Влијанието на интернет трендовите врз децата, ризици и начини за заштита

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.610
Поени од реакции
34.837
Со оглед на последните случувања во Србија, слабите контроли што се смеат да гледаат децата, намалената грижа и комуникација од родителите кон децата, а често и ограниченото технолошко знаење, ја отворам темава каде би можело да се продискутираат проблемите, и потенцијалните решенија.

Да не пишувам многу текст, во прилог се неколку видеа од Нов Зеланд кои се дел од кампањата Keep it Real Online, и во голема мера го доловуваат проблемот.

Порнографија:

Булинг:

Комуницирање со непознати:

Несоодветни агресивни содржини:

Иако постојат студии (студија 1, студија 2) кои го тврдат спротивното, сепак би го оставил како отворено прашање играњето на насилни игри (гејмингот), и нивното влијание врз децата.

И последен дел трендовите со кои наместо да се намалат разликите, се зголемија (Woke, политичка коректност, cancel култура и сл.).

Дел од идеите за превенција:

  • За почеток повеќе внимание од страна на родителите
  • Aктивирање на "Parental Controls" на сите уреди каде е возможно, и внимавање што гледаат и самите родители од истите IP адреси/уреди со цел да се намалат рекламите.
  • Намалување на пристап до социјални мрежи, доколку е возможно и да не им се дозволуваат особено не каде немате баш контрола што се може да следи.
  • За помали деца има и опции за child-friendly search engine (Kiddle, KidRex), кога ќе пораснат малку ќе најдат начин да ги сменат :D
  • Апликации за филтрирање на содржина (OpenDNS, Kaspersky Safe Kids, Norton Family...)
  • Whitelist со страни кои смеат да ги користат (најдобро на рутер, зависи од уред до уред, но најчесто треба да ја имате во Access Control, или ако има посебен панел за Parental Controls).
  • Надгледување (Monitoring) на уредите кои ги користат децата (на некои уреди може на рутер, на броусер исто имате опција на Google Chrome (https://support.google.com/families/answer/7087030?hl=en), или некои од софтверите кои ги пишав за филтрирање.
  • Едукација на децата колку што е можно да распознаваат што е лошо/што е добро, да не кријат доколку некој им пришол/ги контактирал, да не кријат доколку некој ги малтретира.
  • Едукација на родителите од технички аспект.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.958
Поени од реакции
3.663
Не само децата, и возрасните збеснаа со интернетот. Треба ригорозни мерки, пример правење интернетот ужас скап (20 денари минута), да го користи човек за навистина нешто потребно а не цел ден да зјапа во телефонот. А за помали од 18 години забрана на телефони со интернет, и интернет исклучиво на училиште во образовни цели. Тие што сакаат да гледаат порно нека идат во видео клуб и нека си земат касета.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.566
Поени од реакции
38.686
треба да се укинат сите социјални мрежи, поготово Инстаграм и Тикток, пошто и порано имаше интернет но немаше вакви срања. Интернетот треба да биде повеќе форумашење и споделување знаење него билдање его со некакви слики и лајкови. Тоа е мое мислење на работава. Целата штета ја праат социјалните медиуми кои луѓето ги праат психички зависни од лајк.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.353
И пак ќе кажам, не мислам дека се виновни децата ниту интернет трендовите. Проблемот е што родителите се отуѓија од децата и децата се отуѓија од родителите. Постои огромна празнина. Првиот начин да се ослободиш од детето е да му го тупниш мобилниот/таблетот во раце и да го натераш да замолчи. Па пет месечно дете знае дека цртаните филмови се најлесен начин за да заспие и да се смири, а за жал не знаат за што служат играчките.

Има ново време, нови технологии, нови трендови, но моралните вредности, љубовта, вниманието и грижата ќе бидат секогаш исти. Секогаш ќе постојат родители и деца. Зборовите никогаш нема да бидат излишни. А во секое време ќе постојат разни искушенија за младите.
 
Па родителите се поголеми зависници и од децата. Како очекуваш од некоја, шо цел ден дреми на фб и се слика со напрчени писки во нужникот, да му стави ред на детето. Треба прво неа некој да ја среди.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Не мислам дека решение на проблемот е да се намали пристап на интернет или да се укине некоја страница како Тик Ток, затоа што ќе се појават нови 10 на една укината. Туку потребен е здрав однос кон овие работи, медиумска писменост, на пример.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.353
треба да се укинат сите социјални мрежи, поготово Инстаграм и Тикток, пошто и порано имаше интернет но немаше вакви срања. Интернетот треба да биде повеќе форумашење и споделување знаење него билдање его со некакви слики и лајкови. Тоа е мое мислење на работава. Целата штета ја праат социјалните медиуми кои луѓето ги праат психички зависни од лајк.
Не мислам дека може да се забранува. Ако забраниш ти секогаш ќе има такви кои нема да забранат. Едноставно да се филтрира што детето гледа, да се контролира повеќе, да се ограничи времето кое го поминува на интернет за забава.

И да се работи со децата бре. Јас во прво оделение додека не напишам домашно, не научам и не решам пет задачи математика со мајка ми, не ми беше дозволено да си играм. Во првите години беше составен дел од моето школување, како морална поддршка. Благодарение на неа научив што е училишна дисциплина, одговорност, посветеност. После ми беше многу полесно.
 
не можеш да филтрираш, родителот не може да му свети над глава на детето. Многу поедноставно е тоа све под мач да иде и да се ресетира све, него да гледаме глобални идиотски трендови на некои социјални медиуми. А и не се само децата, и воздрасните заглавија у тешка глупоќа со овие социјални медиуми.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.353
не можеш да филтрираш, родителот не може да му свети над глава на детето. Многу поедноставно е тоа све под мач да иде и да се ресетира све, него да гледаме глобални идиотски трендови на некои социјални медиуми.
Можеш да селектираш што детето може да гледа, а што не. Секогаш можеш да пребаруваш и историја на пребарување и гледање. Можеш да седнеш на пример и на детето да му посочиш два/три филма кои вреди да се изгледаат и после да седнеш да разговараш за филмот, да го стимулираш ментално и психички, да му дадеш да прочита некоја убава книга, па да разговарате за тоа. Ако му ги всадиш основите од најмала возраст, после нема да имаш проблеми со содржината што ја гледа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.566
Поени од реакции
38.686
Можеш да селектираш што детето може да гледа, а што не. Секогаш можеш да пребаруваш и историја на пребарување и гледање. Можеш да седнеш на пример и на детето да му посочиш два/три филма кои вреди да се изгледаат и после да седнеш да разговараш за филмот, да го стимулираш ментално и психички, да му дадеш да прочита некоја убава книга, па да разговарате за тоа. После да го наградиш за тоа. Ако му ги всадиш основите од најмала возраст, после нема да имаш проблеми со содржината што ја гледа.
и што ако ти тоа го правиш? 99% нема да го прават, и кој е ефектот од сето тоа? Нема ефект и све е по старо. Деца прават профили по социјални медиуми на 7-8 години и се пишуваат воздрасни. Никој тоа не проверува. Така да, џабе тој муабет да го тераме кога нема никаков ефект да има. Све се средува од корен кога го решаваш проблемот.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.353
и што ако ти тоа го правиш? 99% нема да го прават, и кој е ефектот од сето тоа? Нема ефект и све е по старо. Деца прават профили по социјални медиуми на 7-8 години и се пишуваат воздрасни. Никој тоа не проверува. Така да, џабе тој муабет да го тераме кога нема никаков ефект да има. Све се средува од корен кога го решаваш проблемот.
Ефектот е тоа што го гледаме сега. Не си завршил со тоа што си го направил и родил. Предизвикот само што почнува. Растењето е тешко, предизвикувачко, има многу справување со неправди, фрустрации, суровост што ги носи животот, а децата не можат сами да го пребродат тоа. Многу од родителите, трчајќи по кариери, пари, социјален углед, жени, мажи и што ли уште не, ги оставаат тие деца на страна, да поминат низ сето тоа сами, а последиците еве можат да бидат трагични и ненадоместливи.

Ако ти не му покажеш на детето дека наместо јутуб цртани и игри, постојат и други забавни нешта кои се многу попродуктивен и поквалитетен начин на поминување слободно време, тогаш кој ќе го стори тоа?
 
ја ти кажав, не можеш да направиш сите да го праат ти што го правиш. Све се решава од корен кога се средува работата. Тикток гледам разгледувале да го укинат нашиве што е за респект.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.227
Поени од реакции
4.656
... Дел од идеите за превенција:
  • За почеток повеќе внимание од страна на родителите
  • - кога родителите се на работа а децата во школо или на улица... КАКО?
  • Aктивирање на "Parental Controls" на сите уреди каде е возможно, и внимавање што гледаат и самите родители од истите IP адреси/уреди со цел да се намалат рекламите
  • - децата денешни повеќе се разбираат во модерната техника од родителите... КАКО?
  • Намалување на пристап до социјални мрежи, доколку е возможно и да не им се дозволуваат особено не каде немате баш контрола што се може да следи.
  • - во секое кафуле или железничка имаа отворен безжичен пристап... КАКО?
  • За помали деца има и опции за child-friendly search engine (Kiddle, KidRex), кога ќе пораснат малку ќе најдат начин да ги сменат
  • - сам си одговори
  • Апликации за филтрирање на содржина (OpenDNS, Kaspersky Safe Kids, Norton Family...)
  • - повеќето родители не знаат да се снајдат...
  • Едукација на децата колку што е можно да распознаваат што е лошо/што е добро, да не кријат доколку некој им пришол/ги контактирал, да не кријат доколку некој ги малтретира.
  • - Па самите власти и институции ги „подучуваат“ на перверзии и „шарени кралици“
  • Едукација на родителите од технички аспект.
  • - младо прле се учи, а не старо магаре, а башка не има и обични аргати, технички неспремни
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.958
Поени од реакции
3.663
Ефектот е тоа што го гледаме сега. Не си завршил со тоа што си го направил и родил. Предизвикот само што почнува. Растењето е тешко, предизвикувачко, има многу справување со неправди, фрустрации, суровост што ги носи животот, а децата не можат сами да го пребродат тоа. Многу од родителите, трчајќи по кариери, пари, социјален углед, жени, мажи и што ли уште не, ги оставаат тие деца на страна, да поминат низ сето тоа сами, а последиците еве можат да бидат трагични и ненадоместливи.

Ако ти не му покажеш на детето дека наместо јутуб цртани и игри, постојат и други забавни нешта кои се многу попродуктивен и поквалитетен начин на поминување слободно време, тогаш кој ќе го стори тоа?
Ти можеш да му кажуваш и зборуваш колку сакаш но многу мало ке биде фајдето. Децата се љубопитни, бунтовни, радознали (и такви треба да бидат)... а сето тоа кога ке го ставиш во корелација со тоа дека кога децата веке се во пубертет, нивното знаење од технологија и компјутери неколкукратно го надминува твоето скромно знаење кое го надградуваш уште од Commodore 64 навака, шансите за ефикасна контрола ти се помалку од 0.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.353
ја ти кажав, не можеш да направиш сите да го праат ти што го правиш. Све се решава од корен кога се средува работата. Тикток гледам разгледувале да го укинат нашиве што е за респект.
Џабе ќе укинат тик ток, кога и на фејсбук и инстаграм може да се најдат истите содржини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom