Ајде отвори очи. Јас веќе сум разговарал со многу фирми и се готови да го имплементираат. Во крајна сметка ако немаш пари и одиш да шеташ значи им го губиш времето на вработените и си потенцијален ризик. Секако целта на тоа е фокус кон вистинските клиенти. И ако идеш да купиш на пример патики не е проблем да платиш 30 денари такса влез во Молот или супермаркетот и секако кога ќе ги купиш патиките на пример на касата ќе ти вратат 25 денара. 5 денара се такса од која ќе се платат чистачките, одржавањето на молот и слично.
Зависи како. Плаќаш такса влез и после ти враќаат дел од парите кога купуваш нешто. Ова е убаво во салоните на мобилните оператори да се воведе како и во ексклузивните продавници. Веќе во Русија го има во скапите трговски центри.
Да не си Охриѓанец со сличен бизнис, по некоја "случајност"? Ова не е нормално да се имплементира сегде.
А ако немам намера да купам? Онака ми се шета да видам што има по излози, или внатре во продавниците, без намера да купам. Како што рече Саладин, ова е најголема глупост што му се случила на до сега веќе длабоко капиталистичко уредување. И некој после ќе ми ја спомнува Русија како противтежа на капиталистички САД ... Овие се поскренати и од Американците.
И нека е 30 денари таксата. Нека е бе и 20. Се случува ете да требам да купам нешто некому за роденден. Како што немам слободен пристап, требам да платам за да влезам и разгледам. Не наоѓам нешто што ми треба таму, идам на друго место, па на трето и тако даље. Може ќе се вратам на претходно место затоа што нешто друго не сум нашол, па ете нешто претходно што сум видел ќе го земам ко за поклон. Се на се, само за влез и разгледување, јас ќе треба да фукнам 200-300 денари? Не фала. Луѓе има што купуваат поклони некому и за пола од таа цена, бидејќи толку располагаат со финансии.
Остај ако да речеме купувам нешто за женско, па треба и другарка да донесам со мене за помош околу избори и идеи. Треба и она да фукне 200-300 денари само за да ме дружи и да помогне? Тоа ти е 400-600 денари од 10 минути време. Сите преку ноќ невиден капитал само од шетачиве ќе добијат. Разбирам зошто ти е привлечно ко идеја, ама за да се постави, треба да има простор и услови. Кај нас како што рекоа и другиве, ова е финансиско самоубиство. Во ек на економска криза, фрапантен процент на невработеност, и умирачка средна класа, ова да го поставиш како режим овде треба да се навистина нетокму во тоа тиквата. 8 години градење некаква си економија и покрај овие проблеми отишле во неповрат, помножени со нула.
Како што рекоа и други членови, ова ќе функционира во богати квартови, каде има поголема популација богати луѓе, елитни ресторани и молови, и доволно голема средна класа да ги исполни работните позиции во овие места. Каде си се залетал и ти и тие имагинарните фирми со кои си разговарал со овој концепт, овде? Овој новиов трговски/ресторан што ќе го отвараат на плоштад, ај како било, некој ако влезе најверојатно има намера да седне и да јаде/пие, и има подлабок џеб, таксата ќе ја покрие од чиста формалност, со тоа што 10 пати поголем од неа бакшиш ќе остави на маса. Ама тука се погодени условите бидејќи не се работи за општо режим, туку таков кој е стациониран на едно место кое добро си ја познава клиентелата и знае да се одржи на скапо и елитно ниво. Чисто прометно можам и Пелистер да го спомнам, со претпоставувам помала такса од другово место за кое зборев, ама пак, ова ти се исклочоци. Никој нема да ти плаќа такса за да влезе во Веро и Тинекс, уште па помалку Кам маркет. Да не зборам за остали помали продавници.
Сума сумарум: This is bullshit on the highest scale.