Владата подготвува контра удар кон Србија

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Mакедонската трговско економска канцеларија во Приштина отворена во март, најверојатно ќе прерасне во канцеларија за врски, своевидно дипломатско и економско претставништво, какви што на Косово имаат 26 земји.

Тоа како да ги навести намерите на Владата да ја прекине долгогодишната зависност од Белград и во своите приоритети на балканот, Приштина да ја стави на исто ниво со Белград и по цена тоа да предизвика револт во Србија.
Според информациите на А1, првичниот план на Владата во Приштина да отвори канцеларија за врски, бил променет само поради противењето на Белград, каде овој чекор се третира како признавање на независно Косово.

Во обид да дојде до поволна позиција, во пресрет на финалните разговори за статусот на Косово, кабинетот на Бучковски настојува да креира позитивна политика кон Косово, независно од конзервативните ставови на Претседателот кој заговараше тврди односи со покраината.
Дополнителна причина за промена на односите кон Косово е притисокот на националистичките кругови во Белград и нивната намера преку случајот Вранишковски да ги радикализираат односите со Македонија.

Наспроти мислењето на експертите и Владата, дека заради Вранишковски односите Скопје-Белград се на најниско можно ниво од 91-та, денеска претседателот Црвенковски во обид да ја амортизира влошената комуникација меѓу Србија и Македонија.

„Не би рекол дека има некое заладување или влошување во односите помеѓу Македонија и Србија, меѓутоа во секој случај, ова е амбиент кој што го имаме во последниот период и не би требало подолго да опстојува, бидејќи има свое влијание - влијание кај граѓаните и кај оние што се носители на државни функции“, изјави Бранко Црвенковски, претседател на РМ.

„Мислам дека треба од двете страни да се направат сите напори - не само да не дојде до влошување, туку и да ги унапредиме во наредниот период“, додаде Црвенковски.

Oд МНР тврдат дека согласно владината одлука донесена во мај, македонската канцеларијата во Приштина сеуште има исклучиво економска ингеренции.
Сепак симптоматично е што нов координатор на мисијата во Приштина од први септември наместо од Минстерството за економија, ќе биде професионален дипломат од МНР, кој предходно работел и како конзул во македонката амбасада во Брисел.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Инаку, дипломатот од Брисел се вика Стојан Карајанов, гостиварчанец по потекло и зборува течно албански.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
империјата го возвраќа ударот

ама ние немаме ни салам република, каква црна империја :viol:

од вештината и агилноста на нашите дипломати и рест политичари, не знам дали смеење или плачење ме фаќа :? ...

од знамето, името, грбот, милијардите на циле, милионите од тат до вранишковски

леле мори мајко...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Шознам колку коментаров има врска со темата.

Него според вас, добар или лош потег?
 

Konstantin

Филозоф
Член од
6 мај 2005
Мислења
244
Поени од реакции
0
Los i glup. So koj takvo ima vrska Kosovo i negovoto priznavanje ili ravivanje dobri odnosi so niv i Srpskoto mesanje vo nasite vnatresni raboti. Inaku tri saati po vesta za naseto novo konzulatcce vo Pristina, srpskata vlada imenuvase Vladin poverenik....da ubavo citate vladin poverenik na ministerstvoto za Emigracija na Srbija vo Makedonija. Izvesen mak. biznismen so srpsko poteklo koj cel den pret toa se kriel od novinarite. Spored vesta tipot bil mazen za nekoja nasa i tolku.
Ako prasate kaj Dzango vo dosieata sigurno ke vi kazat deka e nekoj od onie kinkovite na poranesnite vladi za vreme embargoto kon Srbija, svercer na oruzje i slicni gluposti.
Ete kako Imperii vozvrakaat udari a ne kako nasive nemozat na Srbija otidoa na Kosovo.
Bitangi, neka im ja zatvorat granicata na Tabanovce, neka im ja sutnat ona smrdlana Bisrka od Skopje na neodredeno, neka pocnat kampanja po svetov malku kontra sever, neka im gi zabranat proslavite na srpskite grobista u Makedonija, a ne da se ceshaat so Kosovo.
Ama toa ti e koga nemas muda ili imas ama ti se so srpski boji farbani kako na Crvenkovski ke go baras Kosovo za plasenje Srbi.
Samo so nim jajaca ne im se tresat od toa...oni odamna si go izgubija toj del.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom