Да во право си дека политичката цена е преголема но мислам и дека тука е виновна доста и математиката на донтовиот модел, посебно кога во игра за пратенички места се само две партии. За пример еве ќе ја земам ИЕ4 ( чисто Македонски гласачи) од минатите избори.
Заврши 10-10 помеѓу СДС и ДПНЕ, со освоени гласови 77.195 (46,76%) и 74.478 (45,11%). Е сега ова е математиката за СДС да направи некаква предност овдека:
- За 10 места им требале 77.195 гласови. На Левица би им требало околу 15 500 гласови за да биде 9-9-2 и со тоа СДС да изгубат пратеник.
- За 11 места им требаат околу 82 000 гласови или 4805 повеќе гласови. На Левица би им требало околу 7600 гласови за да им го земат тој 11ти.
- За 12 места им требаат околу 99 500 гласови или 22 305 повеќе гласови. На Левица би им требало околу 8300 гласови за да им го земат тој 12ти.
- За 13 места им требаат околу 125 000 гласови или 47 805 повеќе гласови. На Левица би им требало околу 9700 гласови за да им го земат тој 13ти.
Како што гледаш математиката е доста лоша ако сакаш да направиш разлика во дво партиска трка. После тој 11ти пратеник одеднаш цената на пратеник станува огромна,а трета партија може да ти го собере за доста мала цена. Ова е и причината зошто ДПНЕ и СДС секогаш се договараа и им ги бришеа гласовите на третите партии, зошто повеќе им одговара пата-пата или еден пратеник помалку наместо некој нов да им мрси сметки. Или недај боже локални партии да се оформат.
Истово важи и за ИЕ3 а и важеше за ИЕ5 ( пред да ги уфрлаат бастионите на ДУИ за да им го зголемат контото на пратеници).
Борбата за да се направи некаква разлика во мандати помеѓу СДС и ДПНЕ беше во ИЕ1, ИЕ2 и ИЕ6 за кој ќе оформи влада.Е сега СДС тука може да оди по Македонски гласачи и да се замара со удоволување на нивните барања ( кои во ИЕ1 се доста скапи а во ИЕ6 им одат контра нивните коалициони партнери) али далеку далеку е полесно да им удоволуват на ДУИ-АА да прават што сакаат со цел да ја имаат нивната добра воља за коалиции. На СДС не им е гајле ако ДУИ и АА земат екстра 5-10 пратеника, додека не ги добие ДПНЕ зошто они се подготвени да прифтат се потоа за коалиционирање и ќе оформат влада.
За да падне власта на СДС не е потребно да има некоја трета партија 150-200к гласови туку е потребно да бидат добро распоредени и Македонското гласачко тело да излезе во целост. Затоа и е потребна огромна радикализација на реторика и ширење и намерна дестабилизација на ситуацијата. Ваквата ситуација каде што Македонското гласачко тело не излегува, и СДС со 30-50 000 купени гласови на ниво на држава може да стиге до 40+пратеника и ДУИ до 15 им одговара на СДС комплетно.
Чисто за пример во ИЕ1 ако Левица освоеле 21500 гласови на последните избори наместо 12 000. Екстра пратеници би изгубиле СДС-АА (2). И 17 000 гласови да освоеле СДС ќе изгубеле еден пратеник . Ете толку ќе беше од сегашната влада.
Истата ситуација е и во ИЕ2 и во ИЕ4 и во ИЕ5 а секако и во ИЕ6 каде што е математички најефтин гласот (5500). Ако трета партија добие макар по еден пратеник во сите изборни единици, и во ИЕ1 заврши на трета позиција пред ДУИ ( Тоа се не повеќе од 55К гласови вкупно) мислам дека многу тешко СДС ќе направеше влада ( останува опцијата СДС-ДУИ-АА). Ако излезе Македонското избирачко тело и ги врати ДУИ и Алијанса на за нив нормалните 20 пратеника вкупно, тогаш е математички невозможно за СДС да оформи влада освен со ДПНЕ заедно.
Ако трета партија освои 100 000 гласови, а Македонското гласачко тело повторно не излезе и ДУИ-АА освојат скоро 30 пратеника, тогаш повторно може да има влада СДС-ДУИ-АА. Дека СДС под 250 000 е невозможно да бидат симнати а тоа ќе им биде далеку од повеќе доволно за да имаат околу 35-38 пратеника.