Водич за полесно разбирање на автомобилски огласи

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.877
Поени од реакции
33.427
ШТО ПИШУВА ВО ОГЛАСОТ VS. ШТО ТОА НАВИСТИНА ЗНАЧИ
Водич за полесно разбирање на автомобилски огласи

Изборот на половен автомобил воопшто не е лесна работа. Особено кога треба да се земат предвид сите клучни параметри: година на производство, состојба на каросерија и ентериер, мотор, поминати километри, штети и потенцијални поправки, варијација во цени, споредба на понуди и тн. Згора на тоа, сите овие информации треба да ги прифатите со резерва, затоа што во македонските огласници царуваат препродавачи на автомобили кои во сите огласи ги „штанцаат“ истите фрази кои би требало да го убедат купувачот дека возилото е UNIKAT – PALI VOZI! – иако, можеби е пред распаѓање.



Ве интересираат што значат сите овие „детални спецификации“?

1. KAKO OD FABRIKA – Може да се сретне и во поубедливата и скратена верзија „FABRIKA!“. Означува половен автомобил со 270.000 км., произведен пред 19 години, кај кој препродавачот инвестирал во каросериски поправки, хемиско чистење, перење на моторот и црнило за гумите кои требало да се променат уште пред 3 години.

2. KAKO.NOVO – Не е како ново, ама пристигнала со новиот увоз од Италија. Го возела пристојна госпоѓица која не пуши цигари (нема изгорени седишта од отпушоци) и само левата страна е префарбана. Поминатата километража е вратена за 70-90.000 км, а ако ги погледнете бројките на прозорците од страната која е фарбана, ќе забележите дека не се совпаѓаат со годината на производство (биле скршени и сменети од ударот од лева страна).

3. NOV UVOZ – Автомобилот е пристигнат неодамна на авто-плац. Нема никаква врска со неговата состојба, освен, што можеби сѐ уште не е направено хемиско чистење и не се замачкани сите недостатоци.

4. CENATA NE E FIKSNA – Цената не е фиксна. Очекувано е да платите 200-400 евра помалку. Може да се најде и под фразата „IMA PROSTOR ZA MALA KOREKCIJA NA CENA NA LICE MESTO”.

5. CENATA E FIKSNA – Цената не е фиксна. Очекувано е да платите 100-200 евра помалку. Може да се најде и под фразата „NE SE JAVUVAJ ZA PONISKO OD OVA”.

6. IMA MALI KAROSERISKI ZABELESKI – Има ГОЛЕМИ каросериски забелешки. Најчесто изрешетана од град, нагмечена при паркирање или изгребана со клуч.

7. MOZI ZAMENA – Продавачот е решен да се откачи од автомобилот по секоја цена, затоа што секој друг автомобил е подобар избор од овој.

8. PALI VOZI – Продавачот непотребно објаснува која е примарната функција на секој автомобил, сакајќи да ве убеди дека нема никакви скриени проблеми. Исто како да пишал „може да ве однесе од една до друга локација“.

9. PROVERKA KADE SAKATE – Продавачот сака да ве убеди дека нема никакви проблеми со автомобилот. Најчесто блефира, ако помине – помине.

10. SPECIJALNA CENA ZA KES – Продавачот преферира плаќање во готовина и не прифаќа криптовалути.

11. GUMI MNOGU DOBRI – Гумите уште имаат видливи шари и не се мазни како кора од лубеница - возени се само 2-3 сезони. Поминати се со црна боја или леплива течност за да изгледаат уште поново.

12. MAKSIMALNO SOCUVANA I ODRZUVANA – Огласена од прекупец кој ја купил пред 4 часа, нема појма дали е чувана и одржувана.

13. KOLATA E BEZ DENAR VLOZUVANJE – Продавачот сака да каже дека колата е во возна состојба, како и што треба да биде. Ако е истечена регистрацијата, голема е веројатноста дека не поминала технички преглед.

14. UNIKAT – Не е уникат.


Слободно надополнете :)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
22.593
Поени од реакции
50.826
NAJFUL OPREMA - Волан, Менувач, 3 педали и тетрис дисплеј

NE BI JA PRODAVAL AMA... - Прекупец. Без ама, сместа би ја продал! Затоа и ја огласил нели.

NAJPOGODENIOT MOTOR - Најпогоден, од дефекти.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
15.323
Поени од реакции
21.324
M PACKET - Ова на секое второ БМВ го има. А колата најчесто нема врска со BMW M освен некоја лепенка.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
1.682
НАПРАВЕН ФУЛ СЕРВИС=максимум масло е сменето, без филтри, некое најевтино можно од шкљ марка.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.022
Поени од реакции
3.869
Преместете во Чек Дис Аут пошто ептен на заебанција ја затеравте работава.....
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.711
Поени од реакции
2.800
Колата е коска o_O
Најфул опрема предните врати со електрика за прозори ,а задните со рачка механичка :D:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
27.920
Поени од реакции
50.307
Oд опрема, нема што нема. Опремата е со дали 30% од целокупната додатна опрема што може да се нарача со колата.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.528
Поени од реакции
13.795
Озбилно, што им значи тоа уникат? На секоја трета кола го пишува. Сигурно не мислат дека таа кола е буквално уникатна, нешто со посебни додатоци, па ниту една друга на светот нема како неа, нели?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
22.593
Поени од реакции
50.826
Озбилно, што им значи тоа уникат? На секоја трета кола го пишува. Сигурно не мислат дека таа кола е буквално уникатна, нешто со посебни додатоци, па ниту една друга на светот нема како неа, нели?
UNIKAT ти е исто што и SALON
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
1.682
Озбилно, што им значи тоа уникат? На секоја трета кола го пишува. Сигурно не мислат дека таа кола е буквално уникатна, нешто со посебни додатоци, па ниту една друга на светот нема како неа, нели?
Уствари значи дека е лупната едно три пати и на нејзе има 10 кила кит...т.е. е уникат зошто таква со 10 кила кит нема фабрички излезено. :pos:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.611
Поени од реакции
4.333
Колата се продава поради хитно заминување во странство - ова заминување е одамна планирано па најверојатно сервиси, поправки се одложувани и не се направени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom