Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Teрминот stock photo всушност означува фотографија за комерцијална употреба. Всушност, сите оние беспрекорни фотографии кои ги гледате по билбордите и другите маркетинг кампањи, по списанијата и промотивните материјали претставуваат stock photos.
ОСНОВНА ПОДЕЛБА
Stock фотографијата генерално може да се подели на две категории:
a) microstock
b) traditional
Која е разликата?
Microstock stock фотографијата e aктуелна токму во последните години и претставува нов начин на продажба на фотографии. Најпознати агенции кои се занимаваат со овој бизнис се IstockPhoto и Shutterstock. При купувањето на фотографиите, купувачот плаќа еднократен износ за временско неограничено користење на фотографијата (Royalty Free) и притоа никој не ја поседува ексклузивноста на фотографијата, односно истата може да се продава во неограничен број и на неограничен број купувачи. најголемиот број фотографии кај овие агенции се од фотографи аматери и ентузијасти, но нивните фотографии не се ништо полоши од оние на професионалните фотографи. Зачленувањето во овие агенции е бесплатно.
За разлика од microstock, traditional stock фотографиите се продаваат преку големите агенции како Corbis, Getty Images, Jupiter Images... Oвие фотографии се rights menaged, па агенцијата му наплатува на купувачот за секое искористување на фотографијата. Со купувањето на фотографијата, купувачот може да има право и на користење на една година, а може и да ги откупи ексклузивните права на фотографијата (не би сакале некој да употреби иста фотографија во друга кампања, нели?). Цената на овие фотографии достигнува и до неколку илјади долари, а најчесто е неколку стотини.
Секоја stock фотографија треба да е беспрекорна и да задоволува одредени строги технички критериуми, но и критериуми во поглед на естетиката за да биде прифатена од stock агенциите. Што значи ова? Никакви отстапки во поглед на фокусот, композиција, ниско ниво на артефакти и noise кое е дозволено, какои вметнување на голем број на клучни зборови. Освен ова, пожелно е и познавање на Photoshop во добивање на високи резултати и нормално - поголем квалитет на фотографијата.