Водич за полесно разбирање на автомобилски огласи

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
А како би напишале вие?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Баба со десна пократка нога ја има возено, само од дома до банка. Ја нема многу газено.
Позади и гледаш залепена налепница од некоја фирма и се користела како службена кола.

Кола не се купува од балканот. Прво имаат нереални цени, сакаат да заработат и едно на оглас, а друго на лице место гледаш.
Има клима која одлично работи, а од клима само копче.
Фарбана како со поликолор.

Ретко ќе се најде добра кола ако се знае некој кој домаќински ја има одржувано и причините поради кои ја продава, а тој не ја ни става на оглас и не ја ни продава.
Се друго е лото како ќе се погоди.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
А како би напишале вие?
Како да не сме ретарди? На пример:

Продавам Citroen C3, 2006 година, 1.1 бензин. Поминати 175.000 километри, регистриран до 10.2022.

Повеќе од ова, стварно не прави никаква разлика.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Како да не сме ретарди? На пример:

Продавам Citroen C3, 2006 година, 1.1 бензин. Поминати 175.000 километри, регистриран до 10.2022.

Повеќе од ова, стварно не прави никаква разлика.
Па, реална состојба на производот што го нудиш?
Некогаш си има причина зошто се дополнуваат информации во огласот.
Еве со црвено ти обележав дел од работите што ги имаш ставено во воведниот пост, и ќе ставам по еден ред коментари.
Сум продавал неколку возила, еве за неколку денови ќе огласувам уште едно, и навистина поради заминување во странство.

ШТО ПИШУВА ВО ОГЛАСОТ VS. ШТО ТОА НАВИСТИНА ЗНАЧИ
Водич за полесно разбирање на автомобилски огласи

Изборот на половен автомобил воопшто не е лесна работа. Особено кога треба да се земат предвид сите клучни параметри: година на производство, состојба на каросерија и ентериер, мотор, поминати километри, штети и потенцијални поправки, варијација во цени, споредба на понуди и тн. Згора на тоа, сите овие информации треба да ги прифатите со резерва, затоа што во македонските огласници царуваат препродавачи на автомобили кои во сите огласи ги „штанцаат“ истите фрази кои би требало да го убедат купувачот дека возилото е UNIKAT – PALI VOZI! – иако, можеби е пред распаѓање.



Ве интересираат што значат сите овие „детални спецификации“?

1. KAKO OD FABRIKA – Може да се сретне и во поубедливата и скратена верзија „FABRIKA!“. Означува половен автомобил со 270.000 км., произведен пред 19 години, кај кој препродавачот инвестирал во каросериски поправки, хемиско чистење, перење на моторот и црнило за гумите кои требало да се променат уште пред 3 години.

2. KAKO.NOVO – Не е како ново, ама пристигнала со новиот увоз од Италија. Го возела пристојна госпоѓица која не пуши цигари (нема изгорени седишта од отпушоци) и само левата страна е префарбана. Поминатата километража е вратена за 70-90.000 км, а ако ги погледнете бројките на прозорците од страната која е фарбана, ќе забележите дека не се совпаѓаат со годината на производство (биле скршени и сменети од ударот од лева страна).

3. NOV UVOZ – Автомобилот е пристигнат неодамна на авто-плац. Нема никаква врска со неговата состојба, освен, што можеби сѐ уште не е направено хемиско чистење и не се замачкани сите недостатоци.

4. CENATA NE E FIKSNA – Цената не е фиксна. Очекувано е да платите 200-400 евра помалку. Може да се најде и под фразата „IMA PROSTOR ZA MALA KOREKCIJA NA CENA NA LICE MESTO”.

5. CENATA E FIKSNA – Цената не е фиксна. Очекувано е да платите 100-200 евра помалку. Може да се најде и под фразата „NE SE JAVUVAJ ZA PONISKO OD OVA”.

6. IMA MALI KAROSERISKI ZABELESKI – Има ГОЛЕМИ каросериски забелешки. Најчесто изрешетана од град, нагмечена при паркирање или изгребана со клуч.

7. MOZI ZAMENA – Продавачот е решен да се откачи од автомобилот по секоја цена, затоа што секој друг автомобил е подобар избор од овој.

8. PALI VOZI – Продавачот непотребно објаснува која е примарната функција на секој автомобил, сакајќи да ве убеди дека нема никакви скриени проблеми. Исто како да пишал „може да ве однесе од една до друга локација“.

9. PROVERKA KADE SAKATE – Продавачот сака да ве убеди дека нема никакви проблеми со автомобилот. Најчесто блефира, ако помине – помине.

10. SPECIJALNA CENA ZA KES – Продавачот преферира плаќање во готовина и не прифаќа криптовалути.

11. GUMI MNOGU DOBRI – Гумите уште имаат видливи шари и не се мазни како кора од лубеница - возени се само 2-3 сезони. Поминати се со црна боја или леплива течност за да изгледаат уште поново.

12. MAKSIMALNO SOCUVANA I ODRZUVANA – Огласена од прекупец кој ја купил пред 4 часа, нема појма дали е чувана и одржувана.

13. KOLATA E BEZ DENAR VLOZUVANJE – Продавачот сака да каже дека колата е во возна состојба, како и што треба да биде. Ако е истечена регистрацијата, голема е веројатноста дека не поминала технички преглед.

14. UNIKAT – Не е уникат.


Слободно надополнете :)
Цената е фиксна - ако веќе ставам цена, ја ставам последната за да не ме гњават секакви будали, немам ниту време да се расправам по телефон, ниту пак желба да се пазарам.

Има мали каросериски забелешки - сум го ставал ова, и ќе го ставам повторно, и да навистина се работи за ситни гребаници од паркинзи. Може и да ги нема, што веројатно ќе ми помогне да ја продадам побрзо (2 спрејови за пластиката на браникот, пола саат полирање, ќе ме кошта 50 евра, а купецот ќе скока од радост дека не е драсната никаде). Значи ако испадне човек коректен и фер да не ви маскира, е проблем?
Инаку јас го ставам за да немам коментари кога ќе дојде, најчесто и ги сликам на засебна слика. Ако му сметаат такви ситници, подобро да не ме бара, отколку и двајцата да си го губиме времето.

Проверка каде сакате - исто и ова, доколку некој сака да продолжиме до последна фаза за купување, може на негов трошок да си направи проверка, а ако видам дека пробува да ме прави будала со мајсторот јас ќе го однесам во овластен, ама ќе си плати и поскапо од тоа што барам. Пробале да ме прават будала еднаш, со ваква финта, и им го давам како опција однапред.

Гуми многу добри - да, доколку сум ги сменил истата година имам право да дополнам во огласот дека нема да има вложување за гуми. Исто и за сервиси, обично чувам сметка од тоа што сум купил, и ако навистина имам направено му давам список од деловите, негово е да верува или не.

Максимално сочувана и одржувана - исто и ова, кога купувам возило го купувам за себе и го одржувам навремено. 80% од вожњата ми е на отворено, и последно што сакам да ризикувам е да останам на патишта низ државава, или надвор.


Јас разбирам дека најголем дел од тие што продаваат се преваранти, ама не е правило. Темава повеќе ми изгледа на исмевање, отколку на помош што и како треба да се внимава, од типот на: типови на чад, звук на моторот, вибрации, сијалички на шалт таблата, како да препознаат удрено, како да препознаат префарбано, како да препознаат тумбана, како да препознаат продуван мотор, проблем со турбо, проблем со филтри и тн.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.253
Гуми топ.

На еден оглас еден познат купи кола од реклама3 на која гумите и беа сликани и беа со добра шара. Кога ја зеде колата виде дека гумите се 12 години стари и суви кои покрај шарата се лизгаа на асфалтот на сред лето ко на снег. Кога ги смени и ја крена старата гума со една рака за малку да се скинеше гумата во неговата така.

Да да гуми ТОП.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Како да не сме ретарди? На пример:

Продавам Citroen C3, 2006 година, 1.1 бензин. Поминати 175.000 километри, регистриран до 10.2022.

Повеќе од ова, стварно не прави никаква разлика.
"Servis koga imas praeno? Gumite koga se menuvani? " ima eden kup prasanja, ali ovie dve ko primer za sto bi te prasal na takov oglas.

Bas pravi razlika. Za da ne si trosis vreme na tel i na 20 dusi da objasnuvas se po red, najubavo e da napisis na oglas. U ovoj slucaj filtriras lugje koi ke se javuvaat da prasuvaat eden kup raboti i na kraj pak nema da dojdat da ja vidat.

Vremeto e pari i samo ke si go trosis so takov kratok opis.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Да се разбереме, текстот не е за помош при избирање на автомобил, туку за исмевање на ретарди (најчесто препродавачи) кои мислат дека сите купувачи се ретарди.

Може ќе напишам и вистински совети, ама ко што преовладуваат глупаци кои паѓаат на вакви фори, најверојатно ќе биде џабе трудот.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.966
Колата е од прв газда. Таблиците кривопаланечки, газдата од Прилеп.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom