Не се секирај нема да имаш никави заебанции. Слетуваш, аеродромот е среден, се редиш во редица за странци, те прашуваат дали имаш МКД пасош и ти сугерираат да си извадиш. Ти удира печат, идеш си ги подигаш куферите и пред да излезеш проаѓаат на ренген/можно е да ти бараат да ги отвориш. Имај на ум дека во МКД имаш право да внесеш само 1 литар алкохол (во АУС 2.25). Не знам за цигари.
Нема да ти кажат ништо за пријавување во полиција, јас пак би ти препорачал пријави се. Ако излезете пред 90 дена со АУС пасош имаш покритие (мада можеш да ги моташ дека си почнал процедура во АУС и дека чекаш веќе 6 месеци ама никој не испратил машина да се сликаш, ова не можат да го проверат и да те казнат, иначе до нив е дали ќе те казнат или пуштат).
Дур си во МКД среди си ги документите и за тебе и за децата и немаш гајле, излез од МКД ако останеш повеќе од 90 дена ќе мораш да го направиш со МКД пасош.
Јасно ми е дека порано имаше заебанции со визи и глупости ама тоа сега е сменето. За влез ќе немаш никаков проблем освен ако не носиш нешто што не треба па пробаат да ти го конфискуваат (1 флаша виски е ОК
)...