Владата ќе дели ваучери за струја за најсиромашните

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Let 3..ме изненадуваш...се заебаваш со сиромаштија или???? Ај погледај календар годината е 2009, не 1409..... :)
A то што е 2009 значи “ја ќе чекам некој да ми купи брашно, масло, пиперки, алишта, плати струја и кредит за мобилка...“

Јас дадов само идеја како навистина сиромашните и гладните би можеле себе си да си помогнат инаку мојот став е дека не треба да интервенира државата во однос на нив на никаков начин. Ни да им помага ни да им одмага. Да се препуштат на својата судбина, својата решеност снаодливост и енергичност
Природни закони.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
A бе и денес се бара пченка пченица млеко спанаќ сливи круши јаболка јајца телиња прасиња овци волна мед......
Едно семејство ваљда може за свои потреби да се исхрани со земјоделие.
И земјоделието е искуство, училиште, не е тоа вродено во човек па да знае....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
И земјоделието е искуство, училиште, не е тоа вродено во човек па да знае....
Значи ако е невработен шивач ќе умри ако не му се најде шивачко работно место.
А ако е професор по марксизам ќе треба да чека нова револуција за да се вработи пак?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Koга веќе зборуваме за намалување на сиромаштијата,меѓу која спаѓа и оваа енергетската сиромаштија,покрај заложбите што треба да ги направи владата во создавање услови за вработување на населението,чија невработеност достигна фрапантни 40%,владата треба и да работи постојано врз изнаоќање инвеститори во енергетскиот сектор,преку изградба на енергетски потенцијали по пат на финансирање,кофинансирање,па и делумно учество на поединци и фирми преку акции во проекти што ќе ги финансира самата влада,односно државава.На тој начин би се создале подобри услови за изградба на енергетски објекти,а Македонија би дошла до повеќе и поефтина електрична енергија.
Уривањето на Шенгенските бариери,го елабориравме веќе поодамна и на други теми,па затоа мислам дека е беспредметно да се повторуваме и овде.Значи би повторил само тоа дека ова што досега го прават сите влади за да ја намалат сиромаштијата во земјава,практично е недоволно и сосема ретроградно барем кога се погледне реалноста окулу нас.Неколку битни сегменти мораат да се воспостават како “Мојсиеви закони“ доколку навистина се сака битен напредок на оваа држава и овој народ,без видливи шанси за зачленување во ЕУ во блиска иднина,што донекаде би довело до малку порелаксирана состојба на тоа “поле“.Во оваа прилика би ги навел тие мерки,а доколку вие имате некој предлог,слободно би можеле да додадете и сопствени предлози:
1.Создавање ефтини или бесплатни урбанизирани индустријски парцели во секоја општина на нашата држава,со пристапен пат,снабденост со вода,струја а по можност други извори на енергија.
2.Олеснување на фирмите кој ќе сакаат да градат објекти на таквите индустриски парцели,во вид на даночни,енергетски и комунални минимализирања.
3.Ослободување од придонеси(2 години),кон вработените за сите фирми,кој изградиле нов индустриски капацитет на тие зони и вработиле без разлика колку вработени.
4.Давање во владеење или во приватна сопственост на земјиштето каде потенцијалните инвеститори ќе изградат индустриски капацитет со лични средства,без можност за пренамена,но со можност за препродажба или отстапување на изградените објекти.
5.Нови пресметки и однапред одредени цени на енергетските трошоци кој треба да ги плаќаат фирмите за потрошена струја,вода,комуналии и слични други давачки,без при тоа да им се дуплираат или мултиплицираат цените во енормно небулозни,како што моментално е на теренот.(ова да важи за сите фирми,макар и со еден вработен)
6.Брзо и итно укинување на давачката означена како “фирмарина“,која е беспредметна и непотребна.
7.Враќање на можноста фирмата да се стави во мирување,но со предходно исчистени сите давачки кон доверителите,вработените,вклучително и фондовите за здравствено и пензиско осигурување.
8.Ослободување од плаќање придонеси за сите нововработени,во период од најмалку 2 години,но под услов истите да биле прописно пријавени во заводот со најмалку 12 месечна невработеност,а и скратување на можноста газдите да манипулираат со отпуштања,со тоа што за секој отпуштен работник ќе мораат да плаќаат придонеси најмалку 12 месеци по престанок на нивната работа.
П.С.:-Треба ли уште “УМ“,само кажете или предложете.:smir:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Според истражувања што се направени на европско ниво во 1983 (мислам) се дојдени до следните резултати за колку ефективно работникот ја врши својата работа за време на работно време од 8 часа.

Германец просек - 8 од 8
Французин - 7.30 од 8
Југословени - 6.30

Интересното е тоа што е правена анализа при народна припадност.
Слоценец просек - 6.45
Македонците и Црногорците - 3 часа активно работење

информациите ги имам во книга па кога ќе можам целосно ќе го постирам тоа истражување.

Заклучок : Мрзи сме.
Само мака ми е за оние кои што немаат што да работат а имаат завршено високо образование иако не значи дека не треба привремено да се работи друга работа.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
С
Југословени - 6.30

Интересното е тоа што е правена анализа при народна припадност.
Слоценец просек - 6.45
Македонците и Црногорците - 3 часа активно работење
Во 1978 оди Босанец во Германија и бара работа, и газдата Германец го прашува “Што си ти по националност“ а овој вели “Босанец“, “Ах знам за вас, вие сте мрзи“ вели Германецот, “А не “ се побуни Босанецот “Си испомешал работи, Црногорците се мрзи, ние сме глупи“
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Во 1978 оди Босанец во Германија и бара работа, и газдата Германец го прашува “Што си ти по националност“ а овој вели “Босанец“, “Ах знам за вас, вие сте мрзи“ вели Германецот, “А не “ се побуни Босанецот “Си испомешал работи, Црногорците се мрзи, ние сме глупи“
Хаха го знам тој виц хахах
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да се надополнам за мерките од АБЦ само со една мерка, а таа е да се почитува законот за стечаи кој мислам дека предвидува да траат најмногу до 6 месеци.
Фабриката кај што работеше татко ми е во стечај седум години, човекот има судска одлука донесено за своите побарувања и не можи да ги наплати, па размислува да тужи во Стразбур по основа на постапка водена (и сеуште се води) во неразумен долг рок и плус камати....
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Значи ако е невработен шивач ќе умри ако не му се најде шивачко работно место.
А ако е професор по марксизам ќе треба да чека нова револуција за да се вработи пак?
Во Македонија постои дефицит на шивачки, па почнаа да вработуваат и шивачи и нема невработени шивачи и шивачки во Македонија. Така да шивач(ка) во Македонија не може да умре зашто не може да најде работно место, туку зашто од платата што им ја даваат спсособните и снаодливи газди, за какви ги сметаш ти, не може да се прехрани. Се додека еден ден не се организираат и по природен пат за кој се залагаш ти ги искршат машините, ги запалат конфекциите и ги обесат снаодливите и способни газди кои им ја пијат крвта и при работа ги прават социјални случаи.

А професорите по марксизам се сите во пензија, а помладите од нив (помлади тука значи 55 год) се веќе преквалификувани во социолози и сл.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Во Македонија постои дефицит на шивачки, па почнаа да вработуваат и шивачи и нема невработени шивачи и шивачки во Македонија. Така да шивач(ка) во Македонија не може да умре зашто не може да најде работно место, туку зашто од платата што им ја даваат спсособните и снаодливи газди, за какви ги сметаш ти, не може да се прехрани. Се додека еден ден не се организираат и по природен пат за кој се залагаш ти ги искршат машините и ги обесат снаодливите и способни газди кои им ја пијат крвта и при работа ги прават социјални случаи.

А професорите по марксизам се сите во пензија, а помладите од нив (помлади тука значи 55 год) се веќе преквалификувани во социолози и сл.
E па кој е тогаш социјален случај ако шивачи се бараат со потерници и се киднапираат од страна на газди на фабрики за текстил??
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
E па кој е тогаш социјален случај ако шивачи се бараат со потерници и се киднапираат од страна на газди на фабрики за текстил??
Шивачите се социјални случаи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добро како опстојувал и преживеал народот иљадници години кога немаше ни социјално ни пензиско ни здравствено?!??
Одеднаш не се можело да се живее ако државата не ти даде пари???
Се е тоа изговор.

Јас колку што имам учено историја,не се сеќавам некој систем да немал заштита на сиромашното население.Конкретно за турско за кое ти зборуваш,македонското население работело по нивите и за тоа добивало по некој златник,или во натура пченица,компир,масло,домати...Значи немало невработеност во денешнава форма,туку сите биле принудно на нива,но за тоа имале надомест зошто би умреле без него.Имале по десет деца,кој подоцна ги издржувале старите.Денес старите ги издржуваат младите.
И оној кој пребира,сигурно има приходи.Никој нормален без пари не пребира работа,никој не сака на социјално од 2000 денари да преживува.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Јас колку што имам учено историја,не се сеќавам некој систем да немал заштита на сиромашното население.Конкретно за турско за кое ти зборуваш,македонското население работело по нивите и за тоа добивало по некој златник,или во натура пченица,компир,масло,домати...Значи немало невработеност во денешнава форма,туку сите биле принудно на нива,но за тоа имале надомест зошто би умреле без него.Имале по десет деца,кој подоцна ги издржувале старите.Денес старите ги издржуваат младите.
И оној кој пребира,сигурно има приходи.Никој нормален без пари не пребира работа,никој не сака на социјално од 2000 денари да преживува.
Сите сме принудени повеќе или помалку да работиме за да заработиме. Ретко кој одвај чека сабајјле да стани и со насмевка да отрча на работа.
Македонија има доста земја која никој не ја обработува, земја која пред 100 или 200 300 години ранела 10 члена фамилија сигурно денес може да исхрани 4 члена. Али мил им е животот во градот и надеж дека државата ќе им ја плати струјата, ќе им купи некој кубик дрва, ќе им даде некој денар, пакет со храна... отколку со свој труд и пот да го спечалат лебот на село. Нека таткото социјалец му каже дома на жената и децата (тинејџери) дека ќе се селат в село и ќе живеат од земјоделие па ќе го ифрлат на улица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom