Влада на Македонија

Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
И овој има некоја функција таму а пази го шо пишува.
некој советник или слично
Автоматски споено мислење:

Му текна дека нема да бидат ни 5% во Велика Бугарија.

Села: Бугарија има територијални претензии кон Македонија
има и друго, ако испадне компромис меѓу зајче и борко, да има блгарско малцинство во СМК, албанците и албанскиот јазик се # 3 малцинство и јазик...
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.663
Да видиме дали ќе излезе нешто од ова или демократите пак во канта ќе ги фрлат. Сепак добро е конечно да се види соработка на опозициските партии како за почеток.

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица ги здружија силите и поднесоа над 3.000 амандмани, за да спречат донесување на измените на Деловникот
Со поднесување на над 3 000 амандмани, парламентарната опозиција, практично ги блокира измените на Деловникот што ги предложи спикерот Талат Џафери, со цел да се бајпасираат проблемите со коворумот поради ковид-кризата.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица ги здужија силите за да спречат донесување на измените на Деловникот, кои предвидуваат пратеници кои се во изолација поради ковид-19 да може онлајн да се вклучуваат во работата на парламентот.

За предложените измени на Деловникот денеска расправаше Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, откако минатата седмица собраниското мнозинство, на пленарна седница, ја утврди потребата за нивно донесување по скратена постапка.

Меѓутоа, извесно е дека постапката, сепак, ќе трае долго и прашање е дали воопшто ќе биде завршена, со оглед на тоа што сега треба да се чека собраниските служби прво да ги преведат сите поднесени амнадмани од македонски на албански јазик и обратно.

„Ова прашање треба да се спречи бидејќи за измени на Деловникот е потребен сепартиски консензус. Досега, само еднаш се случило Деловникот да се измени на своја рака, без опозиција, во времето на Груевски. Јас и на говорница кажав, ако сакате да го вратите груевизмот, изменето го деловникот на своја рака. Сметаме дека со доволно амандмани, ќе се избориме за консензус“,

изјави Скендер Реџепи од Алијана/Алтернатива.
Едит :

СРАМОТА Е ДА ОСТАНЕМЕ ЕДИНСТВЕНИ ВО СВЕТОТ БЕЗ ОНЛАЈН СОБРАНИЕ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ЈА КАЗНАТ ОПОЗИЦИЈАТА ШТО ЈА КОРИСТИ СИТУАЦИЈАТА СО ЗАРАЗЕНИ ПРАТЕНИЦИ, ВЕЛИ КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ ЈОВАН МИТРЕСКИ ЗА БЛОКАДАТА СО 3.000 АМАНДМАНИ
Почна расправата за измена на Собранискиот деловник за можност за онлајн дискусии и работа на пратениците кои се заразени или се во изолација од коронавирус, што ги предложи претседателот Талат Џафери, но сопре во стартот.

Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса/Алтернатива, поднесоа 3.000 амандмани и ја блокираа работата на Мандатно-имунитетната комисија. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која поднела 1.300 амандмани останува на барањето дијалогот за измена на Деловникот да се води во рамки на иницијативата Жан Моне, а не вака насилнички според нив, само да се покрие тесното мнозинство од 61 пратеник на СДСМ и на ДУИ.

„Класичното блокирање на Деловникот со огромен број нелогични амандмани уште еднаш го покажува вистинското лице на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Жално е што пратениците потклекнаа на притисокот на партиското раководство и соучествуваат во блокирано или Собрание кое ќе работи со сопки и уцени. Жално е за граѓаните кои заслужуваат функционални институции, институции кои ги решаваат нивните проблеми, а не блокирани институции. Срамно е за државата заради деструктивната опозиција да биде единствената држава во светот без можност за ваков начин на работа на Собранието“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Тој вели мнозинството и натаму ќе бара начин за да се обезбеди функционалност на Парламентот и покрај тоа што пандемијата е во најлошата димензија од март.

„Користење на ситуации со заразени или пратеници во изолација за остварување на теснопартиски интереси граѓаните го препознаваат и тоа ќе го казнат. Ние и понатаму ќе бараме начини за да обезбедиме функционалност за да помогнеме на граѓаните со носењето на економски мерки кои ќе помогнат во ублажувањето на ударот од пандемијата“, вели Митрески.

„Досега, еднаш се случило Деловникот да се измени без опозицијата, во времето на Никола Груевски. Ако сакате да го вратите груевизмот, изменето го деловникот на своја рака. Сметаме дека со доволно амандмани, ќе бараме сè да се одвива со консензус“, рече денеска пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива.

Пратеникот Арбен Зибери од ДУИ стравува од блокада на Собранието и недонесување на Буџетот за 2021 година.

„Не можеме да бидеме заложник на опозицијата и да ја блокираме работата на Собранието. Сите сме луѓе и секој може да биде заразен со вирусот. Целта е Собранието да работи без пречки затоа што има некои закони кои што треба да бидат усвоени, посебно Буџетот. Се разбира дека единствената идеја е функционално собрание”, рече Зибери, кој прележа коронавирус, а мораше еднаш да дојде и да гласа во посебна кабина во Собранието.

Со предвидените измени, пратеник кој е заразен со ковид-19 и поседува решение од надлежните органи за изолација (Институтот за јавно здравје), ужива право да се вклучи во дебати и да гласа од дома. Зибери рече дека оваа мерка не важи за пратениците кои боледуваат од други болести или од сезонски грип и за владините претставници при образложување на законите или разгледување на амандманите.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Veke se znaat detalite zosto mu se ,,bolsite,, vo mengeme.....koga mu ponudile na vremeto doađanje na vlast mu postavile uslovi....prifatil da ne rečam sve

PS.ima uste nesto plus što potpišal vo Švicarska....toa e vlogot za ,,tovarot vo rakata,, so koja zaminal od tamu
Па откако и ова ќе не продаде на Бугарите најверојатно тоа плус е и де јуре федерализација и доисполнување на барањата на албанците ?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Па ко што знам тиранската платформа не е целосно исполнета, а што мислиш не е ветил дека ќе исполни еве ти неколку што се наред каде и тоа ќе го голтнеме:

Овие мислам дека не се исполнети, другото горе доле е исполнето.
- Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност

- Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините

– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

– Отворање на нови гранични премини.

– Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции. (болдот е наредно, гратис најверојатно и субвенции за приватни фирми за етнички вработувања)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
lol
е кои бе барања они уште имаат?
тие што ги вети шибицарот во Швицарска.....за што излегол од просторијата малку ,,потежок,, него што влегол

проверено од прва рака(пола присутните биле од Кичево)
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Маргинализацијата на луѓето како инспекторот од Гостивар и полицајкава, покажуваат црно-на-бело, каков е односот кон оние државни службеници кои сакаат да работат по правилата и уште пострашно, каква е ориентацијата на државава во контекст на намалувањето на корупција.


Policajkata bila na godisen odmor.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
„Во Одделот за внатрешна контрола и професионални истраги од Ј.А. до сега не е пристигната претставка ниту пријава за вршење на мобинг на работното место.Како и секој граѓанин така и Ј.А доколку смета дека и се повредени правата од работниот однос или друг вид на незаконито и непрофесионално постапување на било кој полициски службеник случајот може да го пријави во Одделот за внатрешна контрола“, соопшти МВР.


Пошто МВР се познати по праведност и транспарентност.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129

Овие паметни се прават.
Се намериле да не плаќаат ддв, ама добро им се може, и така огромен дел од адвокатите се занимаваат со политика, одат адвокатите и се дружат со партиите, бранат на судови разни битанги од партиите.

Ние сме држава за грев што постоиме со овие прописи, затоа што адвокатите, стоматолозите и ветеринарите не даваат никакви фискални сметки за наплатените услуги и ова нема ниту да се промени во иднина.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.311
„Во Одделот за внатрешна контрола и професионални истраги од Ј.А. до сега не е пристигната претставка ниту пријава за вршење на мобинг на работното место.Како и секој граѓанин така и Ј.А доколку смета дека и се повредени правата од работниот однос или друг вид на незаконито и непрофесионално постапување на било кој полициски службеник случајот може да го пријави во Одделот за внатрешна контрола“, соопшти МВР.


Пошто МВР се познати по праведност и транспарентност.
Bez da ja znam zenava i kolku bila dobra vo profesijata, ama ako trebase potvrda deka celiov slucaj bese namesten (toa deka sama se udrila) togas sega go dobivme. Ama neli pravoto vazi ednakvo za site ili kako toa ZZ go kazuvase.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442

Овие паметни се прават.
Се намериле да не плаќаат ддв, ама добро им се може, и така огромен дел од адвокатите се занимаваат со политика, одат адвокатите и се дружат со партиите, бранат на судови разни битанги од партиите.

Ние сме држава за грев што постоиме со овие прописи, затоа што адвокатите, стоматолозите и ветеринарите не даваат никакви фискални сметки за наплатените услуги и ова нема ниту да се промени во иднина.
Па ова е за твое добро, ти го плаќаш ддв-то во нивната услуга, би требало да добиеш 18% поевтина тарифа... Иако до сега не сум видел да имаат некои фиксни цени и мислам тарифите си ги вадат од ракав...
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Па ова е за твое добро, ти го плаќаш ддв-то во нивната услуга, би требало да добиеш 18% поевтина тарифа... Иако до сега не сум видел да имаат некои фиксни цени и мислам тарифите си ги вадат од ракав...
За купопродажни договори тарифата им зависи од сумата во тие договори. Оваа година 2 пати имав потреба и 2 пати фискална ми дадоа и кога сакав да ги скенирам имаше 0 денари ддв.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
За купопродажни договори тарифата им зависи од сумата во тие договори. Оваа година 2 пати имав потреба и 2 пати фискална ми дадоа и кога сакав да ги скенирам имаше 0 денари ддв.
Тоа зависи од приходот на адвокатот на годишно ниво. Ако имал под 1М денари заработка тогаш не е даночен обврзник и не ти наплаќа ДДВ на услугата. Од оваа година го зголемија прагот на 2М.
Е сега пошто 90%+ од адвокатите не се даночни обврзници, веројатно и тој што ти го составил договорот не бил, па затоа и не си платил ДДВ на услугата.
Инаку ДДВ-то го плаќа клиентот, а не адвокатот. Исто како и при купување на производ во маркет.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.806
Фатмир Битиќи дур пие кафе на кеј, ете кај с ја паркира колата:

Онаа Јасмина си даде оставка и нема кој да го санкционира.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Еве му награда на Гаргамел за коленичењето пред некој ден. Да имаше држава ќе гниеше во затвор уште од криминалот со тенковските делови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom