Влага во домот / Одвлажнувачи и јонизатори на воздух

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
Влага во просториите во кои престојуваме е појава која со себе носи непријатности, како што се ѕидната мувла, непријатниот мирис, црн паркет.

Влагата во просториите се манифестира преку кондензација на влажен воздух на постудените стакла и ѕидови, што доведува до нивно замаглување и оросување, па и капење на вода на подот.

Причини за појава на влага

Топлиот воздух во нормални услови содржи поголемо количество вода отколку студениот воздух. Доколку дојде топлиот воздух до студен предмет (ѕид, прозорец) тој се оладува и не може повеќе да го држи првобитното количество вода, па настанува оросување на студените површините.

При готвење, сушење на алишта, туширање, доколку има слаба вентилација во просторијата, на студени ѕидови и прозорци (најчесто кај оние на северна страна и во зима) се манифестира влага. Влагата може да се појави доколку има и непречено движење на воздухот од кујната или дневната соба во други незагреани простории (спални и сл.), кои се погодно тло за нејзина појава.

При вселување во нов или адаптиран простор, може да има останата влага поради недоволна исушеност на истиот. Влагата може да се појави и при присуство на поголем број луѓе во просторијата, притоа знаејќи го фактот дека 4 лица може да “произведат” дневно и до 10 литри вода во воздухот.

Слаба хидроизолација на ѕидовите, исто така, е честа причина за продирање на влагата од надвор.

Справување со влагата

За да се спречи појавата на влага, што е можно повеќе треба да се избегнува готвење и сушење на алишта во простории кои се склони на појава на влага. Доколку тоа не е можно, овие простории треба да бидат добро загреани и проветрувани. Ова особено важи за бањите, каде влажниот воздух од туширањето е секојдневие.

Имено, доброто загревање на просториите спречува да се создадат услови за кондензација на студени ѕидови и други површини.

Проветрувањето во ерата на модерните топлински изолации е особено важно. ПВЦ прозорците и вратите од ден на ден стануваат сè понепропусни, па доколку имаме услови за појава на влага, потребно е почесто да се проветрува домот, со цел размена на влажниот воздух одвнатре и посувиот однадвор.

За спречување на појава на влага се употребат и т.н. одвлажнувачи. Овие уреди го вовлекуваат воздухот, ја одземаат влагата од воздухот преку кондензација, а потоа го испуштаат воздухот сув во просторијата.

Извор: www.sezadomot.com.mk
______________________________________
Тема која недостасува на Кајгана, иако веројатно не е ништо ново за кое би можело да се дискутира: влагата и мувлата одсекогаш ги имало и веројатно секогаш ќе ги има. Како се справувате вие со нив? Дали веќе создадената мувла постои начин целосно да исчезне?

Дали сте имале можност да користите одвлажнувачи на воздух, и колку истите се корисни, ефективни и вредат за парите?

Од друга страна - што е со јонизаторите на воздух? Дали сметате дека „вештачкото прочистување“ на воздухот во домот е добро или има некои штетни последици (било по здравјето на луѓето или по самото живеалиште)?
 
Последно уредено:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
злате, одлично што ти текнало за ова(y)(y), иако се' е веќе детално и опишано и дискутирано на темата за најекономично загревање.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.901
Поени од реакции
10.525
за она средството од Вурт и ред др против мувла е дискутирано више и е ефикасно е сеа имало некој апарт што ја извлекувал влагата од ѕидовите, го има у Хубо и наводно бил ефикасен
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
за она средството од Вурт и ред др против мувла е дискутирано више и е ефикасно е сеа имало некој апарт што ја извлекувал влагата од ѕидовите, го има у Хубо и наводно бил ефикасен
За какво средство се работи? Јас не сум слушнал за такво нешто. А одвлажнувачите ги има во неколку фирми кај нас, не само во Хубо, само не познавам некој кој имал искуство со нив за да каже колку навистина вредат и колку се ефикасни, зошто цените на истите и не се баш така ниски.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.268
Темава само што ја отвори се отвори небото во Скопјево..да се фатите ти и Сара Мејс по рака и ние аир да видиме малце..
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.901
Поени од реакции
10.525
За какво средство се работи? Јас не сум слушнал за такво нешто. А одвлажнувачите ги има во неколку фирми кај нас, не само во Хубо, само не познавам некој кој имал искуство со нив за да каже колку навистина вредат и колку се ефикасни, зошто цените на истите и не се баш така ниски.
еве ова ке ти помогне доколку имаш проблем, мислам околу 500ден беше
пс. од кануф било бем го нез кај ми дојде на памет вурт :D
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
А да ја испрскате мувлата со варакина (снежник, NaClО)? Одма се уништува мувлата. Само мирисот е малку непријатен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
еве ова ке ти помогне доколку имаш проблем, мислам околу 500ден беше
пс. од кануф било бем го нез кај ми дојде на памет вурт :D
А да ја испрскате мувлата со варакина (снежник, NaClО)? Одма се уништува мувлата. Само мирисот е малку непријатен.
Немам проблем со мувла, барем за сега. Мувлата ја спомнав зошто поврзана е со темата - „Влага во домот“.
 
M

macgowan

Гостин
еве ова ке ти помогне доколку имаш проблем, мислам околу 500ден беше
пс. од кануф било бем го нез кај ми дојде на памет вурт :D
Мене споменатото средство на Кнауф кое го купив од Хубо ми заврши работа со влагата по ѕидовите. Единствено што на одредени места ја тргна и бојата па премачкував, ама од влагата се куртулив!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.901
Поени од реакции
10.525
Мене споменатото средство на Кнауф кое го купив од Хубо ми заврши работа со влагата по ѕидовите. Единствено што на одредени места ја тргна и бојата па премачкував, ама од влагата се куртулив!
можеби си претерал :D како и да е најбитно си се куртулил од влагата
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Мислам дека сте грешка у муабетов „со средството за мувла се куртулив од влагата„.... ;)

Мувлата може времено да ја одстраните, ама се додека има влага ќе се јавува и мувла. Муабетот е како влагата да се одстрани... и дури ни тоа не треба буквално да се разбере. Одредено ниво на влажност во воздухот е неопходно за човечкото здравје.

Проблем е изолацијата и вентилацијата.
Вентилација мора да има, пошто како што се напиша и во уводниот пост, денешните материјали и техники за градење се повеќе и повеќе се по-паронепропусни и генерално се повеќе и повеќе добро дихтуваат. Куќите и столаријата порано, иако енергетски биле многу понеефикасни, многу подобро „дишеле„.
Термалната изолација е вториот важен аспект. Кога има места на објекотот кои функционираат како топлотни мостови, дури и со нормална влажност во воздухот на тие места се кондензира влага. Што понатаму доведува до појавување на мувла.

Значи треба:
- добра изолација, без топлотни мостови.
- активна вентилација
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ванлок, и константна, континуирана температура во просториите. константна од 19-24
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Sepak nikoj ne spomena iskustvo so koristenje na odvlaznuvacite. Dali se efikasni I tako dalje
 

Kajgana Shop

На врв Bottom