- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.588
Во некој паралелен универзум од оваа дистанца гледано и ние едно време бевме во поволна позиција за членство. Мислам на периодот кога го добивме „кандидатскиот статус“. Од тогаш па наваму, на планот на евроинтеграциите тонеме се повеќе. Се сеќавам во тоа време бевме спомнувани во комбинација со Хрватска. Остатокот од Западен Балкан беше доста позади нас во однос на ЕУ. После блокадата за во НАТО 2008 г. се отиде во бестрага. Па се нижеа препораки за отпочнување на преговори една по друга. Почнаа лудостите со антиквизациите и спомениците, во меѓувреме Хрватска 2013 влезе во ЕУ и од тогаш па наваму заглавивме во групата на З. Балкан, до ниво за денес да не спојат со Албанија на тој пат.Ова е одамна очигледно. Единствено Црногорците имаа некаква шанса да излезат од тој нивен интегративен пекол али после се изгледа дека и нив ги вратија назад.