Вмешаноста на црквата некогаш и сега

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Интимниот живот го контролирала црквата

Секс во средниот век

Согласно црковниот указ жената за време на половиот акт била должна да се однесува скромно и тивко, то ест да лежи мирно, колку може помалку да мрда -дури и ич , да не испушта никакви звуци и слично , ноќницата при тоа никако да не се соблекува . :pos: И мажот изненадно во касни саати се враќа дома од лов се упатува во спалната соба кај жена си и го исполнува својот сопружички долг . Мора да се нагласи дека жената се однесувала токму онака како што е погоре наведено , то ест била ладна и глас не испуштала , а на утрото се покажало дека таа уште вечерта додека маж и бил на лов веќе била мртва. Таа историја дошла до самиот папа, и после тоа бил донесен указ во кој жените во тие моменти на исполнување на својата обврска мораат одвреме навреме да покажуваат знаци дека се живи .Накратко црквата ја симнала забраната за апсолутна пасивност на жените .



Во тие времиња сексуалниот живот на човекот бил под целосна контрола од црквата - свештениците.
Но,во исто време самите тие контролори- свештеници биле многу љубопитни и сакале се’ да знаат за интимниот живот - односно што се случува во постелите на мирјаните. .

Сексуалните пози : Никакво разнообразие

Црквата диктирала како имено треба луѓето да имаат секс . Сите пози освен «мисионерската» се сметале за грев и биле забранети .
Забранети биле и оралниот и аналниот секс како и мастурбацијата - затоа што тие видови на контакт не водат кон зачнување и раѓање деца . Сите оние кои не се придржувале строго кон забраните - биле казнувани и тоа сурово- три години покајување и служење на црквата за секс во било која од „девијантните“ пози. А како дознавале?!- На нив доброволно им раскажувале луѓето на исповед- освен тоа „ Сподели со мене чедо , како ноќеска ја имаше жена ти?:pos:

Burchard of Worms дури ја направил и скалата на сексуални гревови на пример за мастурбација мажот се казнувал со 40 до година дена на леб и вода . Десет дена на леб и вода ги казнувале доколку имал секс во некоја недопуштена поза, или со бремена жена, или ако таа била «нечиста» (менструација). за секс во недела четири дена на леб и вода, а за секс за време на христијански праздници – 40 дена. Времетраењето на казната се намалувала на половина, ако мажот бил пијан.

Интересно е и ова од Бурхард во однос на женската сексуалност, свештениците им поставувале на жените прашања : дали користеле некаков афродизијак ( ако е да, две години казна) ,дали имале секс со други жени (пет години казна ),со животни (седум години), дали абортирале (десет години казна), дали голтале сп..ма (казна седум години) или ставале од својата менструална крв во јадење или пијалок на мажот за да ги возбудат (пет години казна). Според мислењето на проповедникот секое дејсвие кое води кон сексуално возбудување е грев- такви биле: говорењето на разни „прљави„ ствари или смеењето над нив, пеењето или слушањето на некои„еротски песни„ капењето во заедничка бања , како и пипкањето и бакнувањето на женските гради и гениталии

Некои теолози од тоа време предлагале помеко оценување на половите контакти , например, распоредување на допустливите пози по ред на нивната грешност : 1) мисионерска, 2) на страна, 3) седечка, 4) стоејќи, 5) одзади. Богоугодна била само првата -а останатите се сметале за «морално сомнителни», но не и грешни. Во основа, причина за нивната„ мекост „ била што имало неретко луѓе кои страдале од дебелина и не биле во состојба да се занимаваат со секс само во безгрешната поза а Црквата не можела да му излезе на страдалникот во пресрет .

Хомосексуализмот: Само смртна казна

Позицијата на Црквата во однос на хомосексуализмот била јасна- ни под каков предлог! Содомијата била окаректеризирана како «против природата » и «богопротивно» поведение и се казнувала со смртна казна за да се истера од нив демонот или да се искупат за гревовите - Но постојат и записи каде некои претставници на високото општество сепак го практикувале хомосексуализмот - таков пример бил англискиот крал Ричард I, кој пред да се сретне со својата идна жена бил во сексуална врска со својот брат. Исто така има запис -да кралот за време на своиите посети во Франција «јадел од еден тањир » со францускиот крал Филип II, а ноќите «спиел во иста постела со него и имал страсна љубов ».

Сексуална дисфункција: на болниот гаќите долу

Ако мажот од некакви причини неможел да се занимава со секс Црквата испраќала кај него «приватни детективи » — просветлени од опитните селски жени , кои им го разгледувале «достоинството» и оценувале во каква состојба е , обидувајќи се да ја појаснат причината за неговата полова немоќ . Ако пенисот бил деформиран или имал други патологии, Црквата давала дозвола за развод поради неспособноста на мажот за продолжување на родот
--- надополнето: 5 ноември 2013 во 19:46 ---
текстот е превземен од украински сајт и преведен , така да линкот и нема којзнае колку да ви значи и да го постирам
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Црквата за тоа време највероватно била двигател на опшеството од сите аспекти, и никако не може да се спореди со денешната црква.
Во прашање била традиција и обичаи за кои луѓето во тоа време мислеле дека се вистинскиот пат кон опстанок.
Ја разбирам поентата, но не може се` да и се препише на црквата. Луѓето ментално еволуирале, се јавила потреба од водачи, некакви правила.. и хиреархија без која не може да се замисли контрола на човештвото како вид.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
73
Поени од реакции
97
Црквата отсекогаш била, е и ќе биде најголемата хипокризија што некогаш постоела..
Проповеда скромност, воздржаност, морал, етика, чистина на душата и телото, а самите тие отеци и попови се грешни како самиот ѓавол (овој став нема никаква врска со фактот што сум си верник во Бога :)).
Не знам за православните (не сум многу информирана) ама знам дека свештенството во Ватикан ни 10 чистилишта не можат да го исчистат од гревовите...почнувајќи од лажење, крадење, содомија, педофилија, убивање, саботирање и што ли уште не...и истите тие проповедаат морал и етика и го слават Бога или уште потрагично демек се то прават е во чест на Бога или таква била Божјата воља ...е како да не!!
Како и да е, точно е дека и црквата и општеството еволуирале и многу работи се сменети, ама лицемерието на црквата останува исто.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
А всушност знаете зошто мисионерската се вика мисионерска поза?
-Индијците најчесто додека се сексале, жената била одозгора а мажот лежел на грб.За нив таа поза била најстраствена, културна, љубовна поза.Тие не знаеле за мисионерксата поза се додека мисионерите од англија не ги окупирале. Тогаш тие виделе како се сексаат европјаниве и така дознале за позата. На почетокот ја сметале за лоша поза бидејки за нив било чудно мажот како некоја горила одозгора да ја силува жената која била со расчепени нозе. Не било за нив тоа толку романтично напротив им изгледало грдо, насилно, нешто како силување. Но со тек на време ја прифатиле но називот останал ист.
И јас се согласувам со тогашното мислење на Индијците, жената кога е одозгора све е на видик, се може да се опипа, и најдобро се гледа движењето на убавото женско тело.
На второ место е доги стајл.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Хомосексуализмот: Само смртна казна

Позицијата на Црквата во однос на хомосексуализмот била јасна- ни под каков предлог! Содомијата била окаректеризирана како «против природата » и «богопротивно» поведение и се казнувала со смртна казна за да се истера од нив демонот или да се искупат за гревовите - Но постојат и записи каде некои претставници на високото општество сепак го практикувале хомосексуализмот - таков пример бил англискиот крал Ричард I, кој пред да се сретне со својата идна жена бил во сексуална врска со својот брат. Исто така има запис -да кралот за време на своиите посети во Франција «јадел од еден тањир » со францускиот крал Филип II, а ноќите «спиел во иста постела со него и имал страсна љубов ».

Едно пресно предавање за половата определба во европското средновековие и ставот на црквата за истата.

 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.242
Поени од реакции
27.584
Во средниот век било традиција да има сведоци за време на конзумацијата на бракот. Колку поважни личности, толку повеќе сведоци.
Замислете семејство и гости од свадбата да ве гледаат додека имате секс. what a turn off. :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Пред некој ден слушам гејскава црква се јави со осуда против ЈОГАТА како таа не била во согласност со христијанската вера :facepalm: Си велам има ли нешто останато нечепнато од раководниот орган на гејската православна црква. Од се“ се незадоволни , постојано се наметнуваат и диктираат свои ставови
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Пред некој ден слушам гејскава црква се јави со осуда против ЈОГАТА како таа не била во согласност со христијанската вера :facepalm: Си велам има ли нешто останато нечепнато од раководниот орган на гејската православна црква. Од се“ се незадоволни , постојано се наметнуваат и диктираат свои ставови
Чисто информативно, кое е мислењето на МПЦ за јогата, ако воопшто постои такво.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Еве ги и МПЦ се огласија.Мислиш ме читаат. Види како се културни нашиве, а не ко грчкине крвници.

Православна црква, по состанокот на Свештениот синод кој се одржа во Грција, излезе со став по повод прогласувањето на Светскиот ден на јогата од страна на ООН, кој ќе се одбележува секоја година на 21 јуни.

Ви го пренесуваме соопштеието во целост:

„Во врска со ова, Православната Црква во контекст на почитувањето на слободата на вероисповедание, за да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам, ја потсетува православната паства дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“.

Од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.

Ова го соопшти Митрополитот Брегалнички Иларион, завчера на проповедта после Светата Божествена Литургија која се одржа во Лесновскиот Манастир, на која тој чиноначалствуваше. Меѓу другото, тој додаде дека сите, навидум наивни јога вежби за опуштање, кои се наметнуваат на луѓето како ,,модерен” начин за смирување по стресниот ден или на бремените жени за лесен пораѓај и слично, всушност претставуваат одрекување од Светата Православна вера и одрекување од Христа.

И како надлежен Митрополит на Брегалничката Епархија, на сите членови на Едната Света Православна Црква, кои практикувале или практикуваат јога вежби (можеби и од незнаење), да прекинат , да се покајат и исповедаат , а во спротивно, на сите кои несакаат, тој им даде анатема, да не пристапуваат до Чашата се до денот на нивно покајание. А на сите присутни верници на Богослужбата , Митрополитот им зададе послушание да бидата еден вид апостоли и да го пренесат ова на оние кои не биле присутни на Богослужбата тој ден.

Да го споделеме ова, браќа и сестри, за да прочитаат што повеќе луѓе и да не си нанесуваат штета на душите од незнаење!“


:icon_lol:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
^
ova se druze smejurii - nemaat popametna rabota ni MPC
a kakov stav imaat vo odnos na „Mahabharata„:pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Добро, дали ова мешање е дозволено и легално за една секуларна држава?
ФОТО: Ученици од Пробиштип однесени на молитва во црква за почетокот на учебната година, родителите не знаеле?!

Според извори кои ги испратија фотографиите, на дел од учениците им било кажано дека мораат да присустваат на религиозниот настан, а родителите за Молебенот дознале дури отпосле – од страна на нивните малолетни деца.
Не е јасно зошто одговорните во училиштето постапиле на ваков начин, и зошто не е испочитувана уставната категорја за секуларност помеѓу црквата и државата, односно зошто дел од учениците биле принудени да присуствуваат на религиозен собир.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Добро, дали ова мешање е дозволено и легално за една секуларна држава?
Ниту е дозволено, ниту легално, ниту етички. Да му се случи ова на мое дете, ќе си видат со кого имаат работа. Искрено се надевам дека има родители меѓу тие деца што нема да го остават ова туку така да помине и ако ништо друго ќе поднесат тужби до иницијаторите на ова.
Нема ништо поподмолно од тоа да индоктринираш деца, и тоа без дозвола и знаење на родители.... Мизерија.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Добро, дали ова мешање е дозволено и легално за една секуларна држава?
ФОТО: Ученици од Пробиштип однесени на молитва во црква за почетокот на учебната година, родителите не знаеле?!

Според извори кои ги испратија фотографиите, на дел од учениците им било кажано дека мораат да присустваат на религиозниот настан, а родителите за Молебенот дознале дури отпосле – од страна на нивните малолетни деца.
Не е јасно зошто одговорните во училиштето постапиле на ваков начин, и зошто не е испочитувана уставната категорја за секуларност помеѓу црквата и државата, односно зошто дел од учениците биле принудени да присуствуваат на религиозен собир.
Очигледно биле со родителите никој не ги фатил за гуша децата и внесол во црква како што сакаат да го престават во јавноста. Но кога ќе се помеша дезинформација, фрустрација со дежурните гладни за плукање на црквата резултира со исказов погоре. Шокирање затоа што деца биле однесени во црква, до каде ја дотеравме? можеби ако децата ги однесат во ЛГБТ центар да видат практично дека не сите принцови бакнуваат принцеза, а има и такви принцови што бакнуваат принц, тоа би било по не-шокирачки акцептирано од широката јавност, и таман ќе одговара со евро-атланските аспирации на Република Македонија.

Учениците од Пробиштип со родителите самоиницијативно присуствувале на литургија

-Училиштето нема организирано никаква иницијатива поврзана со Црквата, вели за НОВА директорката на основното училиште „Никола Карев“ од Пробиштип - Голубина Алексова, откако денеска на социјалните мрежи проструија фотографии дека децата организирано биле однесени на задолжителен Молебен за почеток на учебната година, во локалната црква Успение на Св. Богородица.

Алексова тврди дека старешината на црквата упатил јавен повик преку медиумите до сите ученици да присуствуваат на Молебен во чест на верскиот празник Свети Фануриј – заштитник на учениците. На неговиот повик се одзвале ученици од различни училишта кои со родителите присуствувале на литургијата одржана мината недела.

-Дел од присутните родители, се истовремено и наставници во училиштето Никола Карев. Тие самоиницијативно со своите деца отишле во црквата па оттаму е шпекулацијата дека наставниците ги терале учениците задолжително да присуствуваат. Децата во црква биле со своите родители и тоа на 6 септември, во недела, кога училиштето не работи, вели Алексова.

Дека децата присилно биле однесени во црква, демантираат и од општината Пробиштип, кои велат дека литургијата е традиционална секоја година и нема врска со училиштата.

– Најостро ги демантираме сите паушални искази и на новинарот и на активистите на политички партии кои една вообичаена активност на црквата сакаат да ја претворат во нешто друго. Најодговорно тврдиме дека од страна на училиштата и вработените не е вршен никаков притисок или било какво убедување на учениците за посетување на црквата.

Црквата – Успение на пресвета Богородица во Пробиштип, вообичаено веќе 5та година по ред организира редовна литургија по повод почеток на учебна година, на која никој не е присилен да присуствува, туку за присуството одлучува врз основна на личната волја и убедувања – велат од општината
.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=24285
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Шокирање затоа што деца биле однесени во црква, до каде ја дотеравме?
Нема ништо погнасно од религиозни лицемери.

И што би барало дете од 7-8 години во црква?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Очигледно биле со родителите никој не ги фатил за гуша децата и внесол во црква како што сакаат да го престават во јавноста.
сакаш да кажеш дека на децата им текнало да одат на ...како се вика тоа и јас не сум запознат молебен, молибден...? Овде пишува
Според извори кои ги испратија фотографиите, на дел од учениците им било кажано дека мораат да присустваат на религиозниот настан, а родителите за Молебенот дознале дури отпосле – од страна на нивните малолетни деца.
Не се знае дали наставниците добиле одобрување од родителите на малолетните ученици, да присуствуаат на ваков религиозен настан.
дури и да е добиено одобрение, мешаат државни институции со верски. Секуларност, а школото е државна институција. Дали според тебе, ако добијат одобрение од родителите, утре во Зефљуш треба да очекуваме нешто слично, молење со теписи, па излагање на протести со зелени знамиња, а во 11 октомври крштелно, свеќарник и икона? Дали "утре" нашите внуци ќе учат во цркви и џамии? Доколку имаат потреба, има доволно цркви каде верниците ќе се помолат. Против сум и за мешање на државните и верски празници. Имаше други начини да се регулира таа тема.
Учениците од Пробиштип со родителите самоиницијативно присуствувале на литургија.............
овој демант и објаснување не се никакво оправдување ами доказ повеќе за вината на општината и школото. Од една страна лупаат пари за проекти за класови составени од различни вери и етнички заедници, од друга...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom