Владата скрои ребаланс на буџетот, се кратат 122 милиони евра

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Тоа е јасно, но како е кај нас. Државата во 2009 почна да издава месечни записи со каматна стапка над 7% (ако не се лажам да не барам точен податок). И банките ги повлекоа парите од стопанство и се свртија кон финансирање на државата. Потоа по реакција на НБРМ државата почна да се задолжува во странство и со еврообврзница од 10% . Банките се свртија кон стопанство во 2011. Сега каматите на записите е 4%, а во исто време банките имаат средства за стопанство. Еве хипотетички НБРМ ја спушта на 1%, банките немаат интерес да купат и се префрлаат во кредити. Фирмите земаат кредити, а побарувачката за нашите производи е намалена. Долговите се трупаат, а извозот е под влијание на ЕУ економија. Што ќе се случи?
ка-бум... или во превод колапс на банкарскиот систем...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Истото што ќе се случи во секое друго сценарио каде дефицит и инфлација преку 10 години не се голем проблем.Ќе пропаднеме економски.

Уствари прво ќе пропаднеме финансиски ( зошто денарот нема никаква вредност повеќе ) а после и економски.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ка-бум... или во превод колапс на банкарскиот систем...
Ни Свети НБРМ нема да го спаси системот. Едноставно таква е конструкцијата на двата система фискален и монетарен. Фискалниот е да троши и да создава, а монетарниот да регулира. Мора тие два да се поврзани.
Кај нас има голем рез во создава. Дефицитот и не ни голем иако јас се надевам дека еден ден од моето живеење ќе видам суфицит, но настрана фантазијата тоа и не е така лошо. Е сега она што мене ме плаши се мегаломанските проекции на буџети кои економски со нашите податоци не се оправдани. Тука е ударот врз стопанството кое неможе глава да крене овие години. А и самите знаат дека е популизам.
 
Да даноците и сите други казни преку регулации за да се полни буџетот го унишптуваат стопанството али инфлацијата го сотре народот.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да даноците и сите други казни преку регулации за да се полни буџетот го унишптуваат стопанството али инфлацијата го сотре народот.
Инфлацијата во изминативе 18 години е во граница на посакувано ниво. Најстрого контролирано. Инфлацијата не го сотре народот туку замрзнатите плати и животниот стандард. Се оди нагоре, ние во Македонија како да не фатило ледена доба не мрдаме 20 години со плати. Тоа е тој економски раст кој го немаме и мораме вештачки да го пумпаме со позајмици каде стигнат. Плус и прикриената инфлација овие две години, страшно убиствена за обиниот Македонец.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Тоа е јасно, но како е кај нас. Државата во 2009 почна да издава месечни записи со каматна стапка над 7% (ако не се лажам да не барам точен податок). И банките ги повлекоа парите од стопанство и се свртија кон финансирање на државата. Потоа по реакција на НБРМ државата почна да се задолжува во странство и со еврообврзница од 10% . Банките се свртија кон стопанство во 2011. Сега каматите на записите е 4%, а во исто време банките имаат средства за стопанство. Еве хипотетички НБРМ ја спушта на 1%, банките немаат интерес да купат и се префрлаат во кредити. Фирмите земаат кредити, а побарувачката за нашите производи е намалена. Долговите се трупаат, а извозот е под влијание на ЕУ економија. Што ќе се случи?
Вака тоа е доста точно дека во 2009 заради сериозен недостиг на финансиски средства во цел свет каматните стапки се покачија .но главна причина за таа стапка бесе нашиот кредитен рејтинг а и моментот што банките тогаш беа заинтересирани глава да спасат а не да кредитираат зошто добар дел од големите банки во цел свет беа пред банкрот. Но сега каматната стапка е околу 6.83 % преку кредит , а кај нас да се задолжат преку обврзници е 4%. Е сега доага еден интересен момент. Кај преку Македонската банка за подршка на развојот и Европската Инвестициска Банка даваат преку нашите банки издаваат кредити со 5.5% стапка но има интересни услови тие што ке земаат таков субвенциониран кредит треба или да вработата нови луге и за нови погони кој ке работат за извоз. Кога и да пустат транша некоја е 100 мил некогаш е 150 евра за краток рок целата транша се искористува од нашите компании дури има резервации што уште не дојдена новата транша ке биде искористена кај нас компаниите се многу гладни за ефтини кредити. А прку тие пари купуваат нови машини итн итн што ја зголемува конкурентноста на нивните производи а чим си покункурент толку и подобро ти се продаваат твоите производи итн итн. Така да не држи баш тезата дека ке колабираат заради инвестициите сигурно ке пропаднат само ако не се модернизираат кај нас тоа беше проблемот кај компаниите што не инвестираа ни нова опрема и технологии. Е сега ако се направи тоа што во претходното мислење го пишуваав тогаш гарантирам дека и под 5.50% ке падне каматната стапка кај сите кредити без да биде субвенционирана. А со ефтините развојни кредити од 5.50% очигледно владее голем интерес и многу компании остануват да чекаат на ред. И уште ова на крај подобро државата нека плати 6.83 “ од странство пари отколку 4% од дома и да има компании кој не инвестираат кој стануваат се помалку конкурентни и на крај неминовно пропаѓаат(како што беше случај до сега).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од двете зла помалото и јас сум за тоа :)
Овие кредити преку МБПР се убави, некаде ги фалев по темиве кога ги најавија. Е сега имаме еден проблем, банките не ни издаваат гаранции за извозни проекти, бараат огромни гаранции. Значи кога ќе заврти кругот повторно ќе затропаш кај Банката за гаранција. Значи земаш пари за извозни проекти- трошиш пари-добиваш проект-ти бараат гаранција со неколку нули-ти си се потрошил немаш пари за резерви на гаранцја- и пак одиш во домашна банка која те одбива оти немаш покритие 2:1. И така се завртел еден круг :)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
MБПП треба да се преструктуира по Хрватската Банка за обнова и развој каде што директно ќе кредитира и ке име голем гарантен фонд но кредитите ке се дааваат по критериуми не по книшка и сл. А инаку и компаниите кај се криви делумно затоа што не прават SPO нова емисија на акции со кој ќе извршат докапитализација Комерцијална лани беше вистински пример за тоа. А има и уштедна опција влдата да направи специјален гарантен фонд што ќе им гарантира на докажаните компании. Но пак останувам на ставот дека без намалување на каматните стапки џабе е се.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Тоа е јасно, но како е кај нас. Државата во 2009 почна да издава месечни записи со каматна стапка над 7% (ако не се лажам да не барам точен податок). И банките ги повлекоа парите од стопанство и се свртија кон финансирање на државата. Потоа по реакција на НБРМ државата почна да се задолжува во странство и со еврообврзница од 10% . Банките се свртија кон стопанство во 2011. Сега каматите на записите е 4%, а во исто време банките имаат средства за стопанство. Еве хипотетички НБРМ ја спушта на 1%, банките немаат интерес да купат и се префрлаат во кредити. Фирмите земаат кредити, а побарувачката за нашите производи е намалена. Долговите се трупаат, а извозот е под влијание на ЕУ економија. Што ќе се случи?
Леандра, големината на каматата е поврзана со периодот на записа. Едно е запис за 6 месеци ,друго е запис за 10 години. Се пак мора да споредуваш записи со еднаков рок.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра, големината на каматата е поврзана со периодот на записа. Едно е запис за 6 месеци ,друго е запис за 10 години. Се пак мора да споредуваш записи со еднаков рок.
Не ги споредував записите туку времињата.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ЗА ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВЛАДАТА ДАВА КАМАТА ОД 5,5%, ЗА СТРАНСКИТЕ 6,8%!?

Домашните финансиски институции се револтирани што Министерството за финансии на инвеститорите на домашниот пазар им плаќа камата од 5,5%, а на странските финансиери 6,83%. Според нив, на овој начин тие ја покриваат повисоката камата што ја договори министерот за финансии, Зоран Ставрески, со Дојче банк за последниот комерцијален кредит од 250 милиони евра.
Според информациите објавени на интернет-страницата на Министерството за финансии, каматата на петгодишните државни обврзници изнесува 5,5% и 5,7%, а на петгодишниот кредит е 6,83%. За петгодишните државни обврзници досега се организирани три аукции, во септември и во декември лани и во март годинава, на кои државата собра заеми од вкупно 30 милиони евра.
Инвеститори во домашните петгодишни обврзници се приватните пензиски друштва и осигурителните компании. Овие инвеститори коментираат дека за камата од 6,8% тие би вложиле уште повеќе пари на домашниот финансиски пазар, наместо на странскиот. Банките не се расположени за инвестиции во долгорочни хартии од вредност затоа што имаат краткорочна депозитна база.
Кредитот од 250 милиони евра ќе оди за поддршка на буџетот и за исплата на еврообврзницата во јануари 2013 година. Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ, смета дека најновото задолжување е скандалозно.
„Според официјалните податоци на Народната банка, на крајот од минатата година Владата имала достасани, но неплатени обврски кон странство од 11 милиони евра. Значи, Владата не може да ги плати ни сегашните долгови. Владата намерно се задолжува така што долговите ќе треба да се вратат по истекувањето на нејзиниот мандат“, тврди Јовановски.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЈА ОСТАВИ ЕКОНОМИЈАТА НА ЦЕДИЛО

Спасијка Јованова

Со ребалансот на Буџетот, Министерството за финансии ги скрати парите за капитални инвестиции, што значи дека над 2,5 милијарди евра годинава ќе се потрошат само за јавната администрација (плати, тековни трошоци и нови вработувања), владини маркетиншки проекти (продолжуваат со несмален интензитет) и веројатно, нешто за „Скопје 2014“
Наместо структурно прилагодување на Буџетот за 2012 година во функција на поддршка на економијата, која се соочува со длабока криза поради рецесијата во ЕУ, ребалансот на државната каса понуди сосема спротивно решение. Ова е сосема спротивно од сите препораки на меѓународните економски експерти и од првичното ветување на министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека Буџетот годинава, како никогаш досега, ќе биде развоен.
Сега во државната каса има пари (над 2,5 милијарди евра) само за јавната администрација (плати, тековни трошоци и нови вработувања), владини маркетиншки проекти (продолжуваат со несмален интензитет) и веројатно, нешто за „Скопје 2014“. За клучните капитални проекти (гасификација, автопатишта, железница, енергетика) нема пари, со исклучок на тие што веќе се позајмени од меѓународните финансиски институции, кои се многу малку.
Зошто Министерството за финансии направи ваков буџет? Затоа што потфрлија буџетските приходи во првите три месеци од годинава. „Капитал“ во своите анализи веќе најави дека полнењето на буџетската каса годинава ќе биде голем проблем поради неликвидноста во која се дават компаниите и поради нивната намалена деловна активност, но никој од министрите во Владата не сакаше да го прифати тоа како реалност и да обезбеди поддршка и поволна клима за стопанството. Напротив, со некои владини мерки компаниите дури се и оштетени (забрана за трговија со отпад од метали, задоцнето плаќање од државата...). Сега се соочија со реалноста, која вели дека не можат да очекуваат повеќе од стопанството, па мора да се оди со позајмување од дома и од странство. Прашање е колку ваквата фискална политика е одржлива ако не се воведе контрола и ред во буџетските расходи, кои одат исклучиво за непродуктивни цели.
МИНИСТРИТЕ СО „ПОЛА УСТА“ ЗБОРУВААТ ЗА РЕБАЛАНСОТ

На што с$ ќе се крати од Буџетот за 2012 година ќе дознаеме деновиве, кога ребалансот треба да стигне во Собранието. Но, дел од министрите веќе излегоа во јавноста со информации дека имаат на располагање помалку пари. Сите признаа дека мора да ги тргнат капиталните проекти.
Со ребалансот се скратени 3,2 милиони евра за капитални инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони. „Ако претходно имавме предвиден Буџет од околу 8,1 милион евра, по направената проекција со директорот на ТИРЗ, увидовме дека по ребалансот можеме да ги завршиме планираните проекти согласно програмата. Ќе се кратат и околу 146.000 од други ставки кои немаат некое особено влијание врз активностите на Министерството“, вели министерот за економија, Ваљон Сараќини.
Министерството за транспорт останува без пари за гасификација, изградба на управна зграда, исплата на автобусите за ЈСП, изградба на мостови во општините. Буџетот на ова министерство е намален за 7,6 милиони евра и сега изнесува 42,7 милиони евра...

-----------------------------------------------------------
КОИ СЕ ЖРТВИТЕ НА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, ВРЕДЕН 120 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерство за транспорт-7,6 милиони евра од вкупен буџет
Гасификација
Железница
Патишта
Министерство за економија-3,3 милиони евра од вкупен буџет
-3,2 милиони евра од капитални инвестиции во ТИРЗ
Министерство за здравство -8,1 милион евра
Фонд за здравство-8,8 милиони евра од вкупен буџет
Поголема доплата за лекови
Задоцнето плаќање на фактурите
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Оставете тие поимите монетарна фискална знам дека економски факултет имате ама секој денеска можи да го заврши :icon_lol:.

Него кога ќе почнат банкиве да ги отпишуваат долговите од владава затоа што нема да можи да ги исплати тоа обврзниците. Тоа ме интересираше :icon_lol:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom