Влашко-Аромански удел во генетиката на Македонците

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Селото Лавчани (кичевско) според некои народни преданија потекнува од некој Влав доселен од Закамен во Албанија. Е сега колку е точно преданието незнам (колку е и Закамен во Албанија е дискутабилно)

Кој го интересира може да прочита во Македонски народни преданија од Танас Вражиновски.
Не е само Лавчани. Според народните преданија, пола Западна Македонија е доселена од Закамен - скоро сите поречки и кичевски села. Еве, од Википедија: https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Закамен

Таму некаде во срцето на Малесија, на еден крак од патот Вија Егнација, легендата вели, постоел град Закамен.

Според кажувањето на жители од селото Збажди населбата наречена град Закамен, постоела некаде пред 250 до 300 години, до крајот на 17. век. Градот бил до темел запален и уништен од турска војска како одмазда за напад и грабеж на товар од карван што пренесувал царско злато. Грабежот го извршила група граѓани од градот водени од попот Мартин .

Занаетчиски и типично услужен град, со разновидни работилници, дуќани и анови подреден на потребите на многубројните карвани, кои секојдневно на самиот крак од патот врвеле, а во Закамен кираџиите од долгиот пат закрепнувале, се одморале, поправале нешта и преспавале. Се верувало дека Закамен имал дури и своја ергела коњи, а и прифатилиште за изнемоштени и повредени животни. Во Закамен имало и црква. Денес таму можат да се најдат ѕидишта, до црквата вакавско водиче, а велат таму имало и манастир. Сега местото е таму зараснато со дабова шума, одвај да се познаваат камењата и темелите што уште стојат и чекаат....
Инаку во близина на Струга, кај селото Локов има археолошко наоѓалиште од средниот век кое се вика Закамен. Дали е тоа мистериозниот Закамен, никој не знае.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Коси очи не се нужно остаток од азијски гени. Појава има и кај црнци од Африка кои никогаш немале историски допир со азијати. Едноставно е црта што се појавува кај човековиот род, но поради х причини е најзастапена кај азијатите и сите други популации на евроазискиот контитент.
Во Македонија азијатските гени може да дојде од повеќе извори:
  • Византијците после неколку века пустошење на балканот од страна на разни варвари вршат повторно населување на овие простори. За тоа тие носат доселеници од Мала Азија и целиот Блиски Исток под нивна контрола.
  • Населување на прабугарите и нивното ширење кон Македонија од страна на Кубер и покасно од првото бугарско царство кое тука останува скоро 2 века. Прабугарите иако во најголем дел имаат европски црти дури и пред да стигнат на балканот, сепак носат во себе и азијатски гени.
  • Словените кои се населуваат и кои биле на удар на сите што доаѓале од искотот и кои живееле заедно како потчинети или во сојуз со Аварите.
  • И тек на крај може нешто ситно да дошло со Турците, но како што кажаа тука мешање со нив слабо имало. Азијатска генетика од турците може да се бара кај торбешите меѓу македонците.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Не верувам да има кај торбешите турски гени. Доколку некој турчин зел Македонка муслиманка тогаш ден денес потомците се етнички турци.
Македонец муслиман да зел турчинка и децата нивни денешни да се торбеши речиси и да се немало случено. Торбешите по селата не станале турци само заради јазичната бариера. Од друга страна по гратските средини каде што Македонците муслимани го научиле турскиот јазик, ден денес нивите потомци се декларираат како етнички турци со мајчин јазик турски. Таков пример на брак меѓу македонец и турчинка веројатно и имало по градовите(иако и тука бариерата е голема, но доколку македонецот бил високо ситуиран и богат има веројатност за таков брак), но нивните потомци ден денес се етнички турци.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Не верувам да има кај торбешите турски гени. Доколку некој турчин зел Македонка муслиманка тогаш ден денес потомците се етнички турци.
Македонец муслиман да зел турчинка и децата нивни денешни да се торбеши речиси и да се немало случено. Торбешите по селата не станале турци само заради јазичната бариера. Од друга страна по гратските средини каде што Македонците муслимани го научиле турскиот јазик, ден денес нивите потомци се декларираат како етнички турци со мајчин јазик турски. Таков пример на брак меѓу македонец и турчинка веројатно и имало по градовите(иако и тука бариерата е голема, но доколку македонецот бил високо ситуиран и богат има веројатност за таков брак), но нивните потомци ден денес се етнички турци.
Во право си. Малце лошо се изразив, сакав да кажам ако сакаш нешто азијско од турска генетика евентуално да бараш кај торбешите иако и таму би било ретко тоа.

Турска генетика христијанската раја има многу малку, освен ако не го доносела некоја жена детето од силување. Турците пак од друга страна имаат многу „наша“ европска генетика во нив баш поради тоа што го кажа.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Русалииски игри...еден мистериозен и стар обичај на Македонците од Солунско, Воденско, Мегленско, Кукушко, Гевгелиско, Струмичко како и во пиринскиот дел во Бугарија.
Велам мистериозен бидејќи македонската етнографија не посветила многу внимание на народните игри и обичаи како што се Русалии на Македонците од Егејскиот, Пиринскиот и југо-источниот дел на државата во споредба со вниманието кое е посветено на западниот дел од државата пред се од каде што за основа за литературен јазик не се земени само дијалектите од тие делови туку и повеќе внимание е посветено на тамошните народни игри како 'Тешкото' на пример...

Но ако бараме некаква стара, античка врска со која би воспоставиле контакт со старите, пред словенски жители на овие простори тогаш Русалиите се прав пример за тоа. Борбените танци познати како 'Русалија' кои се изведуваат од Македонците од горенаведените делови на регионот Македонија се опишани од родениот во Охрид Кузман Шапкарев но не само тоа туку за нив има историиски записи кои што датираат од 13-от век и кои јасно се поврзуваат со пред-Словенскиот Римски фестивал на розите познат како Росалија од кој што го позајмуваат името најверојатно преку влашко посредство затоа што на влашки Русалија или Русалии означува Духовден или Педесетница а тогаш и започнувал Римскиот фестивал Росалија како и Русалииските игри. Во Романија учесниците на овие игри се нарекуваат 'calusarii'(Калушарии) додека пак при Ароманците се познати како 'arusaľi' или 'aguruciarii'. Во Македонија одржувањето на овие игри и обичаи добил поинаков терк па така наместо да се одржуваат на Духовден, русалиите се собирале од првиот ден на Божиќ па се до Водици или за време на т.н 'самовилски денови'. Повеќе во книгата на Кузман Шапкарев: тука. На македонски нема многу материјали но нешто може да се прочита тука.

Имено како што опишува Кузман Шапкарев овие вооружени борбени танци и игри се одржувале за растерување лошите духови, демони и магии. Како што веќе реков, името е најверојатно добиено по Римскиот фестивал наречен Росалија кои пак бил во директна врска со Тракијскиот фестивал посветен на Тракијскиот бог-херој-коњаник Херос како и на богот Дионис. Најдобар опис на овие игри доаѓа од Фригија во Анатолија:
The next day the dendrophores laid the tree to rest with noisy music that represented the Corybantes, youths who performed armed dances and in mythology served as guardians for infant gods.
Токму вакви вооружени танци се опишани од Димитар Хоматијан во 13-от век а во врска со осудата на Охридската Архиепископија за ваквите игри по едно убиство кое било извршено за време на игрите:
Произлизаштите от Молиската (Μολισκοΰ) област, еди кој си и еди кој като прибјагнаха при светата божија ц'рква и като се јавиха пред всесветија наш владика (δεσπότη) - архиепископа на цјала Б'лгарија1 (άρχιεπισκόπψ πάσης Βουλγαρίας), разказаха следното (свое) прегрешение. Те казаха, че в тјахната страна имало стар обичај, којто се нарича Русалија (Ρουσάλια): да става през (п'рвата) седмица след Петдесетница сбор на млади хора, които да обикалјат селата в страната и чрез нјакакви игри, пантомимни танци, в'зторжени скачанија и други неприличија да предизвикват жителите да им дават подар'ци. Излезли и те през настојаштата година, като се с'брали и приготвили, за да представлјават така из страната. При обиколката двама от тјах се отбили в една овча мандра, којато се виждала отсрешта. Като стигнали там поискали сирене от управителја на тази мандра, но понеже тој отказал да даде, те предприели собственор'чно да вземат. От тук изникнал помежду им спор, којто достигнал до сбиване. Един от двамата тези играчи, комуто името бе Хрисил (Χρύσηλος), ударил с едно д'рво овчарја, а онја изкарал ненадејно нож и го р'гнал в с'рцето на ударилија (го); поради това не се мина ни момент между см'ртта и ножа, заштото човек'т веднага умрјал.

Като разказаха това, гореказаните м'же, поискаха да узнајат, дали им се полага и на тјах нјакаква отговорност за случилото се, както се изложи, прегрешение и ако се считат виновни, молеха да приемат ц'рковни епитимии2 за очиштение на техните души.

Светата божија ц'рква, като прие тјахната молба, нареди канонично технија в'прос чрез своето (това) свето владишко величие. Тја реши, следователно, те в никој случај да не се считат за убијци, заштото убијството е изв'ршила друга р'ка. А тјахното прегрешение е било с'ответно с обичаја в страната, а не е целјало проливането на кр'в, но игри. Че тези игри са забранени от светите канони, заштото произлизат от езическото блуждение и пијанство, каквито са така наречените Вота, Врумалија ( Βότα καί Βρουμάλια) и самите Русалија (Ρουσάλια) и други тјам подобни; заради това те се считат отговорни, че са се позволили дело нечестиво, чуждо на христијанскија живот. Затова им е заповјадала от една страна, да се в'зд'ржат нап'лно от такива игри; от друга п'к— наложила им епитимии за прочистването им от последвалата от това зараза, за отрезвјаване па с'рцето и за освобождение от това прегрешение. Забранјаваме им в прод'лжение па три години да се причестјават с'с светите дарове. През една от тјах да се в'зд'ржат само от месо, през другата всјака срјада и пет'к да постјат (јадат сухо), като се задоволјават само с хлјаб, вода, боб и зеленчук; и всекидневно да правјат по 40 поклона, с изклјучение на с'бота, неделја и Господските празници. Ако нјакој от тјах през време на казаните три години се разболее до см'рт, да се удостои с причастието на светите дарове и да не се в'зпрепјатства от тјах в такова време. Че казаното дело е отвратително и отхв'рлено от положението между христијаните, както повелјават светите канони и благочестивите закони. Заради това светата Божија ц'рква чрез настојаштата грамота заплашва с афоресване от светата и живоначална Троица онези, които имат публична власт в Молиската област и всички местни жители или произхождашти от други страни и живушти в неја, штото никога вече в б'деште нито да се занимават с такова богоненавистно дело, нито п'к да подбуждат к'м него по-простите и долни, с това, че им дават с'дејствие. Заштото всички трјабва да знајат, че ште б'дат чужди на Бога и на неговата света ц'рква. Заштото, какво обшто има между светлината и мрака, както казва апостол'т? в какво е с'гласен Христос с Велиар? Затова, понеже гореказаните м'же изповјадаха злото с'с скр'б на разкајание и с Божијата благодат чрез наложените им епитимии се очистиха вече да б'дат с'всем свободни от всјака власт, којато предприема да ги накаже и оштети. Трјабва да знае онја, којто предприема по как'вто и да е начин да им навреди, че ште б'де афоресан от светата божија ц'рква, понеже предприема да прави зло на онија, които прибјагват до неја. Това се писа и обичајно потв'рдено се даде на горепосочените м'же за тјахна сигурност, а го занесат на местнија архиереј за да б'де прочетено в ц'рква и стане известно на местните власти и жители.
Имено од оваа безценета историјска бележка дознаваме дека обичајот Русалија заедно со обичаите Брумалија и Бота или Вота биле присутни во народниот фолклор на народот од Молиската област која се наоѓала веднаш до Гревена, денес во Грција. Ова не е изненадување ако се знае дека во минатото македонското население живеело и во тие области. Дури има и историјска бележка во која Гревена се опишува како бугаројазично место во 13-от век од грчките свештеници Јован Апокавкос(John Apokaukos) и Георгиј Барданес(George Bardanes). Тоа што е исто така интересно е што дознаваме дека старо Римските фестивали и обичаи како Брумалија и Вотум/Вота исто така биле присутни во народниот фолклор иако денес нема трага од овие обичаи, најверојатно заборавени од народот под притисок од црквата. Сево ова говори дека вооружениот борбен танц познат како Русалија има старо, пред словенско потекло.

Еве и еден опис на Русалиите од страна на еден македонски автор во врска со селото од каде што потекнуваат дел од моите предци, село кое денес е само викендичко место:




А еве и една изведба од филмот 'Ритам и Звук' направен од Вардар Филм во 1955 год:
https://www.youtube.com/watch?v=DfHeIxk5G20
https://www.youtube.com/watch?v=UiPcuMUrJKY
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
затоа што на Југот е хаос како во Африка плус се темнокожи за разлика од тие на Северот. факт е дека удел во белоста на северните Италијанци имаат Лонгобардите, германски народ, кои се населиле низ цела Северан Италија (оттаму и името на регионот Ломбардија), додека на Југот низ историјата се населувале Грци, Феникијци, Арапи и потоа Шпанци (сите троа црномањасти).

и по менталитетот разликата е очигледна. јужњаците се бетер од балканци, недисциплинирани и валкани, а тие на север културни и чисти, небаре Германци се.
Италијаните од југот се уствари мнозински Грци. Таму се населиле од античка Грција. И тој крај го викале Магна Греција. И денес добар дел од јужните Грци(посебно од островите) се многу слични генетски со јужните Италијани.
Автоматски споено мислење:

Не е само Лавчани. Според народните преданија, пола Западна Македонија е доселена од Закамен - скоро сите поречки и кичевски села. Еве, од Википедија: https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Закамен


Инаку во близина на Струга, кај селото Локов има археолошко наоѓалиште од средниот век кое се вика Закамен. Дали е тоа мистериозниот Закамен, никој не знае.
Пола кичевско и Порече се од Закамен. :D.
За другите краеви е послабо преданието.
Автоматски споено мислење:

Италијаните од југот се уствари мнозински Грци. Таму се населиле од античка Грција. И тој крај го викале Магна Греција. И денес добар дел од јужните Грци(посебно од островите) се многу слични генетски со јужните Италијани.
Автоматски споено мислење:


Пола кичевско и Порече се од Закамен. :D.
За другите краеви е послабо преданието.
Јас сум од Мраморец од родот Матевци, ги пишува на линкот.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Проблемот е што го немаме јазикот на кој зборувале античките македонци. Каменот на Розета е интересен од тој аспект. Е сега дали вториот текст, кој бил за рајата е стручно преведен од нашиот професор и во согласност со светски стандарди немам многу истражувано, но е многу интересна тема. Инаку несомнено дека дипломатијата и државниците користеле коине, кој бил нешто како англискиот денес, но македонското кралство и македонците си имале свој јазик и писмо.
Не знам дали си читал нешто за каменот на Розета, но вториот текст е протословенски, а се тврди дека знаците се истражени и добиени со ист математички метод како што тој французот го открил значењето на хиероглифите. Накратко се работи за текст на плоча најден во Египет од времето на владеење на птоломеидите(македонска династија) и се состои од 3 текста. Првиот е египетски, вториот е веројатно македонски, а третиот е коине(грчки).
Врз основа на знаците во првиот и третиот текст се наоѓа која буква каков глас означувал и изненадувачки е дека всушност и денешен етнички македонец би го разбрал тој јазик во тоа време, т.е. јазикот е протословенски. Истиот метод на превод е користен и на некои текстови за Винча(тоа е плоча најдена на просторите на денешен Београд околу Дунав и датира околу 2К години п.н.е.) и интересно е што и тие текстови можат да се преведат и се протословенски. Кој ќе му го знае дали е навистина вака, но за методот од нашиве е на големо дискутирано на сесловенски конференции во Москва, така што не е баш заебанција.
наидов на грчки веб сајт, ама не го проучив, може ќе ве заинтересира..

GREEKS, THE FIRST INVENTORS OF WRITING AND THE ALPHABET.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom