Влашко-Аромански удел во генетиката на Македонците

Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Ма интересира за вашето мислење колкава е застапеноста на влашко-ароманскиот удел во потеклото на денешните Македонци. И не зборувам само за тие шо знаат дека имаат влашко потекло туку и за тие кои шо воопшто и не знаат за такво нешто.

Еве на пример при мене, сите од мојта фамилија зборувале на македонски во последните сто години и не са свесни за некое влашко потекло. Арно ама одкоа са заинтересирах за етнографија и почнах да читум повеќе материјали од таа област, откријах дека селто од дек шо потекнуваат моите по директна машка линија во минатто било сметано за влашко село. Има повеќе материјали и автори кои шо спомнуват дека селто било словенизирано влашко село меѓу кои и Густав Вајганд, Леонард Шулце-Јена, Васил К'нчов, Теодор Капидан и др. Во 1860 год. Стефан Верковиќ пишува дека во селто на мојут дедо са зборувало на бугарски(чити македонски) шо значе дека тиа луѓе станале словено-јазични пред 1860 год. Мене не ми беше јасно как станало тоа и поради тоа шо никојп'т и не сме биле свесни за некакво влашко фамилијарно потекло реших да са тестирум генетски, односно мојта машка линија или у-дна. Са тестирах преку една американска фирма ФТДНА и тоа шо го уткријах ма запрепасти. Генетското тестирање го потврди тоа шо го читах претходно, т.е по директна машка линија(прадедо-дедо-татко) имум заеднички предок со Ароманци од Штип и од Албанија (фаршариоти) во последните 800 год. Т.е јас немум никаква генетска врска со Срби или Бугари, туку со Ароманци.

Е сеа, селто на мојут дедо според етнографски истражувања е ново село и најверојатно првиот жител са населил некаде при втората половина од 18-ти век или првата половина на 19-ти и најверојатно е дојдел од територијата на денешна Албанија. Катализатор на тие миграции најверојатно бил Али Паша и неговото тероризирање на христијанското население на територијата на која шо бил господар.

Е сеа не ми е јасно шо доведело до тоа населението забрзано да се асимилира и да заборави за влашките корени?. Дали бидејќи сакале побрзо да са вклопат во новата средина или нешто др. не ми е јасно. Има ли некој друг на воа форум со таква животна приказна кути мојта и воопшто дали има заинтересирани луѓе кои шо копаат во минатото да откријат нешто повеќе за своите корени?

Поздрав
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689

Ме интересира од кој дел на Македонија си ако не е тајна,пред се ради дијалектов.Иначе не е чудно мешањето на народите на Балканов.Пред се тоа се дешалаво за време на Византинската империја.Според најновите истражувања по се изгледа Власите се потомци на Византијците,тоест Ромеите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.993
Ма интересира за вашето мислење колкава е застапеноста на влашко-ароманскиот удел во потеклото на денешните Македонци. И не зборувам само за тие шо знаат дека имаат влашко потекло туку и за тие кои шо воопшто и не знаат за такво нешто.

Еве на пример при мене, сите од мојта фамилија зборувале на македонски во последните сто години и не са свесни за некое влашко потекло. Арно ама одкоа са заинтересирах за етнографија и почнах да читум повеќе материјали од таа област, откријах дека селто од дек шо потекнуваат моите по директна машка линија во минатто било сметано за влашко село. Има повеќе материјали и автори кои шо спомнуват дека селто било словенизирано влашко село меѓу кои и Густав Вајганд, Леонард Шулце-Јена, Васил К'нчов, Теодор Капидан и др. Во 1860 год. Стефан Верковиќ пишува дека во селто на мојут дедо са зборувало на бугарски(чити македонски) шо значе дека тиа луѓе станале словено-јазични пред 1860 год. Мене не ми беше јасно как станало тоа и поради тоа шо никојп'т и не сме биле свесни за некакво влашко фамилијарно потекло реших да са тестирум генетски, односно мојта машка линија или у-дна. Са тестирах преку една американска фирма ФТДНА и тоа шо го уткријах ма запрепасти. Генетското тестирање го потврди тоа шо го читах претходно, т.е по директна машка линија(прадедо-дедо-татко) имум заеднички предок со Ароманци од Штип и од Албанија (фаршариоти) во последните 800 год. Т.е јас немум никаква генетска врска со Срби или Бугари, туку со Ароманци.

Е сеа, селто на мојут дедо според етнографски истражувања е ново село и најверојатно првиот жител са населил некаде при втората половина од 18-ти век или првата половина на 19-ти и најверојатно е дојдел од територијата на денешна Албанија. Катализатор на тие миграции најверојатно бил Али Паша и неговото тероризирање на христијанското население на територијата на која шо бил господар.

Е сеа не ми е јасно шо доведело до тоа населението забрзано да се асимилира и да заборави за влашките корени?. Дали бидејќи сакале побрзо да са вклопат во новата средина или нешто др. не ми е јасно. Има ли некој друг на воа форум со таква животна приказна кути мојта и воопшто дали има заинтересирани луѓе кои шо копаат во минатото да откријат нешто повеќе за своите корени?

Поздрав
Можеби затоа што Македонците сеуште ги имаа главните црти на Словените, опишани од страна на Римјаните, па затоа и е таа мека асимилација што најверојатно ненамерно ја прави.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.250
Поени од реакции
3.174
Кога збориме за генетика и нема некоја значителна разлика помеѓу нив и нас. Кога ќе видиш I2 е најзастапена Y-dna хаплогрупа и кај нив и кај нас, а и другите хг се скоро рамномерно застапени. На балканов ако 2 народи имаат иста религија сигурно се измешани. Заради вакви работи, народноста се смета за чувство.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Не мора ни иста религија да се...генетската оставнина на турците на овие простори е огромна. Не сум генетичар ама не сум ни слеп...

Има голем дел на православни македонци со апла анатолиски/азиски црти. Па така не верувам ни дека Власите се имуни на тоа освен ако не живееле во некое село уџум некаде. Највеќе мешање настанувало во градовите или во околните села.
 
Нема баш генетски остатоци од турци. Тие со азиатски црти не се многу, јас двајца знам вакви, што е малку и не мора да значи дека е турска днк. Турциве денешни се најголема мешавина на народ, асимилирале се и сешто, затоа и изгледаат како европејци или арапи. За анатолиски црти, уште од пред антично време се мешале, имаме доста J2, која италијаниве ја имаат повеќе, така да не е со турците донесена. Да стане подостапно секвенцирањето, ќе имаме подлабоки анализи и повеќе податоци. Сигурно имало силувања, ама пример православниве кога се селеле во село кај што се збори друг јазик, се претопувале во нив. Римско царство и византија, не се знаело кој е кој. За муслимани од цела империја претопени во турци ич да не збориме.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Кај нас буквално сè е измешано и ништо не се знае.
На овие простори се менувале разни освојувачи, постојано имало преселувања на народот. Да не се враќаме во византиско време, доволно е само 500 години. Турците правеле што сакале, не може да нема нивна генетика кај нас. Потоа имало српски, бугарски војски, и тука има мешање на генетиката.
Моите пред 250-300 години се доселени од Шумадија - Србија, а таму во селото имало доселени од источна Србија. Кој ќе знае каква сè генетика имаме. По машка линија ги знам имињата на сите дедовци (ако е точно преданието од колено на колено), за жал по женска линија ги знам само поновите генерации, а тука имам две баби од Бугарија. Многу жени од таа лоза се мажени во околината (можеби и многу подалеку), па генетиката на мојот прадедо е разнесена на секаде.

Власите потекло од Романија ли имаат?
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Генетското тестирање го потврди тоа шо го читах претходно, т.е по директна машка линија(прадедо-дедо-татко) имум заеднички предок со Ароманци од Штип и од Албанија (фаршариоти) во последните 800 год. Т.е јас немум никаква генетска врска со Срби или Бугари, туку со Ароманци.
Е добро де,да си здрав и жив,шо има врска шо нација си
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
281
Поени од реакции
442
Власите потекло од Романија ли имаат?
Не, никаква поврзаност немаат со романците освен шо е сличен јазикот, барем дедо ми така ми кажуваше кој е влав
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Не, никаква поврзаност немаат со романците освен шо е сличен јазикот, барем дедо ми така ми кажуваше кој е влав
Власите се остатоци пд Римската Империја!
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ако така гледате и ние сме остаток од Римската Империја.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Не, никаква поврзаност немаат со романците освен шо е сличен јазикот, барем дедо ми така ми кажуваше кој е влав
Наши луѓе кога оделе на печалба преку Дунав велеле дека одат во Влашко. Уште и јазикот ако им е сличен, сепак имаат некоја поврзаност.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
513
Поени од реакции
744
цел балкан сме две третини домордно византиско, ромејско влашко население, како сакајте викајте го, и една третина словенско доселено. Само кој кога го прифатил словенскиот јазик кога словените културолошки станале доминантни на балканот.
Или нешто вака слично: 60% влашко, 30% словенско, 5% турско, 5% бугарско во македонија.
Е сега тоа влашкото всушност е домородното романизирано население што претходно биле античките македонци/грци пред да потпаднат под римската империја.
Слободно коментирајте ако не се согласувате или да дополните.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Како тие 30% ги словенизирале овие 60% и како така мирно без војна си се распослале по сите градови и тврдини словените? Кај секое доаѓање на туѓи народи има крвави војни(готи во Шпанија, вандали во Рим, османлии на Балкан, римјани во Македонија итн). Тука со ,,доаѓањето" на словените од демек зад Карпатите ниедна битка нема, ниту народно предание, а овие всушност се распослале по цел Балкан. Освен што нешто се споменува за битката за Солун, ама таму биле претежно населени италијани.
Ептен, ептен сумливо.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Како тие 30% ги словенизирале овие 60% и како така мирно без војна си се распослале по сите градови и тврдини словените? Кај секое доаѓање на туѓи народи има крвави војни(готи во Шпанија, вандали во Рим, османлии на Балкан, римјани во Македонија итн). Тука со ,,доаѓањето" на словените од демек зад Карпатите ниедна битка нема, ниту народно предание, а овие всушност се распослале по цел Балкан. Освен што нешто се споменува за битката за Солун, ама таму биле претежно населени италијани.
Ептен, ептен сумливо.
Словените се доселуваат после една огромна епидемија на балканот која што практично избришала 70-80проценти од населението, преживеаните веројатно биле ептен кревки во повеќе погледи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom