Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Оваа одлука е донесена врз основа на отсуство на одговор од заедницата Србија и Црна Гора на официјалното барање упатено од Министерството за надворешни работи. Република Македонија оваа година нема да положи цвеќе на местото каде што пред 61 година се одржа АСНОМ. Меѓутоа, веруваме, тоа ќе биде можно кога кај нашиот северен сосед навистина ќе преовладее европскиот дух - изјави портпаролот Чолаковски.
Според информации од Владата, која во манастирот најави присуство на чествувањето на Илинден на делегација на пониско ниво, властите од Белград 5 -6 дена не пуштиле никаков абер на упатеното барање од македонска страна. Оттаму и одлуката на Владата годинава да го изигнорира "Прохор Пчињски", со што, додаваат наши соговорници,"ќе им се вратело на соседите за нивното неодговорно однесување". Но, тоа не значело дека Македонија се откажува сосема од манастирот.
Одлуката на Владата ја објасни и министерката за надворешни работи Илинка Митрева, која вели дека Македонија "не може да биде заложник на политиката на одредени кругови во заедницата СиЦГ која има импликации и врз политиката на државните органи на СиЦГ". Додаде и дека Македонија останува на определбата за градење добрососедски односи, но и на определбата за почитување на меѓународните договори склучени со северниот сосед, особено оној за протегање на граничната линија, во кој е законски дефинирана обврската на двете држави - на нивни делегации да им се овозможи посета на историски споменици.