродовите се доближуваат на пушкомет па имаме и митралески оган врз палубата на германските бродови со што се оневозможува пристап до топовите на палуба. Двата разурнувачи се првите германски жртви во оваа битка.

Во таква атмосфера, Петард ја торпедира својата втора цел, разурнувачот S-35. Недалеку оттаму, изрешетан со топовски оган од 76 и 102мм, започнува да тоне и V-26. Германците употребуваат димна завеса за да се повлечат бидејќи се надјачани од противникот.
Нестор и Номад, и самите изрешетани од 88мм гранати се вртат во круг поради уништени кормила. Како такви се идеална цел за Дерфлингер и Лицов кои доаѓаат да ги спасуваат своите помали собраќа. Набрзина, погодени со десетина гранати секој, обата британски разурнувачи потонуваат.
ХМС Петард, што со торпеда, што со гранати погодува неверојатни 11 противнички пловила и потопува два од нив. Поради тоа каптеанот Бингем подоцна ќе добие Викториин Крст, највисокото воено одличје во Британската Империја.

Оваа акција на Адмирал Бити овозможува на британците да се соземат, отвара временски прозорец за наближување на главнината и го подигнува моралот кај своите морнари поради брзото потопување на четири германски разурнувачи.

Некаде околу 17 часот, од двете страни полека но сигурно се забележуваат димни столбови кои надоаѓаат од страна со што сознанието дека ова ќе биде флотна битка а не битка само на брзите претходници станува очигледно.
Доаѓа времето за решение, и покрај загубите на 2 бојни крсташи, еден повлечен назад, еден оставен да ја чека главнината поради тешки оштетувања и 2 потопени разурнувачи, заедно со 3 други крсташи сериозно оштетени и 7 разурнувачи со ист проблем, британците сеуште се во голема бројчана надмоќ во споредба со своите непријатели.

Што ќе ни донесе влезот на главнините на двете флоти во отворен судар ќе видиме понатаму :)
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
36.324
Поени од реакции
57.032
За Блухер во Норвешка.


Да. Знаеле дека крајбрежните тврдини имаат застарено оружје, ама требало да знаат дека тие тврдини имаат извесен домет и дека колку и да се застарени не им ставаш брод у домет на топови кои пробиваат 27 сантима оклоп. Плус топовите биле правени од Круп, зарем се сомневале нешто Германците во нивниот квалитет?

Зашто им влегле у домет, е прашање чиј одговор лежи во неколку точки.
Прво, застарени се. ОК, тоа го поминавме.
Второ, на препад ќе ги изненадат, како посадите на поистурените фјордови предходно. Некои од нив и ги виделе и пропуштиле, пошто да не нарушуваат неутралност. (не знаеле која им е целта, веројатно мислеле дека нешто поврзано со британско-германските поморски чарки).
Трето, Абвер.
Они мислеле дека тврдината нема посада у моментот, која е спремна за дејство.

Вакви крајбрежни тврдини со топови, добро се покажале при првииот напад на Вејк и полошо при нападот на Сингапур. Само не заради тоа што не можеле да ги свртат накај копно (како што е јавниот наратив), туку заради тоа што имале погрешна муниција. Инаку, голем дел од нив можеле да се свртат накај копно и се свртеле и дејствувале по пешадијата, но со муниција за пробивање оклоп, а не експлозивна муниција.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.554
Поени од реакции
4.391
Лека полека стигнуваме и до главната фаза на Скагеракшлахт, како што ја нарекуваат оваа битка во Немачка :)

Бидејќи германската главнина била поблиску до веќе заглавените во борба дивизии на бојни крсташи, дивизијата од 4 брзи бојни брода под команда на вицеадмирал Хју Еван Томас ќе се најде неочекувано на удар на целокупната германска Флота на отворено море!
Оштетените крсташи ќе отвараат оган од позадина, чисто колку да одржат морал кај посадите.
Ќе пројде уште некое време додека главнината на Великата флота со своите 24 дредноти се довлечка на бојното поле.
Шансата за победа на Германија во оваа битка не била никогаш поголема.

Но тука стапува на сцена квалитетот на новите бродови, за Ворспајт пример се зборувало дека сеуште бојата на него не била исушена, заедно со Малаја, Берам и Валиант ќе бидат пример за нестварно херојство. Бидувајќи изложени на сите 16 германски дредноти, 6 предредноти, 5 крсташи и остали бродови, четворката британски ББ ќе претрпи сериозни оштетувања. Малаја е погодена 7 пати од 280 и 305мм гранати и 19 пати од 150мм гранати. Дерфлингер сам по себе го погодува Берам 4 пати со 305мм и 13 пати со 150мм калибар.
Ворспајт е погоден два пати со 280мм и 17 пати со 150мм со што е релативно сериозно оштетен.
Едино Валиант не е погоден со тешка граната иако на него паѓаат 11 средни запаливи гранати од 150мм. Но британците ги гасат пожарите веднаш и Валиант останува 100% борбено употреблив.

До 17.45 часот кога британската главнина веќе малку по малку се приближува кон домет доволен да отвори оган по германците, Ворспајт веќе се повлекува од линијата со што остануваат само три брода да се борат против комплетната Флота на отвореното море!
И не само тоа, успеваат да остварат завиден број погодоци. Четири тешки гранати од 380мм и 9 од 152мм го погаѓаат Лицов и му уништуваат пола артилерија, самиот Дерфлингер е погоден од 3 тешки гранати и 11 средни, Зајдлиц најмногу страда иако не излегува од линијата, 6 од 380мм и 7 од 152мм не се доволни да го уништат немачкиот боен крсташ што само по себе е најдобро сведоштво за изузетниот и феноменален квалитет на германскиот оклоп.

Од линијата германски ББ погодени се четири со по една граната од 380мм но само кај Маркграф има посериозно оштетување изразено во уништување на една кула со 2 топа од 280мм.

Во тоа време, сеуште немајќи јасна претстава за позицинираноста на непријателот на бојното поле, адмиралот Џеликоу ги праќа Оклопните крсташи придружувани од лесни крстосувачи на извидувачка мисија со цел да се стекне колку што е можно подобра претстава за позицијата на германците и конечно да се отвори оган кон нив.
2-те дивизии капиталци, во случајов Оклопни крсташи со по 4 брода во секоја се упатуваат кон боиштето. Околу 18 часот Оклопниот крсташ (отсега понатаму ОК) Блек Принс заедно со лесните крстосувачи Фалмаут и Честер ја здогледуваат главнината на Флотата на отворено море.

Невнимателно, извршувајќи ја задачата, овој состав од 20-тина британски брода влегува во дометот на германските БК и лесни крстосувачи. Приметувајќи го тоа, едната дивизија на веќе оштететните БК предводена од Адмирал Хорас Худ (третиот по важност адмирал на Великата флота) веднаш се упатува да им помогне на двете дивизии ОК.
Инвинсибл, адмиралскиот брод на Худ отвара оган кон најблискиот брод на видикот, германскиот лесен крстосувач Визбаден кој е погоден со 6 гранати од 305мм и 16 од 102мм при што е уништена погонската група и така овој брод без можност за движење се претвара во статична цел за британците.

Минувајќи по истиот правец, главнината на Великата флота испалува гранати по Визбаден кој сеуште не тоне туку со секој примен удар од 234,305,343мм гранати како да пркоси на судбината.
Разјарени дека лесниот крстосувач издржува тешки гранати, 24-те британски брода го решетаат Визбаден до таа мера што станува најпогодуван брод во дотогашната поморска историја, надмашувајќи го БК Блихер во битката кај Догер Бенк претходната година кој прима 70 тешки и 214 средни гранати заедно со 9 торпеда!
Овој лош рекорд ќе биде надминат тек 1941 кога Бизмарк ќе прими неброен број погодоци а подоцна и Јамато во 1945 кој ќе биде постепено претваран во мелено месо од страна на Јуес Нејви.

Но оваа опсесија со Визбаден кому требаат 4 часа за да конечно потоне, симболично истрелувајќи едно торпедо пред тоа.
Во меѓувреме на Шер му е конечно јасно дека ѓаволот ја однел шегата и покрај дотогашните успеси.
Тој наредува заокрет за 180 степени за да избегне да биде "вкрстен со Т". За да ги покрие тие маневри, сите немачки бродови испуштаат димна завеса а разурнувачите добиваат наредба за напад.
Британците забележувајќи маса мали бродови како со макс.брзина напредуваат кон нив, наредуваат контранапад со своите разурнувачи.

Повторно имаме хаотична битка од point blank range при што британскиот разурнувач Шарк погодува дузина бродови со својата артилерија но и самиот е претворен во изгорена рушевина поради 280мм гранати и подоцна тоне, за среќа посадата се спасува.

Со паѓањето на ноќта, приквечерината значително ќе ја промени оваа битка. Имено, овој пат британците тешко се забележуваат на темниот хоризонт, додека германците се причилно добро воочливи имајќи го зајдисонцето зад себе и данската брегова линија.
Но и покрај тоа, двете главнини конечно се паралелно една на друга со што започнува кризата на битката.
Германците многу подобро ќе маневрираат за да ооформат линија со 22 брода, оставајќи ги БК да бидат на крилата на формацијата заедно со лесните крстосувачи. Разурнувачите ќе бидат исто во линијата на ББ поради нивната можност да со огромна брзина по потреба удрат на непријателот.

Британците за чудо, имаат сериозни проблеми да оформат линија, често контрадикторни наредби, знаменцата веќе не се гледаат во настапувачката темнина а рефлекторите кои со Морзеов код треба да бидат главен начин за комуникација остануваат надвор од игра поради претходна наредба да не се употребуваат пошто ќе биделе видливи и за немците?! WTF?
До таа мера британската линија е хаотична што имаме десетина судари меѓу бродови, ОК Вориор за малку не го прободува Лајон по средина, ОК Дифенс лута во цик-цак позиција поради сомнителен извештај дека вребаат подморници...

Но на крај сепак околу 18.30 двете флоти конечно се спремни да го започнат најголемиот мегдан во историјата, наредниот пост ќе биде со најмногу насилство до сега, ќе има многу крв, пот и солзи, искривен челик, тешки гранати и бродови-гробници :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.554
Поени од реакции
4.391
Ух ја заборавив битката скроз откако го снема форумот, деновие ќе продолжам, тек следи најинтересното :)
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
36.324
Поени од реакции
57.032
може и тука овој пост
Не знам дали е зборено веќе овде за ова, но сеедно бидејќи сега ќе го спомнам.

Проектот Хабакук

Првите години од војната Британија ги поминала во сосема незавидна положба, сама спротиставена на остатокот од Европа (освен Грција). Еден од најголемите проблеми (а ги имало многу) била војната во Атлантикот. Прекините на рутите со САД биле огромен фактор. Целото тоа потопување на фантастични тонажи за кратко време, било екстра загрижувачки.

Во тој период од војната ескортите на транспортите биле прилично блиску до Британија и после огромен празен простор (празен - без ескорт, но не вистински празен, бидејќи таму царувале глутниците германски подморници), блиску до американскиот брег, почнувале американските ескорти. Зборувам за авио-ескорти.

Тој вакуум било најлесно да се пополни со носач у средина на океан, но со оглед на фреквенцијата на подморничарската германска активност, тоа би било фрлање во оган на носач.

Затоа Черчил подржал проект на носач на авиони, кој ќе биде речиси непотоплив. Долг 1100 метри и широк 180 метри, тој би бил ваљда најголем носач, убедливо. Финатата е што ќе бил направен од материјал, кој е мешавина на струганици и лед.

Во Канада, тајно биле направени два протипа, од кои едниот со 1:50 размер. И функционирало.



Во внатрешноста на носачот, во трупот, ќе имало распоредени екипи за ладење, кои при најмал процеп, доаѓаат на лице место и со посебна технологија го ладат местото кое, така самото се "лечи".

Цената на овој проект, како и поангажираното дејствување на САД (кои после и официјално влегле во војната) со нивните бродови, го направиле овој проект неисплатив и останало само на прототип.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom