Влада на Македонија

Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839


Невладини алармираат за ризик од корупција во директната зделка со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопати


Од Центарот за граѓански комуникации предупредуваат дека ексклузивните преговори со само една фирма за крупни инфраструктурни проекти носи сериозни корупциски ризици. Министерот за транспорт Благој Бочварски, пак, уверува дека ќе се заштити интересот на државата
Меморандумот за разбирање што Владата го потпиша со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10, не е јавно достапен. Тече законскиот рок до кога Владата треба да ни го достави по Законот за слободен пристап до информации


„Бехтел и Енка“ се понуди, а Владата прифати – американско-турскиот конзорциум целосно да ги проектира и изгради коридорите 8 и 10. Формално, сепак, досега е потпишан само Меморандум, чин на кој присуствуваше и амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

Власта тврди дека „Бехтел и Енка“ сами се понудиле за оваа бизнис-зделка.

360°: Од каде знаеја Бехтел и Енка дека планирате изградба на коридорите?
Видете, тоа е, беше разговарано на неколку состаноци и во Транспорт, но и во другите институции на државата, во Владата секако, заедно и со претседателот на Владата, со нашите пријатели од амбасадата на САД, каде што тие нудат ваков модел“,
вели за „360 степени“ министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Она што го нуди компанијата „Бехтел и Енка“ е „клуч на рака“, односно и проектирање и изведба на автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола. Ништо проблематично, сè додека не се дојде до формирањето на цената.

Бидејќи нема тендер, ќе има само една понуда на „Бехтел и Енка“, за што Владата директно ќе преговара. Ако се постигне согласност, на крај зделката треба да се аминува и со посебен закон во Собранието.

„Не постои ниту еден валиден аргумент кој би го оправдал ова грубо заобиколување на Законот за јавни набавки“,
вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.
Факиќ се залага за доследна примена на Законот за јавни набавки. Таа уште на самиот почеток ја предупредува Владата, потпишаниот меморандум да го тргне настрана и за вакви крупни инфраструктурни проекти да обезбеди фер натпревар на пазарот.

„Апсолутно сум сигурна дека единственото законско решение кое стои пред Владата е всушност објавување на меѓународен оглас За изградба на автопатските делници и се разбира дека во тој случај тендерската и проектната документација треба да ја изготви стручен тим кој ќе го ангажира самата Влада на Република Северна Македонија, а секако не изведувачот. Бидејќи изведувачот, се разбира дека го штити и негово право е да го штити својот личен интерес, а нашата Влада има одговорност да го штити нашиот, односно јавниот интерес на оваа држава. Во спротивно постојат сериозни корупциски ризици, доколку натаму процесот се води на овој нетранспарентен начин, низ директни преговарања, ексклузивно, со само една фирма“,
предупредува Факиќ.
„360°: Зошто не распишавте меѓународен тендер? Вака давате сѐ на една фирма, не знаете кои се реалните цени на пазарот, што ако понуди баснословни суми фирмата?
Ако сумите се неприфатливи, нема ни да го прифатиме тој договор. На крајот на денот, се гласа во Собрание. Таму ќе треба да помине како една отворена постапка“,
уверува министерот Бочварски.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека биле запознаени со идејата на власта да се потпише Меморандумот. Но, најголемата опозициска партија се уште нема изградено став – како ќе гласаат нејзините пратеници во Собранието ако таков закон дојде на дневен ред. Чекаат на деталите и не брзаат со заклучоци, оти не веруваат дека власта брзо ќе достави предлог-закон.

„360°: Но, сепак, кога-тогаш ќе дојде на дневен ред, со заобиколен Закон за јавни набавки во директни преговори со еден конзорциум.
Јас морам повторно да потенцирам, како и што ви одговорив, да ги добиеме сите информации за овој проект бидејќи сега-засега бевме запознаени само за потпишување на меморандум, но немаме никаква конкретна информација за конкретните проекти, така што, да ги добиеме сите конкретни информации, кога и да биде тоа, тогаш ќе можеме да излеземе со наше видување како опозиција во однос на овие проекти“,
вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
додека сè уште не се знае ниту точна сума, ниту урнек, ниту рок за изградба, тргнаа прогнозите за тоа кога би се возеле по нови патишта.

„Гаранцијата на компанијата е дека доколку ние почнеме со посериозни зафати во дел на проектирање, можеби на некоја од овие четири делници во градба, тогаш тие гарантираат дека до 2025 ние ќе имаме комплетно изградени коридори.
360°: Зарем не ќе беше подобро на тендер, па да видите, па конкуренција да има?
Еве ќе ви кажам, експресниот пат кон Прилеп, Градско – Дреново првата делница, втората е Дреново – Фариш е поминат на меѓународен тендер, добиени две странски компании кои градеа, и двете ја напуштија трасата. Имаме состојби каде што едниот пат е започнат да се гради 2016, една од овие делници, денеска сме 21, пет години поминале, 35 отсто имаме прогрес на работите, фирмата ја напуштила трасата, имаме сега ретендерирање, имаме судски постапки, арбитражи, вклучување на меѓународни судови за да докажеме каде згрешиле. Еве, тоа е таа постапка и дали е тоа успешната постапка? Јас сметам дека тоа можеби да биде и многу понеповолна постапка за граѓаните и за државата, заради тоа што парите се земени, не се реализирани.
360°: Како ќе најдете пари?
Дали ќе биде тоа преку обврзница, кредит, дали ќе биде дел домашно финансирање, дел кредит и сите модели коишто ги познава нашето министерство за финансии ќе ги примени за да изградиме по поволни услови со многу мали стапки веројатно и на кредитирање, на отплата на тие кредити за да можеме конечно да ја изградиме оваа инфраструктура“,
вели Бочварски.
Министерот за транспорт ветува транспарентен процес и широка дебата. Но, во моментов ниту Меморандумот не е јавно обелоденет. Кога го побаравме од Владата, службите нѐ упатија да испратиме формално барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, а откако се обративме и на тој начин ни кажаа дека барањето треба да се адресира до првиот вицепремиер Артан Груби, чија канцеларија, патем, е во Владата. Уште тече законскиот рок за одговор.

Во јавното претпријатие за државни патишта, кои во вообичаени услови би требало да ги диктираат правилата на игра за секој потфат, сега полагаат апсолутна доверба во ексклузивните преговори со странската фирма, оти досегашниот начин на работа, според директорот Ејуп Рустеми, е непродуктивен.

„Со овој модел што се гради, нам ни се влечат сите овие инфраструктурни проекти, затоа имаме промена на моделот за изградба на патишта и токму компанијата која досега е компанија која има изградено многу висок квалитет, со исклучителна безбедност во сообраќајот и со краток временски период, е компанијата ‘Бехтел и Енка’ што можеме да ги видиме во регионот, во соседните земји, но исто така и во Европа и на други места“,
вели Рустеми.
Логичен е интересот на компанијата „Бехтел и Енка“ за македонскиот пазар кога нивните ресурси ни се до граница. Градат во Албанија, Косово и Србија, но ја следат и скандали и застој во работењето. На пример, помпезно најавеното патриотско поврзување на Косово и Албанија заврши со драматично зголемена цена од првично договорената.

„Она што се предвидуваше прво да чини нешто како проект од 300 милиони евра, чинеше повеќе од 1,1 милијарда евра“,
вели Бесaр Ликмета, уредник на „БИРН Албанија“.
За преплатениот автопат во Албанија тамошното обвинителство отворило истрага против тогашниот министер за транспорт, а сегашен лидер на опозицијата, Љуљзим Баша, но на крај тој не беше гонет, бидејќи албанскиот Врховен суд пресуди во негова корист, дека не биле роковите за истрага во предметот против него.

„Ако ‘Бехтел’ е притиснат да се натпреварува со други фирми веројатно ќе понуди подобра цена за автопатот. Кога немате конкуренција, кога немате тендери, туку процедури кои брзо се истуркани во парламентот, без надзор и без запазување на законот за јавни набавки во С Македонија, тогаш постои ризик за набавка која не е од корист за даночните обврзници. Сметам дека треба да учите од минатото искуство и она што се случуваше во Албанија и Косово“,
вели Ликмета.
Сепак, министерот Бочварски уверува дека нема да се доведеме во иста ситуација.

„Кога ќе го склучиме, договорот ќе биде исто така објавен јавно. Ние ќе сакаме и ќе инсистираме да нема големи осцилации бидејќи се работи за големи автопатски делници, некои од нив се и многу тешки за работење, по тешка траса, да тоа биде што е можно попрецизно дефинирано во тие договори, за да не ни се случуваат вакви осцилации на крајот и во сумите за чинење, заради тоа што државата треба да го прецизира и буџетот. Ние ќе имаме и наши консултантски компании кои ќе работат на заштита на интересот на државата, на финансиите, итн, заради тоа ќе внимаваме на секој еден детаљ и заради тоа реков дека не секогаш моделот на одење на јавна набавка е успешен заради тоа што после набавката некогаш и до 60 проценти па и повеќе оди повисока сумата на чинење отколку што е стартно пропишана“,
тврди Бочварски.
Македонија веќе има искуство со директно договарање на изградба на автопати, без тендер. Откако Владата се договори, Собранието во 2013 година изгласа посебен закон за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Партнер, тогаш, беше кинески „Синохидро“. Миладиновци-Штип веќе е пуштен, а актуелната власт успеа да ја намали цената за чинење од 226, на 176 милиони евра, велат од Министерството за транспорт. Автопатот Кичево-Охрид, кој требаше да биде готов во 2018 година за цена од 411 милиони евра, во 2021 или три години подоцна, уште се гради, а цената веќе достигна 598 милиони евра или 45 отсто плус од планираното.

Токму сегашната власт, а во 2015 опозиција, обвинуваше дека незаконското заобиколување на тендерските постапки имало и друга заднина.

„Денеска сите ќе бидеме сведоци како Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, како правел незаконски упади во тендерски постапки“,
кажа Зоран Заев на прес-конференција во март 2015-та, како тогашен лидер на опозицијата.
„Што треба да потпишат знаеш? Договор со кинеска фирма што ќе ги гради патиштата, без тендер.
Е не може така“,
велат во еден од прислушуваните разговори поранешните министри Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска.
„ – За ова ти колку предлагаш?
– 5 на целото.
– Што 5 на целото?
– 5 проценти.
– Не, не, во точен износ?
– Па зависи, помеѓу 15 и 18.
– Да не е многу бе а? Да не се претера новинарството?“,
разговараат експремиерот Никола Груевски со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Случајот заврши со обвинение против тогашниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот Миле Јанакиески и тогашниот директор на јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски. Четворицата се гонат за штета на буџетот од 155 милиони евра.

Куртули Никола Груевски бидејќи делото што му се става на товар – застари. За тоа да биде потврдено, сепак судот треба да го констатира со правосилна пресуда, која, како и автопатот до Охрид, не е на повидок.
Ќе ни се посреќи ли овој пат?
Ideme napret so pljachkata :icon_lol:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.282
На оваа што мафта со рацете и даваат едвај двеста пеесе евра?
Па она единствена нешто ефективно работи од сиот тој список.

 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444
леле мизерија за 9 бона хахахахахааа

добро му напишал некој, ќе ти дадам 50 месечно само да не труеш :ROFLMAO:

Од како искочи на списоците, почна да твита и против неговите, демек еве ме неутрален сум. Каков мизерен лик е овој.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.356
Господинот Груевски ( за чие враќање во лисици има се погласни муабети) своевремено има одбиено дил со Бахтел за Кичево - Охрид, потег што според упатените има проденесено бајаги за неговата конечна судбина
 
Последно уредено:
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444

Драгче аут. :D

Имаше еден новинар рече дека прв што ќе лета ќе биде Драги, затоа што ни Скопското ниту Муртинското крило не го сака. Нема он во тоа дувлото на Бихачка пријатели, туку само непријатели.

Му го извадија цел прљав веш на овој и го спакуваа за 24 саати. Ова сигурно е на Рада масло.

Сега следни се Муки исламистот(терористот), и најверојатно Стево, ама тоа кога ќе дојде ред за Претседателски избори.



ЕДИТ:
Бонус меме

55kijo.jpg
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Деградирање било! Истото им го правеше на Гоца и Ставро со Бомбите. Го ругаше и омаловажуваше скоро секој висок функционер од претходниот режим. Ќе биде запаметен по тендерите и по тоа што се караше со новинарите. Вистината боли. Снегулка.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Овој Драги е тешка гнаса од човек, го знам од на Правен факултет и поникакво створење во животов не сум сретнал. Вреѓање по студенти, дури и зборување гнасно по студентки сум чул од таа бараба.
Срамота е што оваа бараба се припари на вакви функции и испокраде брдо пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom