Водовод дели сметки од 100 денари, не радувајте се, ќе ве треснат од земја!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.052
Поени од реакции
4.548
Во последните два месеци некои од граѓаните добија многу пониски, а некои многу повисоки сметки од вода. Од ЈП Водовод велат дека станува збор за очекувана потрошувачка на вода, а не за некое вонредно порамнување на сметките

Граѓаните се изненадени од сметките за вода што им пристигнаа за јануари и февруари. Кај некои од нив сметката за потрошената вода изнесува само 100 денари, кај други пак таа се зголемила. Жители на скопската населба Ченто посочуваат дека не можеле да поверуваат дека им стигнало за вода да платат само 80 денари, а порано за истиот овој период плаќале и по 1500 денари.
- Долго време за вода плаќав повеќе од 1000 денари и заедно со сметот сметката ми достигнуваше околу 2000 денари, што за мене е многу висока сума. Иако цело време се чудев зошто сметката ми е толкава особено во зимски период кога трошиме многу помалку вода, бидејќи не го полеваме дворот, досега немав добиено објаснување од Водовод. Во јануари сметката за вода ми изнесуваше 100 денари, додека за февруари таа беше 80 денари, што пријатно ме изненади - вели пензионерката Васка С.
За разлика од неа, пак семејство од Црниче вели дека и тие се изначудиле на нивната сметка, ама затоа што таа била повисока од вообичаената иако ништо не се сменило во потрошувачката.
- Зимски период вообичаено сметката за вода ни е 600 денари, но овојпат за февруари ни стигна 1000 денари, а досега никој не не известил зошто е повисока сметката - вели Валентина К.
Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека ова било нормална и очекувана состојба за потрошената вода за првите два месеци и не станува збор за некое порамнување на сметките. Но, граѓаните се скептични и тврдат дека вакви суми досега не добивале, барем не во овој период од годината.
- Живеам во Горно Лисиче и веќе четири години сметките за вода ми се околу 700 денари. Во овие години досега никогаш ми се нема случено да добијам разлика во сметката, а сега ми стигна сметка околу 300 денари - вели Верче М.
Од Водовод посочуваат дека фактурирањето на потрошената вода за првите два месеца од оваа година се во рамките на однапред предвиденото ниво, односно секоја година овие два месеци, како што велат, била со помала потрошувачка на вода, бидејќи станува збор за зимски период. Од таму истакнуваат и дека отчитувањето на водомерите се врши секој втор месец.
- Сметките кои се доставуваат до корисниците на нашите услуги се согласно прочитаните состојби на водомерите кое се врши секој втор месец. Отпочнувајќи од сметките за потрошена вода за месец март предвидено е постепено зголемување на потрошувачката на вода кај корисниците на нашите услуги. Во глобала на територија на град Скопје нема некои драстични намалувања на потрошената вода на годишно ниво месечната потрошувачката на вода со години е на веќе предвиденото ниво, велат од претпријатието.
http://vecer.com.mk/?ItemID=17C658072E469F46A35F61923B9EDBB0
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Пред некој месец 11.000 денари платив за вода...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.052
Поени од реакции
4.548
Пред некој месец 11.000 денари платив за вода...
Има повеќе причини зошто си платил толку.Ако почнам да ти објаснувам треба да отвориме дебата што ќе трае цел ден.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Има повеќе причини зошто си платил толку.Ако почнам да ти објаснувам треба да отвориме дебата што ќе трае цел ден.
Зимно време да птатиш толку многу пари за вода...ајде да е лето горе доле ама пак е многу
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.052
Поени од реакции
4.548
Зимно време да птатиш толку многу пари за вода...ајде да е лето горе доле ама пак е многу
Абе ти кажав.Треба детално да се разгледа и да ти биде јасно зошто си платил толку.Или имаш дефект помеѓу водомерот и чешмите дома во кујна и купатило па тече цело време а ти не знаеш,или инкасаторот не стапнал со месеци кај тебе а во меѓувреме ти стигнувале паушални сметки со потрошени 3 до 5 кубици на пример а ти си трошел 20 на пример па кога се прочитал водомерот ти ги ставиле сите преостанати кубици во една сметка.
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Мене не ми е јасно зошто се плаќа вода, не е ова струја па да има трошоци при производство. Ајде ке разберам да се плаќа некоја симболична сума од 100-200 ден. , ама во просек по 1000 од секое домакинство мислам дека е премногу. Баш ме интересира што праат со тие пари, нека ме просветли некој.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Пред некој месец 11.000 денари платив за вода...
Да не си ја поливал ти Пелагонија бе пријателе. Заебанција на страна , едно време ова се случуваше и со сметките за струја, баш лани додека бев под кирија во една куќа во Штип , ми стигна сметка за струја 2500 денари тоа памтам беше декември , а за јануари сметката ми беше 1500 ( каква коинциденција се на 500 да завршуваат сметкиве ) и како поштен човек , тоа се обидов да го пријавам во ЕВН како грешка , бидејќи јануари месец седев повеќе во куќарката отколку декември, а од таму ми велат " Господине саатот толку бил прочитан толку треба да платите " а подоцна веќе кога провери во компјутерот , излезе дека требало да платам малку повеќе од 1500 поточно 1900 со образложение дека се случила ненамерна грешка ( незнам колку е точно ама нема везе ) и ме предупредија друг пат ако сум имал вакви сметки да ги пријавам , доколку не ги пријавам а најдат разлика тоа ќе ми било вкалкулирано како заостанат долг. Нема играчка со такви работи , ова не е новост, треба да си се преиспитаат и во водовод.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.052
Поени од реакции
4.548
Мене не ми е јасно зошто се плаќа вода, не е ова струја па да има трошоци при производство. Ајде ке разберам да се плаќа некоја симболична сума од 100-200 ден. , ама во просек по 1000 од секое домакинство мислам дека е премногу. Баш ме интересира што праат со тие пари, нека ме просветли некој.
Се плаќа затоа што пумпите од сите пумпени станици работат 24 ефективни часа за да испорачаат вода од Рашче до сите домаќинства а ако пресметаш колку киловати трошат на ден индустриска струја ќе ти стане јасно зошто се плаќа водата.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.171
Поени од реакции
21.287
Мене не ми е јасно зошто се плаќа вода, не е ова струја па да има трошоци при производство. Ајде ке разберам да се плаќа некоја симболична сума од 100-200 ден. , ама во просек по 1000 од секое домакинство мислам дека е премногу. Баш ме интересира што праат со тие пари, нека ме просветли некој.
Во Кичево водата оди со џубрето на пример. Али не е само производството на водата туку преносот, водоводот и оддржувајнето, има вработени тука итн. Сегде се плаќа вода, и секако треба да се плаќа поред мене. Замисли да е без пари, секој ќе троши колку сака а има делови во Македонија каде што нема на лето редовно вода. Со тоа што има цена и даваш некоја вредност па се ублажува прекумерното трошејне. (миејне асфалти на 40 степени итн.)
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Мене не ми е јасно зошто се плаќа вода, не е ова струја па да има трошоци при производство. Ајде ке разберам да се плаќа некоја симболична сума од 100-200 ден. , ама во просек по 1000 од секое домакинство мислам дека е премногу. Баш ме интересира што праат со тие пари, нека ме просветли некој.
И мене тоа ме чуди , повисока сметка од 500 денари дома не ми стигнала , ебига се бањаме , па треба да пуштиш веш машина, садопер , бојлер едно друго... али сметка 1000 2000ки , 2500 или членот погоре 11 000 што платил, е тука веќе лежи или некоја далавера или поливаат расади по дома па и кај комшиите. Чудно.
--- надополнето: 6 март 2013 во 14:26 ---
Во Кичево водата оди со џубрето на пример. Али не е само производството на водата туку преносот, водоводот и оддржувајнето, има вработени тука итн. Сегде се плаќа вода, и секако треба да се плаќа поред мене. Замисли да е без пари, секој ќе троши колку сака а има делови во Македонија каде што нема на лето редовно вода. Со тоа што има цена и даваш некоја вредност па се ублажува прекумерното трошејне. (миејне асфалти на 40 степени итн.)
Секаде, не само во Кичево стига со сметката за вода сметка и за ѓубретарина. Со све остало си у право, се наплатува за да не се користи прекумерно , инаку кај стигнеме ќе переме теписи aко беше беспари :) Ме чуди само кој плаќа за онаа вода со која налето ги прскаат улиците :) Ваљда државата нели ?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.052
Поени од реакции
4.548
И мене тоа ме чуди , повисока сметка од 500 денари дома не ми стигнала , ебига се бањаме , па треба да пуштиш веш машина, садопер , бојлер едно друго... али сметка 1000 2000ки , 2500 или членот погоре 11 000 што платил, е тука веќе лежи или некоја далавера или поливаат расади по дома па и кај комшиите. Чудно.
Кажав или не е читан водомерот со месеци а стигнувале паушални сметки со многу помалку напишани кубици од реално потрошените или има дефект.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.171
Поени од реакции
21.287
И мене тоа ме чуди , повисока сметка од 500 денари дома не ми стигнала , ебига се бањаме , па треба да пуштиш веш машина, садопер , бојлер едно друго... али сметка 1000 2000ки , 2500 или членот погоре 11 000 што платил, е тука веќе лежи или некоја далавера или поливаат расади по дома па и кај комшиите. Чудно.
--- надополнето: 6 март 2013 во 14:26 ---


Секаде, не само во Кичево стига со сметката за вода сметка и за ѓубретарина. Со све остало си у право, се наплатува за да не се користи прекумерно , инаку кај стигнеме ќе переме теписи aко беше беспари :) Ме чуди само кој плаќа за онаа вода со која налето ги прскаат улиците :) Ваљда државата нели ?
Зависит од кај земаш вода, ама не би требало да е владата. Сепак тоа е непотребно трошејне на вода. Иначе едно перејне во автоперална е 100 МКД а замисли колку се троши тука вода, не би рекол дека е премногу скапа но мислам вариираат во секој град цените.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Многу ми се чудни луѓево кои само кукаат без да си ги проверат броилата. Ако сметам дека сметката не ми е точна ќе ја проверам и ќе барам кај е проблемот ама не седејќи дома. Неможе да ми наплаќаат повеќе и јас со скрстени раце да седам и да чекам некој со микрофон да дојде да се пожалам. Или броилото е расипано или тој што треба да чита “забушава“.Грешки во системот за евиденција се прават ама дури не се реагира сами од себе нема да се корегираат.
Кога се осамосталив и почнав сама да си ги плаќам сметките научив како се чита и струјомерот и водомерот и си водев сметка дали точно ми наплаќаат. Бидејќи бев отсутна 7 месеци од државава кога се вратив откако си ги платив паушалните сметки за вода побарав корективно читање и видоа дека сум во претплата. Година и половина сметката за вода ми беше 0 додека не се усогласив со броилото. Делот за смет ми го одбија според месеците на отсуство кое претходно го потврдив со печатот и визата во пасошот. Имаше малку трчање по шалтери но сепак средив се што требаше. :)

Е само со овие од топлификација неможам да се разберам ама ќе дојдат и тие на ред :D
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Пред некој месец 11.000 денари платив за вода...
:eek::eek::eek:
Шо правиш со толку вода бе другар.
А редовно плаќаш или, пошо ако е редовно нема теоретски шанси да потрошиш вода за 11000
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Многу ми се чудни луѓево кои само кукаат без да си ги проверат броилата. Ако сметам дека сметката не ми е точна ќе ја проверам и ќе барам кај е проблемот ама не седејќи дома. Неможе да ми наплаќаат повеќе и јас со скрстени раце да седам и да чекам некој со микрофон да дојде да се пожалам. Или броилото е расипано или тој што треба да чита “забушава“.Грешки во системот за евиденција се прават ама дури не се реагира сами од себе нема да се корегираат.
Кога се осамосталив и почнав сама да си ги плаќам сметките научив како се чита и струјомерот и водомерот и си водев сметка дали точно ми наплаќаат. Бидејќи бев отсутна 7 месеци од државава кога се вратив откако си ги платив паушалните сметки за вода побарав корективно читање и видоа дека сум во претплата. Година и половина сметката за вода ми беше 0 додека не се усогласив со броилото. Делот за смет ми го одбија според месеците на отсуство кое претходно го потврдив со печатот и визата во пасошот. Имаше малку трчање по шалтери но сепак средив се што требаше. :)

Е само со овие од топлификација неможам да се разберам ама ќе дојдат и тие на ред :D
За ЕВН имам лек , знам обично кога доаѓаат да ги читаат и одамна почнав дома да си запишувам колку имам потрошено , притоа пресметувам и ја чекам сметката која често излегува точна према мојата пресметка. Од топлификација се исклучив лани и да ти кажам право ич не им се замарам веќе. А за водовод, кој ќе се пика сега во шахта :) А изгледа ќе треба да почнам и тоа да го практикувам :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom