Владеењето на демократијата и на правото во време на тоталитаризмот...:(

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
Федеративна Народна Република Југославија
Народен Суд
СКОПЈЕ​

Кривично дело бр.1253/48

05.11.1948 година​

У ИМЕТО НА НАРОДОТ

П Р Е С У ДА​


На основание чл. 356 став 3 од Кривичниот Закон на ФНРЈ за непријателско дејствуење против дражавата и држаното уредуење на ФНРЈ и НРМ,Народниот Суд у Скопје у името на народот го казнуе лицето АНГЕЛЕ ПАВЛОВСКИ од Скопје од татко Атанас и мајка Мара, роден 28.09.1921година у Скопје, со живеење у заедничка зграда у железничка колонија,статус неоженет и со работа у писарницата на Министерството за индустрија на НРМ на седум години строг затвор на островот Голи Оток.

Пресудата е правоснажна и другарот Ангеле Павловски нема право на жалба.Пресудата стапуе у сила ВЕДНАГА. Транспортот до Голи Оток ќе биде спроведен у затворен путнички вагон од трета класа на Државните железници на ФНРЈ заедно со други осудени лица по истото основание и дело у придружба на четири агенти од УДБА и војно лице,капетан со три придружни наоружени војници.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ​

На 2 ноември,1948 година осудениот Ангеле Павловски во 15 и 15 часот попладне одкога излегол од работа отишол у кафаната ЗОРА за да се почасти со својте пријатели од платата што ја земал. Така у разговорот со уште двајца пријатели рекол дека работава не ја бива , наводно сме ја оплескале што сме се скарале со Русите и што другарот Тито му рекол НЕ на другарот Стаљин. Откога се најале и напиле и одкога Ангеле Павловски ја платил целата сметка на 85 динари сите си отишле накај дома. Но другарот Петре Мирковски што седел со нив,како примерен граѓанин на оваја дражава не отишол дома туку за доброто на народот и државата отишол право у УДБА и на дежурниот воен командант кој се навоѓал на смена мајорот Радивоје Шарановиќ во 17 чаост и 38 минути му го кажал целиот настан што се случил. Мајорот Радивоје Шарановиќ веднага дал налог да се уапси Ангеле Павловски и да се донесе у комесаријатот на народната милиција. У придружба на двајца агенти у 4 часот и 18 минути после полноќ е донесен у народната милиција у Скопје. Тужениот Ангеле Павловски без никаков отпор се предал на агентите на УДБА. Во своето искажуење,другарот Ангеле Павловски рекол дека вистина бил со двајца на ручек у кафаната ЗОРА али наводно не се присеќа што лошо зборуел. Откога по седмиот пат пак ја даде истата изјава и кога влезе командантот Радивоје Шарановиќ и го праша за да го посети дали вистина рекол дека не ја бива работата што другарот Тито му рекол НЕ на Другарот Стаљин,Ангеле Павловски призна дека рекол така, но што е уште полошо не покажуеше никаква грижа на совест. Ова негово несовесно однесуење многу влијаеше за донесуењето на горната пресуда.

Народниот суд у состав на другарите Димче Коларовски, Преседател на Народниот Суд,Ванчо Ангеловски, Страхил Мукаетов, членови на Народниот Суд и записничарот Олга Танушева без никакво размислуење ја донесова пресудата на седум години строг затвор со преваспитуење на Голи Оток.Со оваја воспитна казна се надеваме дека другарот Ангеле Павловски ќе ја увиди својата грешка за брзо време и со покајание ќе се врати превоспитан и како чесен граѓанин ќе се уклучи у изградбата на новото социјалистичко друштво на ФНРЈ на чело со КПЈ.

Оваја пресуда нека им биде пример на сите други како него, а другарот Петре Мирковски што го кажа овој случај на народните органи е пофален од другарот Димче Коларовски и удирајќи го силно пријателски по десното рамо му рече дека на државата и требаат многу вакви луѓе како него и у иднина уште поише да се придаде на оваја работа и да ги кажуе сите вакви државни непријатели на органите на УДБА или у најблискиот комесаријат на народната милиција со што тој и сите како него придонесуат за зачувуење на државата од внатрешните и надворешните непријатели.

Па на основание од горенапишаново и од подпишаниот исказ од тужениот Ангеле Павловски,информацијата со потпишан исказ од другарот Петре Мирковски Народниот Суд земајќи ги сите овије факти по брза постапка ја донесе гореизречената пресуда.


Преседател на Народниот Суд
Димче Коларовски с.р.
Записничар:
Олга Танушевa​

----------------------------------------------------------------------

Ете така одело тоа...
 

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
12
Не ми се верува!Ова е ептен во духот на демократијата!7 години?Па луге мили темава сосема погрешно сте ја крстиле.Кое право и каква демократија во тоталитаризам?Во таква држава овие два збора се како Америка пред Колумбо.:kesa:
 
Член од
1 август 2006
Мислења
91
Поени од реакции
1
Ќути татко на другарка(иако по години е дедо не прашујте) 9 години преживувал, затоа што на работна акција главниот прашуел кој е сталинист.. а другар(постар) му му рекол дигни рака ќе те пуштат дома..
тогаш имал 18 год и 1 ден..
на 27 години излага од таму.....

деведесет и која веќе година кога зима тоа досиејата од удба.. 1967 страни.. гледа у ствари дека тој што му го земал пола имот у катланово е истиот кој го натерал да дигне рака.

Едно 20 тина пати има присуствувано по телевизии.. и ИМОТ МУ ВРАТИЈА.. ГО ОСУДИЈА ТОЈ „ДРУГАР МУ“.... ШИПИНКИ

Пс. а дека биле “многу послушни“ (дечишта) кога ќе добиеле дифтерија или дезинтерија како и да е. им давале само грав.. 2 од групата починале од прскање на цревата..
 

Daniela

Мијаааууу....гррр...
Член од
14 јули 2005
Мислења
302
Поени од реакции
3
На времето гледав еден документарец за две жени кои лежеле затвор за невидено банална причина.
Како и овој погоре си седеле некаде и си правеле муабет и еднава и кажала виц на другата. Вицот е следниот
- Знаеш дека Југославија е светски рекордер по одгледување љубичици.
-Како е тоа можно?
-Па така имаме одгледано “Љубичица бела„ од 110 кила.

----------------
За помладите се мисли на ЈБ Тито во песната друже Тито љубичице бела......


За такви баналности се драпале 10 години робија у пичковац некаде. И ќе дојде некоја будала да ми каже дека на времето било поарно. Било ако си бил другарот Петре Мирковски кој после кафаната не отишол дома, огин да го изгоре.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.323
Во тоталитарна држава нема право. Има про-форма право кое е всушност средство за борба против неистомисленици.
Во тоталитарна држава нема владеење на правото, ни правна држава, ниту пак демократија. Има еден куп полтрони како другарот Петре Мирковски и нешто кое се нарекува право, а нема врска со правото.
Пресудата сама по себе е пишувана од некој кој во животот можеби погледнал како тоа изгледа, а можеби и не...
Доказите се катастрофа, постапката исто...
Абе неможам...се нервирам...тоталитаризам бе луѓе!!! Фала Богу што падна !!!
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
130
Во тоталитарна држава нема право. Има про-форма право кое е всушност средство за борба против неистомисленици.
Во тоталитарна држава нема владеење на правото, ни правна држава, ниту пак демократија. Има еден куп полтрони како другарот Петре Мирковски и нешто кое се нарекува право, а нема врска со правото.
Пресудата сама по себе е пишувана од некој кој во животот можеби погледнал како тоа изгледа, а можеби и не...
Доказите се катастрофа, постапката исто...
Абе неможам...се нервирам...тоталитаризам бе луѓе!!! Фала Богу што падна !!!
Чисто едно надополнување, тоталитаризмот ги контролира и сите други области на јавниот живот, главно со веќе познатата политичка полиција(УДБА) и моќта на пропагандата . Тоталитаризмот на бивша Југославија се вбројува во меките тоталитарни режими. Замислете си го истото по режија на Сталин. Tаму наместо 10 години во "Прдекан" едноставно те снемува.
BTW опасно е да седиш во друштво кое не ти е доволно познато, едниот е обавезно послушен граѓанин(шпиун). Пример е и Полска каде со законот за лустрација се опфатени дури 700,000 луѓе.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.814
Поени од реакции
25.382
А сепак постојат некои луѓе кои би дале се за да се врати тоа време.
Јас сепак би рекла:Не,фала - поубаво ми е сега.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.323
marcus, и тебе едно дополнување.
По разидувањето на тито со Сталин и класичната советска доктрина, кога СФРЈ „расчистува“ со оние кои биле за Сталин, а на кој начин расчистувал, гледаме од погорниот пример, дури оттогаш, СФРЈ маааалку се либерализира, за разлика од Источниот блок, но е далеку и од нивото на демократија во Западниот блок.
 
A

anaveno

Гостин
Чисто едно надополнување...Тоталитаризмот на бивша Југославија се вбројува во меките тоталитарни режими. Замислете си го истото по режија на Сталин...
Тито утепал десетици илјади..
Сталин десетици милиони...
ова личи на..
еднаш ако ти влезе..
дали си пешко?..
или треба 100-ци пати..
секој тоталитаризам е с.ање без разлика колку да го шминкаме..
штета што бројот на изгубените човечки животи е мерило за тоа кој бил поголем..
и СФРЈ беше диктатура и тоталитаризам..
и во сферата на човековите (граѓанските права..кои можеше да се изгубат?????????? ако посакаше партијата)..
а посебно на економски план..
каде што МК беше поле за експеримент на сите пробисвети...
затоа и стопанството од СРМ (за кое многумина плачат) наликуваше и сеуште наликува како од времето на Хитлер...
Словенците правеа ТВ-а и машини да си переме гаќите..
ние шајки и кондури и текстил како да сме кинези по бројност..
а железарата и ФЕНИ и слични гадости се посебна приказна..
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
31
Vaka samo ne ripajte odma

od pravna gledna tocka presudata e izdrzana formalna i ok

На основание чл. 356 став 3 од Кривичниот Закон на ФНРЈ за непријателско дејствуење против дражавата и држаното уредуење на ФНРЈ и НРМ,Народниот Суд у Скопје у името на народот го казнуе лицето

eve dali postoel takov zakon postoel , dal lugeto znaele deka ima takov zakon znaele jebiga prekrsil zakonot i otisol na Goli Otok .

Ne deka pravdam ama takvo bilo vremeto a zakonot si bil toj .

Na primer znam sto kako bilo

dedo mi bil u logor a potoa stanal naroden heroj so dvesta ordena sto se vika i od vojnata doturkal do cin major . I arno ama mnogu zborel od pocetok , pa go smestile u Ogulin najustasko mesto na planetava . Koa videl kolku e saat i deka lesno ke mu otide glava i nego i na familija se urazumil , izvadil lekarsko deka ne moze da raboti i iskocil od uniforma .
Jebiga se snasol , ne otisol u kafana da tropa gluposti sto ne smeele da se tropaat i fala mu za toa.

Nikogas ama nikogas ne zborel protiv SFRJ ni protiv vlasta samo edno mi ima receno ko mal : sine , sto sakas prai samo politika nemoj oti e kurva , ja go gledav a imav nekoi 7 godini ama zapamtiv ova. Taka da vakvi mestenki imalo bezbroj ama bile pravno izdrzani odnosno postoel zakon . Denes se prasuem sto ako mozeme da zborime sto sakame protiv Branko i ostali koa imame 40 posto nevrabotenost i u depresija sme tranziciona 17 godini ? Koga bilo podobro ne znam kako za kogo , za moja familija toas bilo podobro iako dedo mi komunista prepisal neviden imot zaradi partija i da ne se ljutat drugarite komunisticki soborci ama ne mu se ljutam taka moralo da bide i toa e toa.

Sekoj so svoja prikazna neli

Zalam za familiite na onie sto postradale so vakov totalitaristicki metod ama jebiga takvo bilo vremeto
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.323
Хехе, Шведо, пресудата е според тој член, ама ја види малце образложение, види ја така во целост, па види дали имал права или немал обвинетиот...Башка, тотално е неиздржана и на жалба би паднала, од тоа што во тоа време оние кои биле писмени и образувани, биле испратени „на сигурно“ и тоа на државен трошок, а и нема право на жалба ако примети...Тогаш требало да се формира нова генерација правници во согласност со режимот, старите буржоаски учени се реакција и народен непријател, а оние другите се пролетеријат и чесна интилигенција(!?).
Сето ова е доказ за едно време, кое било и за среќа поминало, и школа за другпат да не се повтори!
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
31
Pa ja toa go zboram toe bile nepismeni polupismeni pravnici koi rabotele po direktiva po terk ama se bilo zakonski. U zakonot stoelo bez pravo na zalba garant.

Zakonot ne cinel ne presudata. Presudata formalno pravno e Ok bidejki ne moze se sporeduva segasna presuda so presuda od 48 ma.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
130
секој тоталитаризам е с.ање без разлика колку да го шминкаме..
штета што бројот на изгубените човечки животи е мерило за тоа кој Словенците правеа ТВ-а и машини да си переме гаќите..
ние шајки и кондури и текстил како да сме кинези по бројност..
а железарата и ФЕНИ и слични гадости се посебна приказна..
Шминкањето е направено од некој друг, некој кој го сврстил режимот во кој сме живееле во помек тоталитаризам.(криви се факултетските професори).Тоа е така затоа што репресивните мерки во СССР биле далеку подрастични и останале такви без разлика кој дошол на власт не само Сталин. во СФРЈ го имаш истиот лидер и два поинакви периоди едниот ти го објасни Струмикс, а другиот е млака либерализација со која се запознаети оние кои живееле во последните денови на СФРЈ.
Без разлика на тоа во право си за жртвите , не погрешил некој кој рекол дека во демократијата постои само еден непријател ,а на тоталитаризмот непријател му е било која боја.
A за тоа што сме произведувале и што произведуваме денес криви се тие што отишле во Белград и заборавиле од кај дошле.
 
A

anaveno

Гостин
жалам што не разбирате..
ај пак вулгарно..
дали човек е е(б)ан ако му влезе помал..
или за "тоа" важи ако му влегол "бабачко".. ???????????????
расправата строг-мек тоталитаризам е безсмислена кога од другата страна имаш демократија..
која е најмалото(?) зло во човештвото..
СФРЈ беше творба за која (општо) еден Чех има кажано..
се што е со крв створено..
во крв и ќе се распадне..
пример е и бившиот СССР...
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.101
Поени од реакции
17
Pa ja toa go zboram toe bile nepismeni polupismeni pravnici koi rabotele po direktiva po terk ama se bilo zakonski. U zakonot stoelo bez pravo na zalba garant.

Zakonot ne cinel ne presudata. Presudata formalno pravno e Ok bidejki ne moze se sporeduva segasna presuda so presuda od 48 ma.
a koj go napravil zakonot:) sigurno nekoj selancina polupismeni doneseni od planina i sednati na fotelja:) odi be decko netreskaj zeleni i nekazuaj prikazni za mali deca:)
 
На врв Bottom