Влез и престој во Македонија без Македонски документи

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.874
Поени од реакции
7.740
Од каде почнам.... значи на кратко, во план сум во наредниов период од неколку месеци , да се вратам во МК на неодредено време, ни сам не знам колку време, може година, две , може и неограничено....Ме интересира како е за влез и подолг престој во МК со АУС пасош,бараат ли некакви визи или други формални процедури ? Мене МК пасош ми е истечен што не значи дека тоа е проблем и не можам да го продолжам, него целта ми е да влезам со АУС пасош и после во МКД да си средувам другите работи од причина што децата немаат МК државјанство па ке морам највероватно тој дел таму да го средувам.
Ме интересира дали некој имал слично искуство или е запознат какви се процедурите.
Исто, на кој начин ке можам да ги покријам децата со здравството, јас планирам да се лечам со домашна бела :),ама ме интерсира за децата.

п.с Ке молам да се воздржат дискутантите кој имаат за цел да коментираат нешто во стилот, не биди будала/глуп, ке се заебаш и слично да не редам.......
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Aко си македонски државјанин - нема шо да се грижиш идиш овде седиш колку сакаш
здравствено преку трудот ќе се пријавуваш освен ако немаш пари да се лечиш и плажаш приватно
ко ќе дојдеш ќе си вадиш полека, крштениче, уверение за државјанство лична карта пасош... не е нешто многу скапо
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.874
Поени од реакции
7.740
Aко си македонски државјанин - нема шо да се грижиш идиш овде седиш колку сакаш
здравствено преку трудот ќе се пријавуваш освен ако немаш пари да се лечиш и плажаш приватно
ко ќе дојдеш ќе си вадиш полека, крштениче, уверение за државјанство лична карта пасош... не е нешто многу скапо
фала, горе долу и тоа ми беше планот затоа и спомнав дека некој работи ке ги средувам од после во МКД, посебно што ме интересира и не ми е јасно, како е при влез на граница / аеродром ? Порано имав слуашано некој прикаски дека морало да се има некоја формална виза и слично, не знам колку е/беше вистина.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
фала, горе долу и тоа ми беше планот затоа и спомнав дека некој работи ке ги средувам од после во МКД, посебно што ме интересира и не ми е јасно, како е при влез на граница / аеродром ? Порано имав слуашано некој прикаски дека морало да се има некоја формална виза и слично, не знам колку е/беше вистина.
јас имам приатели од АУС никој не спомнал некогаш дека вадел виза при идење, акио си скроз странец треба да пријавиш боравок овде тое во полициска станица каде престојуваш али ако имаш МК државјанство мислам дека не мораш у ствари сигурен сум дека не мораш
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.874
Поени од реакции
7.740
јас имам приатели од АУС никој не спомнал некогаш дека вадел виза при идење, акио си скроз странец треба да пријавиш боравок овде тое во полициска станица каде престојуваш али ако имаш МК државјанство мислам дека не мораш у ствари сигурен сум дека не мораш
сигурно влегувале со МК пасоши, ....затоа од старт сппомнав дека моментално немам пасош, што мене и не ми е некој проблем да го извадам, ама децата немаат МК државјанство, а без пасоши сме странци, барем додека влезиме во МК.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Во Македонјија важи исто како што за нас важи во ЕУ во моментов. Со странски пасош 90 дена со пауза (буквална) 90 дена за да можеш да влезеш и престојуваш наредни 90 дена. За секој визно нерегулиран престој тука како странски државјанин повеќе од 90 дена буквално си на црно и ако те фатат има протерување/парични казни/затвор/забрана за влез во иднина и такви работи се зависи како брзиот суд ќе одлучи.

Мој совет ако сакаш слободно влези на 90 дена со странски. Носи си лични документи од тип на извор, крштеница ако имаш, венчаница од родители такви работи (информирај се од службени извори што точно ти треба) и секако имаш рок од 3 дена да во полиција мораш да пријавиш каде престојуваш (ако не престојуваш во хотел, тоа тие ќе го направат за тебе). Тогаш поднеси за државјанство и извади си македонски документи. Рокот од 90 дена сметам дека е повеќе од доволен за да си го регулираш твојот престој.

Ако не сакаш да извадиш македонски трајни документи може да побараш виза за престој а за секоја виза подолга од 6 месеци ќе ти дадат и времена лична карта.

Како што реков, слетуваш, одиш се пријавуваш во полиција заедно со твојот домачќин, и тргнуваш остапка за мк документи ако сакаш ако не поднеси си за времена виза... без регулиран не останувај подолго од 90 дена, сега по интернет ќе ти лупнат забрана за влез која ќе ти стои во лично досие дека таму некаде во некоја Македонија си непожелна лично со забрана за влез па ако некогаш сакаш да со австралиски документи одиш некаде каде што бараат виза може да те сметаат за криминалец, емигрант итн...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
сигурно влегувале со МК пасоши, ....затоа од старт сппомнав дека моментално немам пасош, што мене и не ми е некој проблем да го извадам, ама децата немаат МК државјанство, а без пасоши сме странци, барем додека влезиме во МК.
Вака, ти си МК државјанин и за имаш доказ овде во Македонија таму каде си роден во општината си запишан и одма за поласат ќе ти дадат дека си државјанин, пасош е само патна исправа така да овде во Македонија нема кој да ти брани да остануваш колку сакаш. Ако немаш МК пасош - ти имаш МК државјанство (ваљда ако не си се одрекнал од него) така и да патуваѓ со АУС пасош ти си имаш МК државканство. Децата ако се малолетни а патуваат само со тебе треба да има и писмена дозвола од мајката (барем така е овде јас кога со помалото дете одиме странство - мајката дава во полиција јзјава дека е согласна да го земам детето надвор од граница) овде нема да ти бараат такво да влезеш со децата али можеби во Аустралија на излез ќе ти побараат таква дозвола. За децата за добивање на државјанство не знам точно порцедура али ако двата или само еден од родителите е МК државјанин - то се вади (нормално со потребни документи) Најубаво е да се распрашаш преку интернет овде во министерство за внатрешни работи или таму во амбасада - конзулат што се од АУС документи за децата ќе ти треба (крштениче пример) дали и каде треба да се заверени, колку стари максимум може да бидат... да не треба после од тука да бараш некој од АУС да ти ги вади и праќа, овде ко ќе дојдеш, мој совет ти е да со се пасоши одиш во полиција и пријавиш боравок, мислам дека можеш слободно како странски државјанин да останеш 3 месеца а и даваат и продолжение значи ќе ти удрат уште 3 ете ти 6 месеци за кое време може да се регулираат сите твои прашање. Кога ќе подаиш документи за државјанство за децата (ти си имаш веќе) земи ја потврдата дека си ги предал документите и дека чекаш на решавање на барање и со тој папир побарај во полиција да ти дадат подолг престој за децата, демек чекаш да добиујат државјанство иако мислам дека и без тоа же ти дозволат. Не знам за деца (ако се малолетни).
Побарај веб страна на министерство за внатрешни работи има таму и контакт телефони и емаил адреси и да поставиш прашање и тие таму најдобро ќе ти одговорат
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
1. Со АУС пасош не ти треба виза, добиваш печат и 90 дена влез во МКД. Ќе треба да се пријавиш во полиција каде престојуваш и тоа законски треба да го направиш во првите 3 дена.

2. Ти треба да си го обновиш пасошот, што значи понеси го стариот и горе доле тоа е се што тебе ќе ти бараат од документи. За децата ќе ти треба да ги пријавиш (документ што можеш и во аус да го добиеш од амбасадата или конзулатот) и ќе ти треба birth certificate или крштениче... Ќе треба да се пополнат документи и ќе им требаа твој матичен број и на сопругата. Би ти препорачал да се јавиш во амбасадата или конзулатот пред да отидеш за МКД и да видиш што документи ќе ти требаат од овде.

Не започнувај за ништо процедура од овде, се фаќа долго. Во МКД во МТВ зградата ќе идеш и се се завршува за релативно брзо за МК стандарди, за 2 недели горе доле би требало да имаш пасоши... Ако ти се брза има и експрес опција што се плаќа и пасош се добива за неколку дена.

3. Здраство немам поима, ама ти препорачувам приватно. За наши стандарди е релативно евтино.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Децата ако се малолетни а патуваат само со тебе треба да има и писмена дозвола од мајката (барем така е овде јас кога со помалото дете одиме странство - мајката дава во полиција јзјава дека е согласна да го земам детето надвор од граница) овде нема да ти бараат такво да влезеш со децата али можеби во Аустралија на излез ќе ти побараат таква дозвола.
Овој документ во полиција се вади? Само за македонската страна важи или мора и во англиска верзја да се направи?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Овој документ во полиција се вади? Само за македонската страна важи или мора и во англиска верзја да се направи?
Овде се вади во полиција и само на МК јазик, и до сега ми ја бараа и најчесто и задржуваа на МК страна при излез, некогаш ми ја враќаа и во пасошот али другата страна не се ни обзираше на него така да сигурен сум дека е потребен само за излез од матичната држава со малолетно дете кое патува само со еден родител (или некој роднина или личност со кој патува детето)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Овде се вади во полиција и само на МК јазик, и до сега ми ја бараа и најчесто и задржуваа на МК страна при излез, некогаш ми ја враќаа и во пасошот али другата страна не се ни обзираше на него така да сигурен сум дека е потребен само за излез од матичната држава со малолетно дете кое патува само со еден родител (или некој роднина или личност со кој патува детето)
Шо паре бараат?
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
Колку што знам јас, македонски државјанин мора да влегува и излегува од државата со македонски пасош. Имам роднини од САД, двојни државјани (на САД и Македонија) и на аеродром кај нас ги прашувале зошто немаат македонски пасоши, не смееле да влегуваат со америчките. Понеси со тебе македонски документи, државјанства и стари пасоши, чим влезеш во Македонија поднеси за македонски документи и отиди до полиција и прашај дали треба да се пријавуваш (иако нема логика, и не знам дали е можно македонски државјанин да се пријавува како странец, ама од друга страна пак правиш влез во државата како странец). Инаку за виза, 100% не ти треба.
 
Нема врска, државјанството е највисок правен акт за една личност а пасош е само патна исправа. Државјанство не може никој да ти го одземе освен ако сам не се откажиш од него а пасош може да ти одземе зариник, суд, полиција..., државјанин на МК ги има сите права на ова земја без разлика со кој пасош патува.
Не мешајте патна исправа со статус на еден граѓанин на некоја држава
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Колку што знам јас, македонски државјанин мора да влегува и излегува од државата со македонски пасош. Имам роднини од САД, двојни државјани (на САД и Македонија) и на аеродром кај нас ги прашувале зошто немаат македонски пасоши, не смееле да влегуваат со америчките. Понеси со тебе македонски документи, државјанства и стари пасоши, чим влезеш во Македонија поднеси за македонски документи и отиди до полиција и прашај дали треба да се пријавуваш (иако нема логика, и не знам дали е можно македонски државјанин да се пријавува како странец, ама од друга страна пак правиш влез во државата како странец). Инаку за виза, 100% не ти треба.
За влез да, не му треба, но за престој повеќе од 90 дена задолжително ако не извади македонски документи со кои во иднина би заминал назад.

Може да влезе со било каков пасош но за да излезе треба да има виза која е важечка или македонски пасош.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom