Внес на UK LLP во Централен Регистар

Член од
29 јули 2021
Мислења
1
Поени од реакции
2
Дали некој има отворено странска фирма и регистрирано кај нас во централен регистар?
(https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/iz...i-investitsii-rezidenti-vo-stranstvo?idV=6855)

Проблемот е што отворам UK Limited Liability Partnership/LLP (слично на US LLC), само што нема акции и има двајца членови во партнерството. Проблемот е што нема минимум основачки капитал или влог, а во централен регистар викаат дека мора да има за да се пријави. За да биде проблемот поголем, за LLP нема потреба од обврзувачки договор меѓу партнерите заверен на нотар или каде било, доволно е и вербален договор меѓу партнерите за пример дистрибуција на профитот, поделба на улогите, итн. LLP како правно лице е даночно транспарентно, односно не плаќа данок на добивка (корпоративен данок), туку членовите плаќаат данок на личен доход на нивниот дел од профитот уште пред да се дистрибуира. Ова е покриено во нашиот договор со Англија за двојно одданочување, ама не знам кој да прашам како би ја гледале мојата ситуација од УЈП или кај било.

Дали има некој слична ситуација или знае некој што може да помогне? Три пати одам и во ЦРМ и во УЈП, ме гледаат како од Марс паднат. Само една се најде посолидна во ЦРМ да ме упати дека МОЖЕБИ би можеле да ја впишат инвестицијата ако им донесам некаква потврда дека нема основачки влог за овој тип на трговско друштво?? Сакаат да им го испечатам законот на Англија за трговски друштва или како?

Секоја помош е добредојдена.

П.С. Бев и кај скоро 10 нотари и адвокати, никој нема појма. Една дури и ми предложи да не ја пријавам инвестицијата оти немало шанса да ме откријат од УЈП... А ми треба потврда од ЦРМ за кога ќе ми легнат парите тука.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.164
Koja e celta na otvaranje LLP vo stranstvo a zemanje pari vo MK? Mi izglea ko da pokusavas da izbegnis danok vo Anglija. :D

Ako registriras LTD ke imas dokument sho primer pokazuva poceten vlog 100 funti. Normalno so ova ke imas corporation tax, ali ke si dades minimalna plata bez da plakjas danok i NI, i drugoto ke si go zimas u dividendi sekoi 3 meseci :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.352
Поени од реакции
18.205
Мислам дека нема да најдеш опција како што бараш тука, најблиску до ова ти е да основате ДОО. Но: ќе ти треба почетен влог, ќе треба да овластите еден да биде управител, ако тоа што го работиш е ослободено од данок може да не те оданочуваат втор пат (види закон за ДДВ, член 14 став 3).
Еве читни тука на кратко што ти треба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom