Влада на Македонија

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Тајните хонорарци во Владата
Што се крие зад фактурите за договорни услуги од Владата




Граѓаните знаат колку кафе или вода испиле премиерот или министрите, рече неодамна во интервју за српската телевизија N1, премиерот Зоран Заев. Тоа, како што појасни, било знак дека Владата и министерствата се отворени и отчетни пред граѓаните и оти имаат контрола над буџетските трошења.

Оваа висока самооценка за транспарентноста на премиерот не е изолирана. И други владини претставници постојано говорат дека Владата е oтчетна и дека тоа е една од нивните стратегиски заложби. Таква беше изјавата на министерот Оливер Спасовски, кој говореше за „широка и обврзувачка транспарентност“.

Но, овие изјави се како лакмус. При најмала проверка, лесно може да ја променат бојата и да покажат спротивна состојба.

Истражувајќи што исплаќа Владата, БИРН преку Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер ги доби сите фактури што биле исплатени преку авторската агенција „Артпицк“ за декември 2020 под ставката други договорни услуги.

Наодите покажаа дека Владата со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 луѓе, ама за разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци се скриени, па, и покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистира тие да останат – анонимни.

Станува збор за хонорари, кои вкупно за еден месец изнесуваат над 37 илјади евра. Во нив спаѓаат ангажмани како: пишувач на соопштенија од пресови, пишувачи на разни студии, организатор на продукција, советник за борба против ковид-19, графички дизајнер, монтажер, советник за геодезија, советник за европски интеграции, преведувачи…

Делата за кои се ангажирани лицата ги добивме откако Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, оцени дека тоа е јавен податок и Владата нема основа да го сокрие.

„Стручен труд: Изработка на физибилити студија за ЈПП за фотонапонска електрана во РЕК Осломеј и обезбедување техничка помош за спроведување постапка за избор на приватен инвеститор“.

Ова е еден од долгите називи на авторски договор за кој Владата во декември на двапати исплатила 90 илјади денари. Авторите што ги добиле парите не се познати, бидејќи и Владата и Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации проценија дека станува збор за „личен податок“.

Аргументот дека станува збор за јавни пари, што ќе рече за исплати од Буџетот кој се полни од граѓаните, не беше доволен ниту за Владата, ниту за Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер.

Само за споредба, бидејќи станува збор за јавни пари, секој граѓанин кој добил поврат на ДДВ, па дури тој да е и 20 денари со име и презиме е објавен на сајтот „Отворени финансии“.

Заштитувајќи ја „приватноста“ Владата под контото 425990 што се води како „други договорни услуги“ во декември 2020 исплатила 58 фактури. Се чини дека оваа ставка е широко сметководствено покритие за под тој назив да се исплаќаат хонорари за разни услуги.

Потврда за тоа е што само за две години, односно од 2019 до 2020 година, преку ова конто се исплатени над еден милион евра.

Проверката на БИРН покажа и дека износите на овие месечни фактури се повторуваат. Па така, не само во декември 2020, туку и во годините претходно и во месеците потоа, исти или слични износи биле исплаќани за оваа ставка.

Ангажираните лица го анализирале и го истражувале антикорупциското законодавство и политиките во државата, давале стручни советодавни консултации од областа на правото и во други области.

По 67.500 денари, односно 33.750 денари биле исплаќани и за компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурирање информатички системи за потребите на Генералниот секретаријат на Владата.

За консултации и совети за надминување на кризата предизвикана од ковид-19, некој добил хонорар од 30.375 денари. На оваа листа е и претседателот на Советот за информациски и комуникациски технологии, кој добил 67.500 денари.

Толкав хонорар зел и некој што ја советувал Владата за правни прашања за потребите на Генералниот секретаријат.

Екстра пиаровци

Toa дека владата „ја опслужува“ мини-армија ангажирани лица во делот со пи-арот и медиумите се актуализира во првиот мандат на СДСМ од 2017 година, кога медиумите објавуваа податоци за бројот на ангажираните лица во овој сектор.

Оваа пракса е непроменета. Во Генералниот секретаријат на Владата има Сектор за односи со јавноста со четири одделенија и 17 вработени.

Дополнително во Кабинетот на премиерот за ангажман поврзан со медиуми работат уште неколкумина: советник за медиумски реформи, советник за дигитални комуникации, советник за информативни активности, раководител и помошник-раководители на секторот и одделението за односи со јавност, како и соработник за односи со медиуми.

Во секторите за медиуми се вработени вкупно дваесетина. Но, тие не се доволни. За потребите за „односи со јавност“, Владата во декември ангажирала уште 24 лица.

Сè укажува на тоа дека станува збор за редовен ангажман, кој месечно се повторува и исплаќа, иако ангажирањето хонорарни соработници се објаснува со „зголемен обем на работа“, односно, како што ни одговорија од Владата, поради „далеку поголемиот квантум на информации што се објавуваат на дневна база“.

Токму затоа процениле дека се неопходни „повеќе и поспецифични човечки ресурси, кои ќе овозможат континуирано висок степен на транспарентност и достапност на информации“.

Но, таквата транспарентност ја снемува кога се поставува прашањето кои се тие што се грижат за „континуирано висок степен на достапност на информации“.


На прашањето зошто не ги објават имињата на оние што се хонорарно ангажирани, од Владата – наместо одговор, добивме изјава дека во целост се придржуваат до „Стратегијата за транспарентност и до препораките од Греко“.
Ако има некој од споменатите во статијата на форумот да беседи за политика и слично, му пожелувам парите шо ги зема за лекарства за најмилите да си ги даде.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.271
Поени од реакции
45.660
Одржувањето на власт и рејтингот на Владата воопшто не зависат од работата на овие луѓе, сосема напотребна е нивната експертиза.
Дали ределе хвалоспеви, релативизации, лајнарки , спинови или па напаѓале во случај не бидат кеширани, воопшто не е важно. Други се методите за одржување на власт, џабе ги плаќаат. Боље Заев да ги лапне парите.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
215 криминалци имаат македонски пасош со кој се стекнале на (не)легален начин... министерот не дава оставка.
Вакцини нема... министерот не дава оставка. Битно со премиерот си пичат со моторите по 180+ на автопат.
Мојата чудесна земја.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
ама што е толку кревање фама јавна тајна на секоја држава дека и треба кримоси за прљави работи секоја држава у свет функционира на ист принцип додека да исчистат што треба се надзакон имаат вили возила неограничен кеш кога ке им докурчи и ке ги искористат како куртони се знае или азил у друга држава со комплет нов обезбеден индентитет или два метра под земја.Е сега голем ташак овде у Македонија мислиш откриле нов контитет и фама се диза замајување на јавноста од други суштествени работи.И народот како што е овца ке се пали на ова за пасоши секое чудо три дена.Има далеку многу многу битни работи за кои треба прашина да се дига ама како што велат кучињата си лајат караванот си врви.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.109
Поени од реакции
34.991
Починал овчарот во болницата во Штип.

За едни мајка, за други маќеа.
Во едни други режимски времиња сега ќе имаше протести, и ќе се прашуваа колку возила ќе се купеле со парите од тоа на М.

Ама сега зафатени се со фалење на Филипче на Твитер, не можат секаде да постигнат куртоните.

Жално за човекот. :(
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.153
Во едни други режимски времиња сега ќе имаше протести, и ќе се прашуваа колку возила ќе се купеле со парите од тоа на М.

Ама сега зафатени се со фалење на Филипче на Твитер, не можат секаде да постигнат куртоните.

Жално за човекот. :(
Deka togas rezim bese, sega e demokratija. Podrugo e :toe:.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.545
Поени од реакции
7.251
ако не Грујо да го вратиме
Какво враќање бе, нека си го прчи Грујо во Пешта, храбар ///////ну!

Чим не ви смета уште 100 години нека ви владее ментално хендикепираниот
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Дали некој го гледаше интервјуто на ЗЗ пред некој ден на тв?
Новинарот го прашува: како коментирате тоа што конечно има помак во договорот до Мицковски?
ЗЗ одговара: „Шуќур..“

Премиер на една земја.... Одговор: шуќур.... :pos:
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Никоб си отвора приватна здравствена установа.
Имаме чест и задоволство да Ве информираме дека наскоро почнува со работа ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ ќе биде на располагање на граѓаните преку соодветни здравственји услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Покрај медицинските услуги преку ПЗУ Никоб Лаб обезбедуваме и услуги со најсовремена дијагностичка-биохемиска лабораторија и молекуларна дијагностика со можност за услуги во самата лабораторија како и лабораториски услуги во домашни услови. На располагање на нашите клиенти ќе бидат 20 врвно обучени медицински тимови, составени од доктори, медицински сестри, опремени со најсовремени амбулантни и санитетски возила во нашата држава и преку интегриран мониторинг систем поврзани со апликација која ќе може да ја поседуваат корисниците на нашите услуги за кои обезбедуваме брза, достапна и квалитетна здравствена услуга.
Врската меѓу Никоб и СДС е случајна, како и најавите пред пандемијата на Филипче за јавно приватно партнерство за брзата помош е случајна со оваа инвестиција на Никоб. Мора да се признае за бизнис визијата на Никоб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom