TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 878
Федеративна Народна Република Југославија
Народен Суд
СКОПЈЕ
Народен Суд
СКОПЈЕ
Кривично дело бр.1253/48
05.11.1948 година
05.11.1948 година
У ИМЕТО НА НАРОДОТ
П Р Е С У ДА
П Р Е С У ДА
На основание чл. 356 став 3 од Кривичниот Закон на ФНРЈ за непријателско дејствуење против дражавата и држаното уредуење на ФНРЈ и НРМ,Народниот Суд у Скопје у името на народот го казнуе лицето АНГЕЛЕ ПАВЛОВСКИ од Скопје од татко Атанас и мајка Мара, роден 28.09.1921година у Скопје, со живеење у заедничка зграда у железничка колонија,статус неоженет и со работа у писарницата на Министерството за индустрија на НРМ на седум години строг затвор на островот Голи Оток.
Пресудата е правоснажна и другарот Ангеле Павловски нема право на жалба.Пресудата стапуе у сила ВЕДНАГА. Транспортот до Голи Оток ќе биде спроведен у затворен путнички вагон од трета класа на Државните железници на ФНРЈ заедно со други осудени лица по истото основание и дело у придружба на четири агенти од УДБА и војно лице,капетан со три придружни наоружени војници.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
На 2 ноември,1948 година осудениот Ангеле Павловски во 15 и 15 часот попладне одкога излегол од работа отишол у кафаната ЗОРА за да се почасти со својте пријатели од платата што ја земал. Така у разговорот со уште двајца пријатели рекол дека работава не ја бива , наводно сме ја оплескале што сме се скарале со Русите и што другарот Тито му рекол НЕ на другарот Стаљин. Откога се најале и напиле и одкога Ангеле Павловски ја платил целата сметка на 85 динари сите си отишле накај дома. Но другарот Петре Мирковски што седел со нив,како примерен граѓанин на оваја дражава не отишол дома туку за доброто на народот и државата отишол право у УДБА и на дежурниот воен командант кој се навоѓал на смена мајорот Радивоје Шарановиќ во 17 чаост и 38 минути му го кажал целиот настан што се случил. Мајорот Радивоје Шарановиќ веднага дал налог да се уапси Ангеле Павловски и да се донесе у комесаријатот на народната милиција. У придружба на двајца агенти у 4 часот и 18 минути после полноќ е донесен у народната милиција у Скопје. Тужениот Ангеле Павловски без никаков отпор се предал на агентите на УДБА. Во своето искажуење,другарот Ангеле Павловски рекол дека вистина бил со двајца на ручек у кафаната ЗОРА али наводно не се присеќа што лошо зборуел. Откога по седмиот пат пак ја даде истата изјава и кога влезе командантот Радивоје Шарановиќ и го праша за да го посети дали вистина рекол дека не ја бива работата што другарот Тито му рекол НЕ на Другарот Стаљин,Ангеле Павловски призна дека рекол така, но што е уште полошо не покажуеше никаква грижа на совест. Ова негово несовесно однесуење многу влијаеше за донесуењето на горната пресуда.
Народниот суд у состав на другарите Димче Коларовски, Преседател на Народниот Суд,Ванчо Ангеловски, Страхил Мукаетов, членови на Народниот Суд и записничарот Олга Танушева без никакво размислуење ја донесова пресудата на седум години строг затвор со преваспитуење на Голи Оток.Со оваја воспитна казна се надеваме дека другарот Ангеле Павловски ќе ја увиди својата грешка за брзо време и со покајание ќе се врати превоспитан и како чесен граѓанин ќе се уклучи у изградбата на новото социјалистичко друштво на ФНРЈ на чело со КПЈ.
Оваја пресуда нека им биде пример на сите други како него, а другарот Петре Мирковски што го кажа овој случај на народните органи е пофален од другарот Димче Коларовски и удирајќи го силно пријателски по десното рамо му рече дека на државата и требаат многу вакви луѓе како него и у иднина уште поише да се придаде на оваја работа и да ги кажуе сите вакви државни непријатели на органите на УДБА или у најблискиот комесаријат на народната милиција со што тој и сите како него придонесуат за зачувуење на државата од внатрешните и надворешните непријатели.
Па на основание од горенапишаново и од подпишаниот исказ од тужениот Ангеле Павловски,информацијата со потпишан исказ од другарот Петре Мирковски Народниот Суд земајќи ги сите овије факти по брза постапка ја донесе гореизречената пресуда.
Преседател на Народниот Суд
Димче Коларовски с.р.
Записничар:
Олга Танушевa
Димче Коларовски с.р.
Записничар:
Олга Танушевa
----------------------------------------------------------------------
Ете така одело тоа...