Воаjеризам

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Тука мислам на оној "телевизискиот".
На reality shows и емисии од типот на "Момент на вистината" и сл.
Места каде што луѓе за пари прават, да речеме, чудни работи, а ние како гледачи, всушност плаќаме за истото.

Инаку, на почетокот на темава нема да изнесам свој личен став, туку прво ќе ве запрашам:
-Зошто ги гледате (или не ги гледате)?
-Што мислите за таквите емисии?
-Зошто сметате дека се толку популарни?

итн...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Постојат две категории на луѓе кои барем јас ги поврзувам со слични event-и:
-ги натерала маката да се упуштат во очаен обид за стекнување на пари по цена на злоупотреба на основен човечки дигнитет
-хроничен недостаток на идеи резутирал со амбивалентна желба за докажување.

Јас можеби и можам да ја разберам првата категорија (некаде прочитав дека на некое такво дејание извесен тип сакал да собере пари за операција) вистински нема друг избор, ама втората не можам никако!
Ај они, ама имаат ли нормален човек во блиска околина: родител, пријател, нешто?

Слободно нека ми се нафрлат сите како сум застарен модел ама малку е да се каже дека е невкусно, гадно, одвратно и незамисливо до каде е отидена деградација на нашето општество.

п.с. Ада имаш мала печатна грешка(лапсуз) во насловот во пишување:smir:
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Јас би сакал да знам кое е твоето мислење?
Ако ме прашуваш лично за реалните шоуа што се случуваат мислам дека тоа го имаме во нас уште од дете.Секогаш сме сакале да видеме пар како се бацува,или ако има некој инцидент ќе сме се загледале,а постарите ќе не искарале да не гледаме.Во повозрасна фаза не го правиме тоа за да не бидеме неучтиви но ваквите емисии ни даваат отворен простор за да си ја задоволиме љубопитноста и никој да не ни замери за тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Инаку, на почетокот на темава нема да изнесам свој личен став, туку прво ќе ве запрашам:
-Зошто ги гледате (или не ги гледате)?
-Што мислите за таквите емисии?
-Зошто сметате дека се толку популарни?
- Не ги гледам/е
- Ништо, у ствари мислам дека се за нигде али моето мислење нема големо значење
- Популарни, зависи менталитет, генерациски. Башка ако размислиме дека некој осим ова друга забава нема у живот (од икс реални причини) ...секако ќе ги разбереме и оправдаме и тие луѓе, посебно постарите од мене, пензионерите де :) (не адхок да ги отфрламе нивните интереси и не/можности)

И така, ваљда за шеска :)

.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
:
-Зошто ги гледате (или не ги гледате)?...
Не ги гледам од причина што никогаш не ме привлекувале емисии на кој основниот концепт е да се преслика некаква реалност на обичен човек и да се пренесе кон друг обичен човек од проста причина што обичните луѓе се досадни барем во најголем дел од нивното егзистирање.

-Што мислите за таквите емисии?
Мислам дека си ја исполнуваат целта (заработка на милиони и милиони од гледачите), немаат никаква уметничка вредност и како такви инстант - забава набрзо ќе се заборават но реков дека тие се ја исполнуваат нивната основна цел


-Зошто сметате дека се толку популарни?
Причината е едноставна се препознаваме во главните јунаци, за разлика од филмовите каде што се прави глорификација на главниот јунак кој има некој екстра-квалитети овде главните јунаци прдат/ се ебат, ги гледаме нивните слабости и не се нешто екстра-посебни и како такви ни се блиски до нас. Многу се едноставни и некомплицирани исти како и нас и воопшто не треба да се напрегнуваме со сивата маса доволно е само да пуштиме да флуктира по таа фрекфенција.


Додека момент на вистината е типична медиумска вивисекција
 

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Во секој од нас има воајерска особина само различно изразена... кај некого повеќе, кај некого помалце. Иако ги сметам тие реалити шоуа за имбецилни, неможам да кажам дека не сум се фатил себеси како ги подгледнувам од време на време.

Едноставно љубопитноста (воајеризмот) е вродена кај човекот и сметам дека е сосем нормална работа додека се одвива во некои нормални граници или како начин на осознавање на човечката психа. Опасно и лошо е кога тоа ке се претвори во зависност или фетиш, начин на живеење и задоволување на одредени потреби кои немаат допирни точки со тој аудио-визуелен момент.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Ја најмногу мерак има порно филмој да гледа. Ме прајт то воајер?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тука мислам на оној "телевизискиот".
На reality shows и емисии од типот на "Момент на вистината" и сл.
Места каде што луѓе за пари прават, да речеме, чудни работи, а ние како гледачи, всушност плаќаме за истото.

Инаку, на почетокот на темава нема да изнесам свој личен став, туку прво ќе ве запрашам:
-Зошто ги гледате (или не ги гледате)?
-Што мислите за таквите емисии?
-Зошто сметате дека се толку популарни?

итн...
Не ги гледам...не гледам телевизија многу....едно време за сеир Џери Спингер и за смеа:vozbud:хард кор булшит...ма баш воајеризам аххаха
Трошење време на безначајни срања снимени на анонимна локација со некакви ликови кои дошле од некаде и се мотаат наоколу...

Тоа се емисии кои се работат со многу мали вложувања,не треба којзнае каков напор,ефтина ТВ продукција за лоботомија на населението...кој сега ќе прави издржани и осмислени документарци,патеписи,драми...ехеееее...не е баш ИН...а и балканскиве телевизии не се Би Би Си или Ај Ти Ви...освен до некаде ХРТ веројатно...

Како зошто? Нели да им го дадат на населението она кое што тоа го бара (ах тој Еди Бернејз...:tv:)
А пред се го форсираат она убаво и незаменливо чусвство на избегавање на ангажман за мозокот...тука е тајната на успехот...
Ако продолжи вака за 20 години ќе има реалити шоуа без луѓе само камера која е фокусирана на некој ѕид или ставена покрај автопат и само пренесува како врви сообраќај...

 
S

smart ass

Гостин
Не се замарам со шоу..и такви шитови налик шпански серии...хистори чанел се океј и сајнс:toe:

Еве типични воајери се др.хаус ванабите...ццц:icon_lol:
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
За ова опшество во кое живееме овие емисии се многу полезни.Им помагат на луѓето да си го излечат својот емоционален отров преку озборување и исмејување на членовите на шоуто,преку судење,преку нервирање за тоа што прават работи кои не им допаѓаат и сл.Оние кои учествуваат исто така си го лечат емоционалниот отров преку докажување,карање,озборување и сл.

Во општество какво што треба да биде(полно со љубов и простување)овие емисии нема да треба да постојат бидејќи никој нема да има емоционален отров за лечење.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не ги гледам, единствено порано ги гледав само заради Тони Михајловски И Сања Николиќ. Се смеев многу не шегите од Тони Михајловски :pos::pos::pos::pos::pos:, се сеќавам еднаш се јави еден болен ум и нормално си правеше муабет со Сања и пред да заврши разговорот и вика Сања, а таа прашува молим? Да ти го турам у уста :pos::pos::pos::pos::pos: .
Добро сега за темата, од хиперпродукција на глупости јас одлучив ниедна глупост да не гледам освен Јанко јади бурек, него само го гледам. Инаки вести, контактни емисии, реални шоуа, моменти на вистина, квизови не гледам. Е и Игор Џамбазов квиз кај што дели пари го гледам, кога ќе го начекам. Тие се шоумени и умеат вистински искрено да ме насмеат, знаат шега за себе да направат позитивно да се искритикуваат тоа е. Инаку од телевизија само филмови и серии гледам....
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ја најмногу мерак има порно филмој да гледа. Ме прајт то воајер?
Еј, ај да не изигравам лошо модератор4е и као да oпоменувам, да се бришеме и ствари, дај да се договориме да нема вакви постови.

Нагласив у воведот на каков тип на емисии мислам.
Држете се до тоа, ок?
 
M

marsovka

Гостин
Еј, ај да не изигравам лошо модератор4е и као да oпоменувам, да се бришеме и ствари, дај да се договориме да нема вакви постови.

Нагласив у воведот на каков тип на емисии мислам.
Држете се до тоа, ок?
не може да се обработува општествен воајеризам не само преку емисии туку преку бутање нос у туѓи животи
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Дефинитивно не ги гледам.
Можеби кога би била последен човек на планетата....
И би била на пуст остров...
И кога би имала само телевизор...
И на телевизорот би имало само такви програми....
И да нема палми...
Ке има ли палми?
Ок, сериозно НЕ!
Сметам дека е многу глупав начин да се помине времето.Толку им е неисполнет и досаден животот на некои луѓе што мораат да го минуваат времето гледајки други луѓе како тие го минуваат својот.
Патетично!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Дефинитивно не ги гледам.
Можеби кога би била последен човек на планетата....
И би била на пуст остров...
И кога би имала само телевизор...
И на телевизорот би имало само такви програми....
И да нема палми...
Ке има ли палми?
Ок, сериозно НЕ!
Сметам дека е многу глупав начин да се помине времето.Толку им е неисполнет и досаден животот на некои луѓе што мораат да го минуваат времето гледајки други луѓе како тие го минуваат својот.
Патетично!
еве и ја не ги гледам, а воедно и сум хејтер на форум и во живо и ги мразам...ама нели, се е релативно :)
сум ја гледал оваа велики брат серијава 2-3 пати, еден од тие 3 пати ми бил интересен и ми го пополнил времето убаво...
можеби се ретардирани,но не во апсолутност, се е релативно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom