Ви се случила некоја натприродна работа?

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Натприродна појава, ха...
Паранормални ствари, дефинитвно...
Имав...привидение пред нешто да се деси(небитно и секојдневно)...и се оствари
Сениште пред да почине роднина, дежа ву барем 30 пати...
Ама паранормалните ствари се дел од приордата, треба само да се истражат по пропис..
Натприродно.... тоа би било искусување на марфиев закон..репетитвно...
 
kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
DEZAVU OD MAL OBAVEZNO EDNAS NEDELNO IMAM ,I KAKO NEKOJ DA ME PRITISKA TONAM VO DUPKA DUR SPIJAM A SVESEN NEMAM SILA DA SE POMRDNAM SAMO PALCITE GI MRDAM PODOCNA mi rekoa deka toa e nekoja paraliza
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
DEZAVU OD MAL OBAVEZNO EDNAS NEDELNO IMAM ,I KAKO NEKOJ DA ME PRITISKA TONAM VO DUPKA DUR SPIJAM A SVESEN NEMAM SILA DA SE POMRDNAM SAMO PALCITE GI MRDAM PODOCNA mi rekoa deka toa e nekoja paraliza
Парализа додека спиеш. Ништо натприродно тука. Се има дешавано, дури и на мене...
 
kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
pa znam i dezavuto e vo faza na resavanje a nekoj ke kaze me gazea senki ,babini devetini
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.501
Поени од реакции
80.599
Ќе треба да ја прелистам темава одпочеток... не се веќе интересни последниве страни, а и не верувам дека некој сака да пише нешто ради тролањето кое му следува :toe: . Оваа тема, заедно со онаа другата за духови нонстоп ги листав пред 12-13 години, уште кога не бев член на форумов. Имаше интересни случки, мислења итроа понормални дискусии отколку сега каде троловите владеат овде. Тапа дечки (n)
 
Член од
18 септември 2013
Мислења
16
Поени од реакции
33
Пролистав третина од темава (60тина страни) и има стварно интересни случки, некои за кои веќе има научно објаснување, некои паранормални работи... е сега вака, мистериите и урбаните легенди од секогаш ми биле интересни за читање... од една страна, не можам да кажам дека не постојат, но од друга страна зашто ми се нема десено ништо (не ни сакам да ми се деси :) ) не верувам... зимава, беше некаде средина на јануари, со другарка бевме кај другар дома, седевме лабаво, па некаде околу 23 часот ајде ќе бегаме... влеговме со другарката во кола и ај реков да се повозиме, ќе идеме по подолгиот пат (живее надвор од градот)... другаркава, нема возачка, рече дај ми јас да возам... пред излезот на градот не поминува брза помош со сирена и ротациони светла... па другаркава, пошто веќе има уплатено за полагање градска се подзамисли дали да вози од страв да не има полиција... јас и викам не се сеќирај најверојатно е некоја сообраќајка, па и да има полиција само ќе регулира собраќај нема да застанува... на првата ширинка, седнува да вози.. е сега атмосферата надвор беше како во хорор филм (црна темница, не многу густа магла, мислам дека и врнеше некој ситен дожд)... и правиме некој неврзан муабет во кола, веќе се приближуваме до нејзината населба и вика добро е што не налетавме на полиција.. јас и викам полиција не сретнавме, ама како е надвор може жена во бело да сретнеме.... и девојчето пребледе, гласот почна да и трепери, да и се тресат рацете... се знаеме 7-8 месеци и никогаш до сега не сме разговарале на вакви теми, па да речам дека беше “спремна“ за во ваква ситуација за да ме уплаши... нејзе пред неколку години, вечерно време горе долу слична атмосфера како тогаш, кај едно село пред Прилеп и се имало појавено жена... искрено и поверував... по неколку дена ми ја раскажа детално случката со жената и уште неколку натприродни случки што ги доживеала... јас и кажав дека додека не видам, не верувам, ама и од друга страна и дека не сакам да видам нешто такво... ми кажа дека требало да имам некоја посебна “дарба“ за да можам да гледам такви работи, најчесто тоа било наследно и јас да не се плашам, нема да видам никогаш нешто такво зашто имам страво-почит према нив...
 
Член од
5 август 2019
Мислења
1
Поени од реакции
1
Што ти прави карантинот... во 5 дена ја прочитав ЦЕЛА тема и во глобала на повеќето што им се десило нешто “надприродно“ е парализата во сон.... но, тоа е нешто веќе научно докажано и конкретно мене ми се има случено многу пати... најчесто кога наредниот ден ме чека некој важна работа (испит на факултет, потоа некој важен состанок на работа или некое службено патување со многу рано будење), сум под голем стрес и спијам под штрек и тогаш најчесто имам парализа во сон... првиот пат ми беше многу страв, ама со тек на време се навикнав и кога ќе ми се деси (а ми се дешава доста често)...

Првиот пат ми се деси како студент... цел семестар имав предавања попладне и пред 10 не бев станат никогаш... моите од 7 почнуваат да се спремаат за на работа, а и брат ми кога беше 1ва смена на школо излегуваше и тој со нив... имам доста лесен сон и буквално секое сабајле се будев и јас, па презаспивав откако ќе излзат, уште 2 саати сон... и едно утро, ми се деси парализа во сон... ги слушнав и се разбудив прво додека моите и брат ми се спремаа, цело време бев свесен, ги слушав што зборат и кога ја заклучија влезната врата и конечно реков ќе до спијам... и едно време буквално исто како во сите наведени случки, лежев на стомак и осетив некоја тежина над мене, не можам воопшто да помрдам ниту еден дел од телото, пробувам да викам, но не можам глас да испуштам... а тоа што најмногу ме уплаши е дека слушам чекори и некои гласови, а свесен сум дека немам никој дома, зашто слушнав кога вратата се заклучи... не траеше долго, веднаш се разбудив и бев многу уплашен, прогуглав на интеренет и прочитав доста и научно докажаната теорија и таа дека ме давеле демони, со оглед на чекорите кои ги слушнав, почнав да верувам во второто... и вечерта кога се вратив до факс, им јас расакажувам случката на моите и ја открив “мистеријата“ на чекорите и гласовите... татко ми си го заборавил телефонот дома, му требаат 15тина минути да го однесе брат ми до школо и да се врати дома да го земе од спална телефонот, а мојата соба е пред спалната и се слуша крцкањето на паркетот, а потоа имал пропуштен повик и веднаш се јавил од каде беа и гласовите... Потоа ми се деси уште многу пати и веќе не обрнувам внимание, оставам самата да помине, па или веднаш презаспивам или се будам....

И уште една интересна случка, поврзана или со астрална проекција или полу сон... исто на факс, предавања после 2, а утрото горе-долу иста дешавка како претходно... заминуваат сите по своите обврски, јас имам уште некој час да поспијам... едно време станувам од кревет и одам према прозорот да отворам на кип и да ја дигнам ролетната, арно ама станувам и не сум свесен дали е сон или јаве... тука “губам свест“ по некое време се наоѓам легнат на кревет и сеуште се прашувам за претходната случка, но не обрнав многу внимание, тргнав према кујна да пијам вода (прва работа кога се будам 2 чаши вода), стигам до фрижидерот, пијам вода, седнувам во дневна, уклучувам ТВ (тогаш Александар Блажевски почна на Сител да води дневен ред и ми беа интересни дебатите на пензионерите, а посебно Александар како се нервираше со нив, па гледав ако се разбудев порано) и седам така на гарнитура, ама цело време го имам истото чувство како претходно, дали е сон или јаве? дали сум разбуден? По некоја секудна откако помислив на ова “губам свест“ и наредно се најдов во мојот кревет, со отворен прозор на кип, дигната ролетна, не сум воопшто жеден, одам во дневна, на ТВ дневен ред, телефонот со батерија 100% ми е на маса (а секогаш го имам со мене и навечер го полнам на наткасната до кревет)... само пак ќе кажам, не ми е јасно дали се работи за астрална проекција или како кога ќе се разбудиме во полу сон и правиме некои работи, па утрото или не се сеќаваме на нив или како низ магла... па можеби и јас сум станал еднаш да отворам прозор и ролетна, па втор пат да се напијам вода, да пуштам ТВ и да поседам во дневна...
 
Последно уредено:
Член од
9 август 2015
Мислења
71
Поени од реакции
56
Ова моево незнам во која категорија да го сместам ама слично нешто ми се нема случено.

Убаво памтам дека беше недела и сонувам еден чуден сон , луциден можам да го наречам. Во сонот стојам до прозор и ја прашувам мајками зошто мораше да умре ? (татко ми) Не добивам одговор , во еден момент во сонот се префрлам и во раката татко ми дава пепељара со 4 бубамари , која ми паѓа од рацете 3 бубамари се цели , едната е отцепена и ја нема. За сонов на никого не кажав си реков само сон е нема значење. Година дена после истиов сон сабота се будам и го гледам татко ми се вртка низ соби , му викам кај ќе одиш ? Ми вика во викендичка сакаш да дојдеш со мене ? Му викам не ми се спие , и си продолжив. Имало нешто што ме спречило да отидам, незнам ни сама. Истиот ден ме прати некакво одвратно чувство сонот ми се враќа во глава , излегов на воздух градот празен ко за сабота ручек време , топло пријатно време , ми врти мајками ми кажува дека татко ми имал сообраќајка не е ништо страшно.Не сакаше да ми каже точно што било , бевме во болница бидејќи беше на интензивна не не пуштаа. Последно го видов два дена пред да почине тој ден ми беше како бунило уште ми е матно во главата како да не се ни случило , во собата кај што лежеше ми беше ист како во сонот , како да спие. 2 дена подоцна татко ми почина . 7 години подоцна на истиот датум сонувам сон , татко ми како што си беше отсекогаш седнат во дневната , јас во сонот се враќам од некаде си правиме муабет како ништо да не било , исто луциден сон , толку реален како ништо да не се сменило во меѓувреме. Исто како што и дотогаш сме седеле пред тие 7 години.

Долго време го немав сонувано се до пред некоја година , го сонувам со чичко ми во нивната куќа во соба само со бели ѕидови , како се поздравуваат со мене и одат некаде . Утредента и јавуваат на мајками дека чичкоми починал наеднаш од инфаркт , седнал во дворот од куќата да ги надгледува мајсторите што кречеле му се слошило од топлото и починал.

Мајками често знае да каже си ги земал луѓето што ги сакал до него . До ден денешен ми е језиво кога ќе помислам на истото. Ама ете така требало да се случи и се случило.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Језива ствар ми се деси пред неколку дена, имам веќе пишано дека ми се дешаваат слипинг парализис, али ова беше ептен надреално :D Муфљузов мал (син ми кој има годинка и 3 месеца) стана негде накај 2 по полноќ и нормално ја станав да го глеам пошто не спие и сеа шета низ станов.. И све е тоа ок али на мене ми се спие ми се плаче, и сеа идеме у дневна, он си игра со магнетите за на фрижидер ко по обичај а ја тука на 2-3 метра од него на троседот седнат и со лактот потпрен на нога а главата потпрена на раката, и де ми се затвараат очите де ќе се освестам, ко едно време ме фати кризава со парализава, не можев да мрднам ама буквално све го гледав малиов што прави, абе се нервирам си викам дај пушти ме беља да не направи детево, можда добри 30-40 секунди парализиран бев ама го глеав детево, оно сирото си играше со магнетите... Многу ми беше језив доживљај..
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Ова се деси прилично скорешно на мене...
не би го нарекол супер натпридно или паранормално...
ама дефинивно..."ominous"...
Идам пред неколку дена ѓубре да фрлам... во контејнерот што да видам..
"Korona" штрчи, во сета слава, дирекно на мене на картон...
Нормално, не ме брига два посто што ѓубре има...ама ова не се нормални времиња да биде целосно од тепка да се деси баш такво ѓубре, како некаква лоша скриена камера.../
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734

Сигурно комшиката ти фрлила клетва. Вакви лоши предзнаци постојат уште од античкото доба на митолошките приказни за создавањето на светот. Јас би рекол дека е супернатприродно и паранормално. Па која е шансата да фрлиш флаша „Korona“, во време на пандемија со истоимен вирус и баш некој да ја види во сета слава? Ниту законот на големи броеви не може да објасни ваква статистичка аномалија. Да беа нормални времиња, ваков настан ќе беше нормално да се случи. Но бидејќи времињата се поинакви, шансите се екстремно мали да начекаш шише „Korona“, а да не станува збор за лош предзнак.
Чувај се и пробај некоја влашка магија. Земи го шишето, ама носи ракавици (се надевам дека не го исчистиле од Комуналец), и стави ѝ го на дотичната комшика што ти фрлила клетва пред врата. Така ќе ѝ ја вратиш магијата пута 7 пати.
Ако не станува збор за магија, туку за супернатприроден предзнак, помоли се или направи некава магиска церемонија (Има Алистер Краули некои формули, а и 5-тата Веда нуди решенија)!

Со среќа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665

А можеби се работи за имитативен магиски ритуал во кој претпоставената комшика се ослободила од короната на тој начин што во хомеопатски стил ја фрлила во ѓубре. Можеби никогаш нема да дознаеме.

Влашката магија е супер. Прво е многу економична, не бара којзнае какви ресурси. Затоа е и наречена влашка магија. Второ нема неуспешен, сиромашен Влав, а ако има, тоа е затоа што не ја применува влашката магија.

За тоа дали има или нема предзнак и колку е тој добар или лош, најлесно може да се дознае преку проучување на утробата на детето на комшиката. Ако комшиката нема дете, или тоа по некоја случајност не е достапно, тогаш втора опција е нејзиното куче. Постапката е крајно едноставна. Просто се отвара со остар предмет стомакот и градниот кош и се анализира неговата содржина и распоред, т.е. дали сите органи се на број, дали се во правилна позиција, дали се здрави и слично. Ако е се' во ред, тогаш е О.К. и нема причина за грижа (освен ако не се заинтересираат органите на законот, но сепак ќе падне голем камен од срце, кога ќе се дознае дека комшиката не правела магии и други сатанско-демонски ритуали).
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Еве нешто што го сметам натприродно:
Пред околу 10 години си купив парче горски кристал (оние сосема проѕирните). Син ми (тогаш 6 години), постојано ми го фаќаше кристалот, а според кристалогијата (ако има такво нешто) не смее никој да го допира твојот кристал, па отидовме во продавницата за кристали и му го купив парчето горски кристал што сам си го одбра. Детето во наредните денови си играше со кристалот, го носеше со себе, го разместуваше.

По неколку дена, го изгуби. Пребаравме сè по дома - го нема. Го немаше неколку дена.

Едно попладне одиме пред Соборна црква, често одевме во тој период, јас си седев на клупите и читав книга, тој си игра наоколу, трчка, вози точаче. Тоа попладне немаше луѓе по клупите, само едно семејство Индијци (мајка, татко и мало дете, колку син ми отприлика). Децава како деца, почнаа да си играат нешто, си трчкаа околу фонтаната, па син ми ќе дојде на секое некое, ми вика - детево ми зборува англиски! Ако, велам, и ти зборувај му англиски, знаеш.

По некое време доаѓа син ми и вика: Детето сака да ми даде нешто. Викам - викни го овде да видам што ти дава. Дојде Индијчето и му вели на син ми на англиски: Ова е твое, земи го! И го подава во раката парчето горски кристал што син ми го имаше изгубено! Истиот, истата неправилна форма! Јас не можев да се изначудам на зборовите на малото дете.

ОК, не е натприродно син ми што го изгубил парчето кристал некаде околу клупите или фонтаната, не е чудно што другото дете го нашло, натприродно е што му го подаде токму со тие зборови: Ова е твое, земи го!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.168

Можно е син ти да го има пикнато кристалот во некој џеб, па да му паднал и Индијчето видело и му го дало? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom