Влада на Македонија

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.597
Никој не бегал во гепек во женски фустан. Таа верзија на настаните беше измислена за комуњарите да можат да живеат сами со себе, кога уште се секираа за нив доволно за да им измислуваат такви прикаски.
знам....се шушка и кој му помогнал(не се маџарите)....но штом бегаш имаат право да ти залепат и гепек па и црнец во гепекот
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
219
Јас веќе од поодамна прашувам дали има останато чесни Македонци меѓу генералите на АРМ. Кучињата што лаат, не касаат.

"Вие сте политичари, ние сме војници! Вие доаѓате и си одите, ние остануваме! Со нас останува и НАРОДОТ! Немојте да нé тестирате до каде ни е прагот на толеранција!"

Отворено писмо до државното раководство од припадниците на Армијата
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.638
Поени од реакции
7.509

Бајки за идиоти, имаа моменти до сега каде што имаа далеку поголемо присуство и моќ и не направија апсолутно ништо. На пример за време на протестите за потпишување на рамковниот или протестите за територијалната прераспределба. Офицерите денес се поминати низ повеќе НАТО-обуки и "семинари" одколку просечните шарени низ невладини. Уште една од низата приказни за окрупнување, заедништво, скопско-селско крило, Лиле-Павле, УДБА-Служби итн ... . Чекајте те не ние само што не сме направиле нешто. Во меѓувреме Заев до недела ќе им потпише на Бугарите се и отворено си кажува дека он одлучува за се во државата и сите можат да му се фатат. Се друго е менаџирање на гнев.

Ајде еве имаат среда,четврток,петок ги чекам офицерите да извршат државен удар, Мицко-Александар-Милошевски да почнат револуција, итн ... . Подршка од народот сигурно ќе дојде. Али сите знаеме што ќе се случи искрено. Заев ќе си потпише се, аманданите што се за онлајн гласање ќе завршат во канта и освен нови најави за окрупнувања и протести нема да направат ништо, Европско знаменце - Договор изгласан, Телеком/Железница на Бугарите и тоа е тоа.

"Вие сте политичари, ние сме војници! Вие доаѓате и си одите, ние остануваме. Платата може не е голема али си стига редовно, ако имаш врски или ти се дава малку поткуп може и да те пратат на НАТО мисии па да земеш некоја посериозна пара! Со нас останува и Северна Македонија нашата земја и нејзините државјани ////// "Со Бугарски корени до пред 1945"! Немојте да нé тестирате до каде ни е прагот на толеранција, зошто е бесконечен. Што и да направивте или ќе направите ние ќе го истрпиме!"
 
Последно уредено:

Знаете кога ќе верувам дека нешто е реално, кога политичарите ќе тргнат во први редови и ќе си ги жртвуваат гзовите.А планови кои почнуваат и завршуваат на обединување и чекај сега само што не паднаа или ајде да протестираме масовно не вредат ни да почне да се замара човек за нив. За што да се обединиме, за што да протестирам. Водиш партија со 150 000 членови не можеш две реченици со конкретен план да искажеш за како планираш да го смениш човекот што тврдиш дека ќе биде симнат на власт ако јас дојдам на протест. Еве им план нампишан за 1 минута кој најверојатно има катастрофални грешки а сепак е подобар од се што до сега јас имам видено да се презентира:
  1. Јавна декларација со чисти едноставни барања. Прекин на преговори со Бугарија. Апсења за велепредавство на врвот на владата. Нови избори после 6 месеци. Рок на чекање на одговор 24 часа.
  2. Ако за 24 часа нема одговор, генерален штрајк за цела држава и блокирање на сите раскрсници и патишта во државата на каков било начин. Рок на прифаќање на барањата 48 часа. Во исто време секој релевантен политички субјект или организација се бара да се потпише на декларацијата.
  3. Ако за 72 часа нема одговор, завземање на зградите на сите институции и формирање на преодна влада со мандат само да ги исполни барањата од декларацијата и ништо друго. И тоа Парламентарците и останатите партиски врхушки во први линии да идат на пендраци и да јадат солзавец а не да ми чекаат во канцеларија додека на деца и патриоти бубрезите им ги избиваат.
Еден од потписниците на ова писмо е официр кој при ескалацијата на состјбата во Словенија и превземањето на штабот од ,,народната гарда,, влегува со кашикари во генералштабот и заканувајќи се со детонирање на бомбите ослободува војници и офицери на ЈНА...

Ако во некој случај тој не реагира во денешниве дешаванки.....значи крајно е срозан во моралот

А за моралот цело време,, причаше,, друг Тито....конечно да сватиме дека е тоа нешто битно(кога го изгубивме ја сватимве неговата сила)
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444
Јас веќе од поодамна прашувам дали има останато чесни Македонци меѓу генералите на АРМ. Кучињата што лаат, не касаат.

"Вие сте политичари, ние сме војници! Вие доаѓате и си одите, ние остануваме! Со нас останува и НАРОДОТ! Немојте да нé тестирате до каде ни е прагот на толеранција!"

Отворено писмо до државното раководство од припадниците на Армијата
Обично мачкање очи. Во таа армија освен коцкари, пијандури и ергени нема ништо друго. Грам национална свест немаат, познавам многу ликови што не се замараат како ќе им се вика државата и народот. Нив им покачија 8% тогаш кога го сменија уставот, за кои се заколнати дека ќе го бранат, и немаше никаква реакција.

Второ во многу јаките Волци, кои се лупаа во гради дека не секој може да влезе (што е вистина), а особено Албанци кои намерно ги бутаат на селективните, им влегоа токму Албанци без никаков селективен, со обична распределба, и си ќутеа како дундиња, освен еден или двајца кои одма напуштија од единицата. Сепак 30-40к секој месец на први се послатки наместо да се залагаш за да го одбраниш тоа што си се заколнал дека ќе го браниш.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Имам едно оптимистичко сценарио дека ова се маневри со кои се мафта пред Европа со некоја кооперативност и служат да се посочи ригидноста и деструктивноста на Бугарија, ама штом ја можам да ја провалам форава, сигурно можат и они, така да се враќам на песимистичкото и извесното сценарио во кое за недела- две, нов сонародник ќе ми биде Митко Калајџиев.
Милко, не Митко..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586

Овие паметни се прават.
Се намериле да не плаќаат ддв, ама добро им се може, и така огромен дел од адвокатите се занимаваат со политика, одат адвокатите и се дружат со партиите, бранат на судови разни битанги од партиите.

Ние сме држава за грев што постоиме со овие прописи, затоа што адвокатите, стоматолозите и ветеринарите не даваат никакви фискални сметки за наплатените услуги и ова нема ниту да се промени во иднина.
мојот матичен стоматолог секогаш ми дава фискална сметка ( др Кочови, ординација позади Рамстор, кај бензинската МПТ во Ново Лисиче)
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.638
Поени од реакции
7.509
Еден од потписниците на ова писмо е официр кој при ескалацијата на состјбата во Словенија и превземањето на штабот од ,,народната гарда,, влегува со кашикари во генералштабот и заканувајќи се со детонирање на бомбите ослободува војници и офицери на ЈНА...

Ако во некој случај тој не реагира во денешниве дешаванки.....значи крајно е срозан во моралот

А за моралот цело време,, причаше,, друг Тито....конечно да сватиме дека е тоа нешто битно(кога го изгубивме ја сватимве неговата сила)
Само да те прашам каде виде дека некој офицери се потпишале на тоа "писмото"? дека јас не видов никаде дека некој се потпишал а и на крај стои "Службите да не не бараат".

Се надевам само дека повторно нема да насанкаат некој со добри намери да гнијат во затвор за нив, па после да ја тераат следната кампања "Донесете не на власт за да ги ослободиме". Антонио и Влатко доста добија од државата досега, време е да дадат пример и да се жртвуваат за републиката ( не можев да се сопрам да не се насмеам на ова).
 
M

Macedon1um

Гостин

Бонус

Дипломирал на студии по новинарство на Универзитетот на Југоисточка Европа во Тетово (УЈИЕ) во 2001 година…а од март 2006 година станува главен и одговорен уредник на телевизија АЛСАТ М…

Па во што е проблемот – што има тука образовн криминал? Имено, по завршување на средното теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во село Кондово (скопско) се запишува незаконито на УЈИЕ на насока новинарство. Незаконито, затоа што верските улилиште (бгословско, исламско) не се регулирани согласно законот. Тие можат да се запишат на повисоките степени на образование само на Исламски факултет или Богословски, но никако на друг универзитет како УЈИЕ и други. За ова, на мое прашање до одговорните на УЈИЕ. Како е запишан Мухамед Зеќири со средно теолошко верско училиште. Со несигурност ми одговараат и велат, дека: „добиле мислење од Министерството за образование“. На мое прашање: Дали мислењето е на писмено и од кого?. Ми се одговараат незнаеме! Во тој период ректор бил професор д-р Алајдин Абази! Велам, да го барам. Нема потреба. Констатираното е незаконито – пишува Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во своето писмо испратено до медиумите.

Според него, малце повеќе чудно е што генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, навел дека:„ Дипломирал на студии по новинарство на Универзитетот на Југоисточка Европа во Тетово ( УЈИЕ) во 2001 година.
„Во што е нелогиката (може да проверите) стои: „ Универзитетот на Југоисточна Европа или УЈИЕ, порано Штулов универзитет – јавно приватен универзитет со главно седиште во Тетово и формиран е во 2000 година…Изградбата на универзитетот започнал во март 2001 и УЈИЕ се отворил шест месеци подоцна
со 900 студенти…“. Е, како бре Мухамеде, и на каков начин си дипломирал во 2001 година, експресно. Ти си за Гинисова книга „браво“. На моето интересирање, после неколку дена, одговорните на универзитетот, ме известуваат, дека:„ првиот студент дипломирал во 2004 година“. Па по неколку дена повторно да ме информираат дека:„ тој се запишал кај нас 2008/2009година и мислам дека дипломирал некаде 2012 година“. Ајде, ај ирлија!. Одговорните мислат. Тоа мора да е запишано во Главна книга на дипломирани. Мора да се знае. Ова не е ајван пазар. И таму има ред – коментира инспекторот.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444
Обично мачкање очи. Во таа армија освен коцкари, пијандури и ергени нема ништо друго. Грам национална свест немаат, познавам многу ликови што не се замараат како ќе им се вика државата и народот. Нив им покачија 8% тогаш кога го сменија уставот, за кои се заколнати дека ќе го бранат, и немаше никаква реакција.

Второ во многу јаките Волци, кои се лупаа во гради дека не секој може да влезе (што е вистина), а особено Албанци кои намерно ги бутаат на селективните, им влегоа токму Албанци без никаков селективен, со обична распределба, и си ќутеа како дундиња, освен еден или двајца кои одма напуштија од единицата. Сепак 30-40к секој месец на први се послатки наместо да се залагаш за да го одбраниш тоа што си се заколнал дека ќе го браниш.
Моја грешка ова со Волци, иако беше кажано во јавност дека се распределени без селективен и затоа беше револтот на сите граѓани, сепак тие што влегле биле со селективен. Но пак ова не го менува фактот дека реакцијата од Армијата е задоцнета и дека си ќутеа сите кога го сменија уставот.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Имам едно оптимистичко сценарио дека ова се маневри со кои се мафта пред Европа со некоја кооперативност и служат да се посочи ригидноста и деструктивноста на Бугарија, ама штом ја можам да ја провалам форава, сигурно можат и они, така да се враќам на песимистичкото и извесното сценарио во кое за недела- две, нов сонародник ќе ми биде Митко Калајџиев.
Мене нешто друго ми се мота. Бугарите се само една алатка во која ткн З. Балкан ќе биде блокиран во пристап кон ЕУ. Нивното вето е толку нелогично да повеќе има смисла дека служи други цели.
Ако ние сме блокирани поверојатно е и Албанија да е блокирана.
Сега помалку се зборува за малиот Шенген ама натаму се турка, конфедерација со Албанија , Србија, БиХ, Косово , ЦГ и Македонија.
Таков проект би го решил српскиот ,албанскиот и бошњачкиот национален проблем. Албанците во Македонија коначно ќе бидат граѓани без потреба на “платформи” итн. Таква конфедерација ќе има 30+ % муслимани и нема да влезе никогаш во ЕУ ама ете барем ќе биде мирно а и нашите југоносталгичари ќе се усреќат.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Во низата социоекономски масакри врз населението годинава, ред им дојде и на тутунарите. Откупот барем засега оди мизерно лошо.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Во низата социоекономски масакри врз населението годинава, ред им дојде и на тутунарите. Откупот барем засега оди мизерно лошо.
90тите полека се враќаат, ќе почне приватизација на тие фирми што се останати во државна сопственост, ќе има тук там некој инцидент и ќе се разбудиш наредниот ден и ќе се зачудиш како твојта плата што вчера беше 250 евра веќе е 200 евра, а исти прилив на денари на сметка. Тоа уништување на средната(ако можеше да се нарече средна) класа во 90тите што се направи мора повторно да се врати за да глумат елита над народот што го осиромашија. Али добро е да се потсетиме и на економските придовки од сдс од време на време.
 
Кога дојде СДС на власт ги крена субвенциите по класи, чисто популистички. Па така на прва класа сега субвенцијата е 80, втора 70 и трета и четврта последователно 60 денари. За време ВМРО беше 60 денари, или популарно едно евро по килограм независно од класата. По што буџетот е дупка, сега се' се цени на трета и четврта класа, што значи помалку исплата на субвенции, што пак во однос на годинашнов квалитет на тутунот е мизерно, во споредба со просекот лани. Инаку цените по класи во откупните компании се: I класа 280, II класа 200, III 150 и IV 90 денари. Во Прилепскиот монопол што е во државна сопственост се дури и пониски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom