Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Владата скрои ребаланс на буџетот, се кратат 122 милиони евра
04.04.2012 - 13:52 |
Ребаланс на буџетот за 10 дена, одлучи Владата на вчерашната седница. Ќе се скратат 5% од државните трошења, или речиси 122 милиони евра.

Затоа ќе се крати од сите ставки, освен од плати, пензии, социјални трансфери и субвенции за земјоделците.
Најмногу ќе се скуси од капиталните проекти, речиси 28%.
- Со ребалансот ќе се подобри ликвидноста на Буџетот. Со него ќе се сообрази она што е реализација во првите три месеци со очекувања дека до крајот на годината ќе има стабилизирање на економската активност и буџетските приходи соодветно, но она што се случуваше во првите месеци од годината под влијание на европката економска криза ќе остави одраз врз вкупните буџетски приходи за целата година, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.
Тој додаде дека се очекува индустријата, градежништвото, земјоделството, сообраќајот, хотелиерството и туризмот да придонесат за постабилно одвивање на економската активност, а со тоа и реализација на планираните приходи.
До крајот на следната недела ќе се корегира и стапката на економски раст. Дефицитот останува на проектираните 2,5%. Владата не се одлучи да го зголеми ДДВ , како што тоа го направија 25 земји во Европа, бидејќи таквата мерка би била погубна и за стопанството, и за стандардот на граѓаните. Буџет за годинава беше проектиран на 2,7 милијарди евра.
Како и обично секогаш има пари за популистички бенефици а се крати на капитални инвестиции. Ништо ново секоја година иста песна.Очигледно толку мислат за иднината.